Премиерот Зоран Заев го претстави Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на прес-конференција на која присуствуваа и Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Бесими, министер за финансии, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски како и Крешник Бектеши, министер за економија.
Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 74-та седница одржана преку видеоконференциска интернет врска, врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура.
Премиерот Зоран Заев упати силна поддршка за иновативните идеи на македонската старт-ап заедница и нивната голема улога во економскиот раст, како на локално, така и на национално ниво во своето воведно обраќање на Првиот Национален Старт-ап Самит „Заеднички влијаеме”. Премиерот Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, амбасадорката на Швајцарија во земјата Сибил Зутер Техада, како и со претставници од македонската старт-ап заедница, ги дефинираа чекорите кои државата ги презема за да се позиционира како регионален старт-ап хаб, каде секое лице со квалитетна идеја, истата ќе може да ја преточи во бизнис.
Денеска, во Владата на Република Северна Македонија, се одржа редовната месечна седница на Комисијата за јавно-приватно партнерство, со која ко-претседаваше заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,