Вицепремиерот Анѓушев на средба со словенечки компании – Владата дава силна поддршка за нови инвестиции и проширување на постоечки капацитети

11 април  2019

 

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и министерот задолжен за странски инвестиции Бардул Даути, присуствуваа на работен појадок со Словенечки компании кои работат во Република Северна Македонија, организиран од амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. г-дин Милан Јазбец.

English

Вицепремиерот Анѓушев на работни средби во Берлин – Германија е наш прв трговски партнер, работиме посветено да ја унапредиме меѓусебната економска соработка

10 април 2019

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, покрај присуството на активностите од вториот ден од енергетскиот форум „Берлински дијалог за енергетска транзиција“, денес оствари оствари повеќе работни средби во Берлин.

English

Вицепремиерот Анѓушев на енергетски форум во Берлин – Знаеме како да ја спроведеме енергетската транзиција, важно е да не биде на товар на граѓаните

10 април 2019

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, во рамките на форумот „Берлински дијалог за енергетска транзиција“, вчера, во попладневните часови зборуваше на панелот „Возможна мисија – Предизвици и решенија за енергетска транзиција“, кадешто ги посочи Владините стратегии во насока на се поголемо искористување на обновливите извори за производство на електрична енергија.

English

Вицепремиерот Анѓушев на Енергетски форум во Берлин – со новиот закон за енергетика широко се отворени вратите за зголемено производство на енергија од обновливи извори

10 април 2019

Утринава започна „Берлинскиот дијалог за енергетска транзиција“, еден од најважните меѓународни енергетски форуми, на кој учествуваат претставници на политиката, енергетскиот сектор и бизнисот од преку 50 земји.

English

Премиерот Заев, министерката Царовска и вицепремиерот Анѓушев им доделија признанија на компаниите што воведоа скратено работно време за вработените вратени од родителско отсуство

05 април 2019

test


„Еднакви можности за мажите и жените и баланс помеѓу професионалните и приватните обврски“ беше тема на денешната работна средба со претставници од стопанските комори на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, како и претставници на UN Women во нашата земја. На работната средба, која што се одржа на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, беа доделени и признанија за самоиницијативноста на шест домашни компании за приклучувањето кон глобалниот тренд за воведување на скратено работно време за вработените коишто се вратиле од родителско отсуство.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS