Премиерот Спасовски, вицепремиерката Царовска и директорот Младеновски во посета на ТИРЗ Скопје 2: Интензивно работиме на инфраструктурно уредување на зоните, обезбедуваме услови за нови странски инвестиции

27 мај 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со  заменичката на претседателот на Владата, задолжена за економски прашања и за координација со економските ресори, Мила Царовска и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Александар Младеновски присуствуваше на увид во градежните работи во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 (Бунарџик).

English

Спасовски: Ја укинавме забраната за движење и другите рестриктивни мерки затоа што имаме контрола врз состојбата, заради стабилизирање на активните случаи, како и од увереноста дека здравствениот систем е подготвен да одговори на очекуваните тенденции

26 мај 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заедно со заменик претседателот задолжен за европски прашања и за координација на хуманитарната помош за справување со КОВИД-19, д-р Бујар Османи, министерот за здравство д-р Венко Филипче, и претседателот на Комисијата за заразни болести при Институтот за јавно здравје, д-р Жарко Караџовски, денеска одржаа прес-конференција на која ги соопштија и образложија одлуките за укинување на дел од рестриктивните мерки кои беа донесени за спречување на ширењето на коронавирусот и за справување во КОВИД-19.

English

Од 56-тата седница на Владата: Забрана за движење од 11:00 часот во недела на 24-ти мај до 05:00 часот наутро во вторник на 26-ти мај; Државниот карантин се заменува со домашна изолација со приложен негативен ПЦР тест

22 мај 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата со кое се определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11:00 часот до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот.

English

Забраната за движење во недела, на 24-ти мај, стапува во 11:00 часот и ќе трае до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот наутро, задолжителниот државен карантин за лица кои доаѓаат од странство се заменува со домашна изолација со приложен негативен ПЦР тест

22 мај 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата со кое се определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11:00 часот до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS