Владата на Република Северна Македонија на денешната 65-та седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за здравство добива дополнителни овластувања во услови на кризна состојба прогласена заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест.
Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска извршија увид во градежните активности кои се одвиваат на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, кој се гради во две фази, со вкупна вредност од 58,5 милиони евра.
Буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4% е растот на вкупните приходи, 5% е растот на даноците и придонесите. Вториот пакет економски мерки е имплементиран 100%, а севкупна имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра. Економските мерки го подобрија економскиот резултат за 4,2 процентни поени, беше истакнато на денешната прес-конференција на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими, на која присуствуваа и Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Крешник Бектеши, министер за економија и Кире Наумов, директорот на Развојната банка.
Владата на Република Северна Македонија денеска го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка со кој се одредуваат непризнаените расходи со што се создава можност за зголемување износот на регрес за годишен одмор кој што ќе се третира како признаен расход за даночни цели, како мерка од петтиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.
На денешната 63-та редовна седница, Владата, го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести и донесе дополнителни мерки за заштита на јавното здравје и заштита на сите граѓани на Република Северна Македонија, со цел намалување на бројот на новозаразени и намалување на оптоварувањето на здравствените работници, со цел успешно справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата.