Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев оствари средба со делегација од Сојузното министерство за економија и енергетика, Стопанската комора на Германија и Источниот комитет- здружение на источна Европа на германското стопанство, предводена од г-дин Хелге Толксдорф, раководител на секторот за проширување на ЕУ, Југоисточна Европа и Турција во Сојузното министерство за економија.
Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Сојузна Република Германија е најзначајниот трговски партнер на Република Македонија, голем број на германски компании работат со успех во земјата, а се бележи најголем суфицит во трговската размена, пришто извозот кон Германија е речиси тројно повисок од увозот.