Заев: Владините политики за еколошка енергија ја донесоа првата инвестиција во ветропарк вредна 61 милион евра

7 јули 2021

 


„Развивме сериозен енергетски стратешки план и една од точките на Акција 21, како и во Интервентниот План за инвестиции 2021-2027 е енергетиката. Тоа го потврдуваат и резултатите, нашата земја е на врвот, меѓу шампионите во регионот по раст на обновливи извори на енергија. Само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мега-вати, што претставува раст од 10,1% и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто“, рече премиерот Заев на настан по повод означување на инвестицијата ветропарк Богословец.

Undefined

Од првиот состанок на Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот: Принципите на инклузивност и диверзитет треба конзистентно да се применуваат во политиките

7 јули 2021


Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот денеска го одржа првиот состанок на кој беа презентирани постигнатите резултати и беа разгледани состојбите и предизвиците во спроведувањето на Националната стратегија за развој на концептот едно општество за сите и интеркултурализмот (2020-2022 година).

Undefined

Над 100 јавни настани посветени на 30-годишнината од независноста, повеќе од 130 компании и над 500 домашни изведувачи опфатени со петтиот пакет мерки за индустријата за организирање на настани

7 јули 2021


Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири во име на Владата денеска ги потпишуваа договорите со 33 компании со проекти за финансиска поддршка на индустријата и операторите за организација на настани, со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи, министерот Бесими и директорот Наумов ја промовираа кредитната линија Ковид 4 – На стопанството му се ставаат на располагање 10 милиони евра бескаматни кредити

7 јули 2021


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и извршниот директор на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов денес на прес конференција ја промовираа новата, бескаматна кредитна линија Ковид 4, за која компаниите ќе може да аплицираат од 15-ти јули.

Undefined

Премиерот Заев со владиниот економски тим во Стопанската комора: Обезбедуваме подобри услови, поволни закони и услови за пласмани за домашните компании за раст на БДП и за нови работни места

6 јули 2021


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и владиниот економски тим, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-министерот за економија Зоран Маневски, заедно со директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, денеска попладне одржаа средба со врвот на Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS