19 февруари 2019
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружен од заменикот на претседател задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Бардул Даути, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и советничката за земјоделство на ПВРСМ, Ленче Николовска, вчера имаше работна средба со 40 претставници на повеќе компании, кои се заинтересирани да инвестираат во различните области во кои работат и се дел од Стопанската и индустриска комора на Тирана.