Свечено отворање на капцитетот на компанијата Антура МК во Кочани

Ве информираме дека на 5 мај 2018 година (сабота), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, на покана на инвеститорот, ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на вториот производствен капацитет на компанијата Антура МК во Кочани.

Настанот ќе се одржи во кругот на компанијата Антура (ул. Оризова бр. 15) во Кочани, а официјалниот дел започнува во 12:00 часот.

Прес конференција за прв јавен повик на Фондот за иновации за поддршка на мали и средни претпријатија

Почитувани,

Ве информираме дека на 28 април 2018 година (сабота), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и Јован Деспотовски, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, ќе одржат прес конференција на која ќе го промовираат првиот јавен повик од Програмата за поддршка  за поддршка на мали и средни претпријатија на ФИТР.

Прес конференцијата ќе се одржи во Медиа центарот на Владата на Република Македонија и ќе започне во 12:00 часот.

Седница на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Ве информираме дека на 27 април 2018 година (петок), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе присуствува на седницата на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија.

Седницата ќе се одржува во „Уставната сала“ и ќе започне во 13:15 часот, кадешто во прво читање ќе се разгледува Предлог Законот за енергетика.

 

Став за стечајна постапка Фени индустри

25 април, 2018 година

Почитувани,

Во врска со информациите во јавноста поврзани со стечајната постапка во Фени индустри, би сакале да Ве информираме дека стечајна постапка се води во согласност со Законот за стечај, со соодветни органи на управување за зачувување на стечајната маса, со крајна цел заштита на интересите на доверителите.

English

Учество на вицепремиерот Анѓушев на бизнис форум со делегација од Иран

Почитувани,

Ве информираме дека на 26 април 2018 година (четврток), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе учествува на „Бизнис форум бизнис делегација од Исламската Република Иран“.

Настанот ќе се одржи во објектот на Стопанска комора на Македонија, во сала 4 на 5-ти кат а ќе започне во 10:00 часот.

Покануваме претставници на медиумите да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев на форумот.

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS