Политиките даваат резултати и економијата се движи напред, раст на БДП од 3.7% во четвртиот квартал 2018 ирекордно ниска невработеност од 19.4%

8 март 2019

Денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа прес-конференција на вицепремиерот Анѓушев и економскиот тим министри посветена на растот на БДП во четвртиот квартал од 3.7% според последно објавените податоци на Државниот завод за статистика, на којашто се обратија заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за финансии, Драган Тевдовски. 

English

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев објавија нова странска инвестиција – германската компанија Герешајмер потврди вредна инвестиција со 400 нови вработувања

7 март 2019

Реномираната германска компанија Герешајмер, светски позната компанија и лидер во производството на амбалажа за потребите на медицинската и фармацевтската индустрија, потврди дека ќе реализира значителна инвестиција во нова  фабрика во Бунарџик во која ќе се отворат 400 нови работни места за високо едуциран кадар од Република Северна Македонија.

English

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во посета на Еуроникелиндустри:Комбинатот Еуроникел повторно е успешна приказна со стотина милиони евра нови инвестиции и среќни работници и претставува пример за завршена најуспешната стечајна постапка во историјата

6 март 2019 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска беа во посета на Еуроникелиндустри поранешно Фени Индустри, направија обиколка во производствените погони, и се задржаа во разговор со работниците и менаџментот и дадоа кратки изјави за медиумите.  

English

Заменик претседателот на Владата на РСМ Анѓушев: Индустрискиот раст во јануари од 2019 година од над 12%, дава оптимизам дека економијата ќе расте со побрза динамика годинава

6 март 2019

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на трибината „Силна економија – Шанса за сите“  со граѓаните во Кавадарци, потенцираше дека одржливиот економски развој на земјата се реализира на три столба: владеење на правото, политичка стабилност и сигурност на државата, како и на мерките на Владата за поддршка на развојот на компаниите.  Притоа, тој кажа дека потпишувањето на протоколот за членство во НАТО, придонесува за повисоко ниво на безбедност, односно сигурност на инвестициите, со што  во 2018 нивото на странски инвестиции  достигна рекордни 624,5 милиони евра, што е за 267% повеќе во однос на просекот на странски инвестиции во периодот од 2010-2017 година.

English

Потпишани договорите за инвестицискиот оглас за државно земјиште под закуп, 11 милиони евра нови инвестиции во земјоделството

5 март 2019

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа настан на кој се потпишаа првите договори од инвестицискиот оглас за доделување под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари со агробизнисмени и земјоделци.  Она по што се разликува овој оглас од претходните е што се работи за оглас кој што освен за подигање на насади, е наменет и за инвестиции во земјоделството и руралниот развој. Конкретно, на локациите за кои што денеска се склучија договори освен примарно производство, ќе се градат и преработувачки капацитети од различни земјоделски гранки, како винарници, кланични капацитети, оранжерии, преработувачки капацитети за овошје и зеленчук и друго. 

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS