9 Март 2022 година
Од 24-та седница на Владата: Донесени 26 мерки за заштита на животниот стандард и за ликвидност на компаниите; Ограничен е извозот на масло од сончоглед до 31 мај; Утврдена е највисоката маржа за основните производи како и листата на производи без трговска маржа
Владата на Република Северна Македонија на денешната 24-та седница ја разгледа Информацијата за економски мерки за справување на енергетската и ценовната криза, во рамките на која се донесени 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите, како и мерки за финансиска поддршка на деловните субјекти преку Развојната банка на Северна Македонија.