Владата на Република Северна Македонија на денешната 108-ма седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од склучување на нов усогласен текст на Амандманот бр.1 на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, и го овласти министерот на финансии Фатмир Бесими да ги потпише договорот со новиот амандман според кој УСАИД го зголемува вкупниот планиран придонес од 8.258.792 долари на 56.610.000 долари.
Северна Македонија е земја со одлична деловна клима каде компаниите имаат можност за долгорочно планирање и развој на инвестициите, е заклучокот од состанокот на премиерот Зоран Заев со главниот извршен директор на „Филип Морис Интернешанал“, Јацек Олчак.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, денес оствари средба со амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Сибил Зутер Техада, на која набрзо и завршува мандатот во Република Северна Македонија.
„Инфлацијата е во рамките на планираното. Просечната стапка на инфлација е стабилна во првите осум месеци и е 2,7%, во одредени месеци е нешто повисока, во некои други пониска. И во земјите членки на Европската Унија, во тие рамки се движат инфлационите стапки. Во Германија оди инфлацијата и до 3,9%, но животниот стандард е различен во Германија и Северна Македонија. Тоа што го кажувам и ќе го повторам и отворен сум за дискусија и со опозицијата и експертите, тоа е дека Владата може да допринесе животниот стандард да се подобри. Еден од начините на кои може да се интервенира, тоа е преку влијание на минималните приходи, зголемување на минималната плата, а со тоа и зголемување на просечната плата. Дека има подобрувања во овој сегмент, мора да признаеме дека има, дека очекувањата на сите нас се поголеми, дефинитивно се.
Заменикот на претседателот на владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“, која се емитува на Слободна ТВ, посочи дека изјавата дека цената на електричната енергија ќе поскапи по локалните избори е потполно неточна изјава со оглед на тоа дека цената се регулира од Регулаторната комисија за еенргетика еднаш во годината, а веќе таа цена е донесена во јуни 2021 година.