Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со постојаната координааторка на ОН агенциите во Северна Македонија, Росана Дуџак, учествуваше на настан на здружението Конект, на кој беа доделени признанија на поединци, компании и бизнис лидери за придонесот кон остварувањето на Целите за одржлив развој.
„Во претходната година, година во време на една од најголемите кризи, Владата преку своите редовни програми за поддршка на домашните и странските компании исплати рекордни 70 милиони евра, финансиска поддршка која покрај 6-те пакети мерки беше секако значајна поддршка и уше една подадена рака во предизвикот во кој сите се најдовме“, истакна заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во рамки на Првиот економски форум, во Скопје, во х. „Александар Палас“, учествувајќи на панел дискусијата на тема „Економското закрепнување на Северна Македонија по пандемијата, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими.
Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска во рамки на Првиот економски форум, во Скопје, во х. „Александар Палас“, учествува на панел дискусијата на тема „Економското закрепнување на Северна Македонија по пандемијата“ заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими.
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100% на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, со обврска превозниците одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници.