Вицепремиерот Битиќи во „Утрински брифинг“: Обезбедивме сигурно снабдување со струја за домаќинствата и малите потрошувачи, а имаме одобрено над 1 милијарда евра инвестиции во обновливи извори на енергија

11 Јануари 2022 година


Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес гостуваше во емисијата „Утрински брифинг“, која се емитува на електронскиот медиум „Слободна ТВ“, на која зборуваше за актуелни политичко-економски прашања, како и за активностите на Владата поврзани со справувањето со енергетската криза која ја зафати Република Северна Македонија и поголемиот дел од Европа.

Undefined

Владина делегација положи цвеќе на гробот на претседателот Глигоров по повод 10 годишнината од неговото упокојување

1 Јануари 2022 година


Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Калинка Габер, денеска положи цвеќе на гробот на претседателот Киро Глигоров.

Undefined

Од 131-та седница на Владата: Донесена е Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година; Обезбедени се дополнителни средства за справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија; ХЕЦ Чебрен влегува во втората фа

30 Декември 2021 година


Владата на Република Северна Македонија на денешната 131 седница ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година.
 
Со оваа програма се дефинираат потрошувачите кои спаѓаат во оваа категорија, мерките за заштита кои се преземаат, начините за реализација на мерките, мерките што ги преземаат операторите на системите за дистрибуција на енергија, мерките што ги преземаат снабдувачите со обврска за обезбедување на јавна услуга, односно универзална услуга во снабдувањето со енергија, и потребните средства и извори за финансирање.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи: Продолжуваме со силна поддршка на домашната економија, во 2021 година исплатени се 48,5 милиони евра државна помош на компаниите

29 Декември 2021 година

Вицепремиерот Битиќи: Продолжуваме со силна поддршка на домашната економија, во 2021 година исплатени се 48,5 милиони евра државна помош на компаниите

 


Почитувани граѓани, стопанственици, претставници на медиумите,

Во пресрет на новогодинешните празници и заокружување на календарската 2021 година, ќе ми дозволите на оваа прес конференција да направам една ретроспектива и да ги презентирам неколкуте поважни програми на Владата и другите органи на државната управа со кои, во оваа полна со предизвици година, успеавме да го поддржиме домашното стопанство и на тој начин да придонесеме кон побрзо закрепнување на економијата од последиците на ковид кризата, но и да овозможиме услови за понатамошен побрз и одржлив економски раст и развој.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS