Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, денес имаа средба со претставници на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП), која здружува дел од операторите кои организираат настани, при што разговараа за досегашните мерки за поддршка на компаниите од оваа дејност, како и за идните планирани мерки за поддршка во услови на кризата предизвикана од коронавирусот.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денес остварија работна средба на која разговараа за даночните активностите и предизвиците на Управата.
Преку трите кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојната банка на Северна Македонија, обезбедени се ликвидни средства во вкупен износ од 44,1 милиони евра, пришто се поддржани над четири илјади компании кои вработуваат 36.802 лица. Оваа финансиска поддршка значително им помогна на компаниите да ја одржат својата ликвидност во кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, кредитите се со каматна стапка од 0% и грејс период до 6 или 12 месеци, кој за Ковид 1 дополнително се продолжи за три месеци.
Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денес оствари он-лајн средба со Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, на која се дискутираше за моменталните состојби на економијата во земјата, реализацијата на четирите пакети економски мерки, статусот на мерките од петтиот пакет, како и за активностите кои ги презема Владата за унапредување на бизнис климата во земјата.
Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на покана на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Јавност“ и Германското здружение за меѓународна соработка (GIZ), се обрати на „Форумот на добри компании“, одржан преку видео конференциска врска, каде зборуваше за предизвиците со кои се соочува општеството во период на кризата со пандемијата од Ковид – 19, како и за преземените активности од страна на Владата за надминување на овие предизвици, закрепнувањето во пост-ковид периодот и одржливиот и инклузивен развој на Република Северна Македонија.