Од 78 седница на Владата: Одобрени договорите за 23 општини за реализација на инфраструктурни проекти вредни 9,9 милиони евра од првата фаза од вкупно предвидените 99 вредни 35 милиони евра

15 јуни 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната 78 тематска седница, ги разгледа и усвои информациите во врска со склучување на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу 23 општини за реализација на проекти за граѓаните, со вкупна вредност од 609,9 милиони денари односно 9,9 милиони евра.

Undefined

Стартува реализација на првите 23 проекти за граѓаните од ТАВ програмата, инвестиции во инфраструктура за нови вработувања и економски развој

15 јуни 2021


„Ми претставува чест и задоволство што денес ги доделуваме договорите на 23 општини за реализација на проекти за граѓаните, со вкупна вредност од 609,9 милиони денари односно 9,9 милиони евра. Станува збор за инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење за граѓаните. Поточно, средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти. Предвидено е да се реализираат над 90 инфраструктурни проекти, во сите плански региони за што се издвоени 49,7 милиони евра. Ова е прва група, следната е на почеток на јули и третата фаза околу 20 јули“, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање по повод церемонијата на доделување на договорите за првите 23 општини од ТАВ Програмата.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и министерот Нуредини на работилница за Националниот план за адаптација – Да инвестираме во решенија кои се засновани на потребите на природата и да изградиме одржливо и отпорно општество и економија

11 јуни 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, заедно со постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија, Нарине Сахакјан, се обратија на иницијалната работилница за изработка на Националниот план за адаптација на климатски промени, кој ќе се изработува со учество на сите засегнати страни во општеството.

Undefined

Од 77-мата седница на Владата: Донесен ребалансот на Буџетот за 2021 година; Законското решение за недела неработен ден оди во Собрание; 2.204 угостителски компании ќе добијат 5,77 милиони евра од анти-ковид мерките



Владата на Република Северна Македонија на денешната 77-ма седница ги донесе измените и дополнувањата, односно ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, кои, заедно со дополнувањата на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, ќе бидат доставени на усвојување до Собранието.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS