Владата на Република Северна Македонија на денешната 68-ма седница донесе одлука согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење со цел заштита од КОВИД-19 наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден. Мерката започнува да важи од 5 мај и ќе трае до 15 мај.
Владата на Република Северна Македонија на денешната 68-ма седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден.
„Денес е објавен јавниот повик за финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29 и 56.30, кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители – гости во сите угостителски објекти и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги. На тој начин Мерката 3 од шестиот пакет е операционализирана и на 6000 компании кои вработуваат околу 17 илјади лица, на располагање им се ставаат 9,9 милиони евра за поддршка, колку што се проектирани со мерката“, соопшти заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на редовната седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, на која претставниците на Владата дискутираа со претставници на четирите најголеми стопански комори во земјата, кои се и членки на Платформата за јавно-приватен дијалог.
На свечената седница на Економско – социјалниот совет, а во духот на Меѓународниот ден на трудот, се обратија претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров и секретарот на Советот на Сојуз на синдикати на Македонија, Златко Цветковски. Останатите членови на Eкономско-социјалниот совет и други присутни, беа вклучени онлајн преку Зум платформата. По завршување на свечената седница беше одржана и прес-конференција којашто граѓаните и медиумите можеа да ја следат во живо.
Заменикот на претседатеот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за Иновација и Технолошки развој Коста Петров, денес го промовираа јавниот конкурс за старт-ап и спин-оф компании „Стартапувај 3“.