Вицепремиерот Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија Батак ги доделија договорите од третата група инфраструктурни проекти – Со 22,3 милиони евра ќе се реализираат 35 инфраструктурни проекти во 32 општини и на двата аеродроми

30 јули 2021


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, на свечен настан кој се одржа во Клубот на органите на државната управа, ги доделија договорите од третата група на проекти за реализација на инфраструктурни проекти во општините и на двата аеродроми во Скопје и Охрид. На настанот присуствуваше и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби и директорот на акционеското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на средба со амбасадорот на Катар Ал Тани – Постои потенцијал за зголемување на економската соработката помеѓу двете земји

30 јули 2021


Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со амбасадорот на државата Катар, Н.Е. Јасим бин Хамид Ал-Тани, со кого разговараа за потенцијалите за економската соработка помеѓу двете земји.

Undefined

Заев, Вучиќ и Рама ги потпишаа првите официјални документи за соработка во рамките на „Отворен Балкан“ за силен импулс за поттикнување на регионалната соработка

29 јули 2021


Како први значајни чекори за нов и конкретен импулс за поттикнување на регионалната соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Албанија Еди Рама, денеска ги потпишаа Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан, Меморандумот за разбирање за соработка во врска со слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и Меморандумот за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан.

Undefined

Од панелот на Економскиот форум: Разговараме директно со стопанствениците, тие ја јакнат нашата економија и со регионалната соработка отвораат нови работни места

29 јули 2021


„Нема зошто камионот да чека на границата на Северна Македонија, ако носи стока од Албанија за Србија. Загубите што се прават со отворање на границите, треба да се претворат во средства за нови инвестиции за отворање на нови бизнис потфати што отвораат нови работни места“, истакна премиерот Заев на панелот на Економскиот форум за регионална соработка, на која учествуваа и претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот Еди Рама, како и претседателите на стопанските комори од Албанија, Србија и Северна Македонија.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS