На денешната седница, усвоена е одлуката со која е овозможена поддршка за вкупно 2204 компании од угостителската дејност, коишто со одлука на Влада, беа затворени во периодот од 6-ти до 27-ми април, или вкупно 21 ден.
Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на покана на „Институтот за менаџмент и бизнис Хајделберг“, се обрати на панел дискусијата „Економската ситуација во ЕУ, особено во Германија како земја партнер на балканските држави“, која се одржа преку видео конференциска врска, во рамките на „Балканска бизнис недела“, а на која покрај вицепремиерот учествуваа и министерот за финансии д-р Фатмир Бесими, гувернерката на НБРСМ, д-р Анита Ангеловска Бежовска, извршниот директор и претседател на бордот на директори на Стопанска банка, Диомидис Николетополус, заменик претседавачот на Комитетот за одбрана во Парламентот на СР Германија, д-р Карл Ламерс и претседателот на Хајделберг институтот, д-р Улрих Цајтел.
Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 76-тата седница на која беа усвоени дополнителни заклучоци на веќе донесените од претходната 75-та седница во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут.
Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и градоначалникот на Кочани, Николајчо Илијев, присуствуваа на настанот за рестартирање на производството на фабриката за хартија Пејпер Мил во Кочани, кој се случува по инсталирањето на вреќест филтер со кој значително се намалени емисиите на штетни честички во водухот, за кои во минатото, имаше реакции од граѓаните.
Владата на Република Северна Македонија денеска ги прифати измените и дополнувањата на рестриктивните мерки согласно препораките на Комисијата за заразни болести, утврдени како предлози на 39-тата седница на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на КОВИД-19.