Оддржана јавна дискусија за измени и дополни на Законот за финансиска поддршка на инвестициите – Вицепремиерот Анѓушев: преку дијалог со бизнис заедницата го унапредуваме законското решение

19 март 2019

Владата на Република Северна Македонија води контиуниран дијалог со бизнис заедницата, ги слуша реалните потребите на компаниите и врз основа на нивните барања подготови предлог измени и дополни на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со кои се олеснуваат критериумите и процедурите за аплицирање за државна помош, нагласи Заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев на денешната јавна дискусија на која пред претставници на бизнис секторот беше презентиран подготвениот предлог на измени на Законот. 

English

Вицепремиерот Анѓушев и Министерот Фазлиу на средба со градоначалниците од скопскиот плански регион - воспоставување на систем за следење на средствата ќе обезбеди транспарентно и рационално користење на буџетските средства за развој на планските регион

15 март 2019

Скопскиот плански регион е најразвиен од осумте региони во земјата, но сепак постојат диспаритети во развојот меѓу 17-те општини  и во самите општини кои се дел од овој регион. Како до порамномерен развој во Република Северна Македонија и во планскиот регион беше темата на седницата на Советот за развој на Скопскиот плански регион, на кој учествуваа потпретседателот на Владата за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи.

English

Потпишан договорот од програмата за наводнување на јужната долина од реката Вардар, втора фаза: Со нов и возобновен систем за наводнување во југоисточниот регион се намалуваат трошоците за земјоделците за порентабилно производство и конкурентно земјоделст

11 март 2019

Во Домот на културата во Валандово денеска се одржа настан во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Северна Македонија на кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и претставникот на компанијата изведувач на проектот Штрабаг, Златан Ѓурѓиќ го потпишаа договорот за градежните работи за проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар од втора фаза. На настанот присуствуваа и имаа свои обраќања Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

English

Вицепремиерот Анѓушев:економијата бележи континуиран раст, се намалува невработеноста и се зголемуваат платите

10 март 2019

Економијата во Република Северна Македонија бележи контиуниран раст, задвижени се активностите во сите сектори, што резултира со значително намалување на невработеноста и зголемен притисок на пазарот на труд за покачување на просечните плати, беше одговорот на вицепремиерот Анѓушев на новинарско прашање поставено за време на прес конференцијата на која се презентираше моделот за поддршка за изградба на нови фотонапонски електрани на државно и приватно земјиште.

English

Вицепремиерот Анѓушев и министерот за економија Бектеши: се отвораат можности за поголемо производство на електрична енергија од обновливи извори преку транспаренента и конкурентна процедура

10 март 2019

Новата владина мерка за поддршка во користењето на сончевата енергија, овозможена со новиот Закон за енергетика, на прес конференција, беше претставена од заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши. Целта на оваа мерка е подобрување на условите за инвестирање и јакнење на конкуренцијата во енергетскиот сектор, особено за  поттикнување на поголемо производство на електрична енергија од обновливи извори.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS