Обраќање на вицепремиерот Анѓушев на настан за Европската недела на стартапи

Почитувани,

Ве информираме дека денес, на 9 март 2018 година (петок), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе се обрати на настан со кој ќе се одбележи Европската недела на стартапи 2018 (Startup Europe Week 2018),

Настанот е во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, ќе започне во 16:00 часот, а ќе се одржи во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ на ул „50-та Дивизија“ бр. 22, во близина на Клинички центар и средното училиште за физичка култура „Методија Митевски Брицо“.

Законот за финансиска поддршка на инвестициите влегува во владина процедура – компаниите задоволни од мерките од планот за економски раст

05 март, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши остварија средба со претставници на компаниите - членки на Стопанската комората на Македонија, кадешто ги информираа стопанствениците за динамиката на спроведување на мерките од Планот за економски рааст.

English

Состанок на ЗПВРМ Анѓушев и МЕ Бекташи со компании

Ве информираме дека на 5 март 2018 година (понеделник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и м-р Крешник Бектеши, министер за економија ќе одржат состанок претставници на компании - членки на Стопанска комора на Македонија во врска со имплементацијата на мерките од Планот за економски раст.

Ги покануваме претставниците на медиумите во 12:00 часот во сала бр. 3 на 3 кат во објектот на Стопанска комора на Македонија да земат кадри од состанокот, по што вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши ќе дадат изјави за присутните медиуми.

Владата со најголема поддршка за малите и средните претпријатија - промовирана среднорочна програма за поддршка на МСП

1 март, 2018 година

Микро, малите и средните претпријатија ќе бидат најсилно поддржани преку мерките од Планот за економски раст, истакнаа вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски на прес конференција која се одржа во Владата на Република Македонија.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS