Вицепремиерот Битиќи во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ: Буџетот е во одлична кондиција, приходите растат, нема да има потреба од задолжување до крајот на оваа година

27 септември 2021


„Нема да има потреба од поголемо задолжување до крајот на 2021 година.  Последните податоци се навистина одлични од аспект на приходи во буџетот, во сите ставки имаме зголемување, ако се направат споредби со истиот период во 2019 година, а да не споредуваме со 2020 година, кога имавме криза. Еве во делот на придонеси, каде некои велат дека е лошо, ние во Владата велиме има подобрување, има зголемување од 400 милиони денари, во споредба со 2020 и 2019 година и некаде зголемување од околу 7%. Во делот на данокот на додадена вредност, зголемувањето е за околу 1,5 милијарди денари или околу 250 милиони евра. Овие параметри ни покажуваат дека кондицијата на буџетот е добра, не се потребни големи задолжувања, освен она што е планирано со среднорочниот план за задолжување, а кој треба да одговори на потребите за развој. Интервентниот план за инвестиции ни даде проекција дека во нашата држава на среден рок ќе се вбризгаат инвестиции, приватни и јавни, од околу 8,2 милијарди евра, за да се подобрат состојбите во различни сектори“, потенцираше заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, за време на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“, која се емитува на електронскиот медиум Слободна ТВ.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на презентација на “Прегледот на конкурентноста во Југоисточна Европа на OECD“ – Подобрена конкурентноста во Република Северна Македонија, напредок во 8 од вкупно 15 области

24 септември 2021


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денес, преку видео конференциска врска, присуствуваше и се обрати на настанот за презентација на периодичното издание на „OECD Прегледот на конкурентноста во Југоисточна Европа 2021“ (OECD South East Europe Competitiveness Outlook 2021) во организација на  Организацијата за економска соработка и развој (OECD – Organization for economic cooperation and development). На отворањето на настанот свое обраќање имаа и Карим Даху, задолжен за глобални прашања во OECD и Фрек Јанмат, раководител на одделот за операции во Делегацијата на Европската Унија во нашата земја.

Undefined

Отворен новиот контакт центар на Филип Морис: Се отвораат нови добро платени работни места, глобалните компании ја препознаваат поволната бизнис клима во земјата

23 септември 2021


Премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, присуствуваа  на настан по повод  отворањето на 50 нови работни места како резултат на иницијативата на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП) за реалокација на центарот за корисничка поддршка од Атина во Скопје. Центарот започна со работа во Скопје и оттука ќе се води грижа за корисниците на новите иновативни производи на компанијата во Северна Македонија, но и на 4 други земји во регионот, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на средба со државната секретарка во германското федерално министерство за економија и енергетика Доер Вос – Германија е најголем трговски партнер на Северна Македонија, заеднички работиме на уште посилно економско поврзување

20 септември 2021


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој е во работна посета во Берлин, Сојузна Република Германија, денес оствари работна средба со државната секретарка во федералното министерство за економија и енергетика Клаудија Доер Вос, со која разговараа за економската соработка помеѓу двете земји.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS