ЗПВ Битиќи на средба со амбасадорот на Франција Бомгартнер, заменикот амбасадор на Германија Граф, претставници на Француската развојна агенција и Германското друштво за меѓународна соработка - Се засилуваат активности за проекти за енергетска ефикасност

20 мај 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Сирил Бомгартнер, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија, Ото Граф, делегација на Француската агенција за развој (AFD) и директорот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Давид Оберхубер,  на која се разговараше за унапредување на соработката помеѓу Владата на Република Северна Македонија и развојните агенции на двете земји во насока на реализација на проекти за енергетска ефикасност .

Undefined

Од 71-та седница на Владата: Итна одлука за детални проверки на сите објавени и необјавени информации за случајот „увоз на нафтени деривати"

18 мај 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната 71-ва седница дискутираше и ја оцени како вонредна и итна информацијата објавена во јавноста од страна на Истражувачката репортерска лабораторија - ИРЛ за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина, кои при увоз влегувале како мазут и како што објави ИРЛ се користеле како гориво за греење во повеќе државни институции, но и како гориво во приватни компании во земјава.

Undefined

Од 70-тата седница на Владата: Разгледан напредокот на проектите финансирани преку ИПА 2 и проектите кои се финансираат од меѓународните финансиски институции со препораки за прогрес за нивна реализација

17 мај 2021

 

Владата на Република Северна Македонија на 70-тата тематска седница ја разгледа информацијата за статусот на проектите кои се финансираат преку ИПА 2 програмите и врз основа на анализата за прогресот на проектите на Министерството за финансии донесе заклучоци со задолженија до министерствата и до сите останати институции надлежни за имплементација на проектите, да достават до Министерството за финансии Акциски план со статус за нивната реализација.

Undefined

Битиќи на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан – Преку дијалог и меѓусебна соработка да креираме политики со кои ќе направиме конкурентен регион, наместо да создаваме конкуренција помеѓу земјите од регионот

14 мај 2021


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на покана на ко-претседавачите на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за Западен Балкан, Марко Чадеж и Бранко Азески, денеска присуствуваше на седницата на Управниот одбор на КИФ, која се одржа во просториите на Стопанската комора на Србија во Белград.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS