Од 37-мата седница на Владата: Дадена согласност за преземање обврски за обезбедување вакцини за континуирана имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации за наредните три години

5 јануари 2021


На денешната 37-ма владина седница, пред преминувањето на точките од дневниот ред, министерот за финансии Фатмир Бесими ги информираше членовите на Владата за нивото на реализацијата на капиталните инвестиции за 2020 година при што беше констатирано дека голем број од институциите, над 95 проценти ги реализирале инвестициите за што беше изразено задоволство со констатација дека сите економски мерки преземени минатата 2020 година дале резултати.

Undefined

Од 36-тата седница на Владата: Укината забраната за летови од Велика Британија; Одобрен текстот на финансиската гаранција за набавка на вакцини преку КОВАКС

30 декември 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 36-та седница донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија која важеше до крајот на 2020 година, како и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаа од овие дестинации во рок 14 дена.

Undefined

Исплатени 11,5 милиони евра државна помош на 141 компанија преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, за реализирани инвестиции во 2019 година

30 декември 2020

Владата континуирано докажува дека е посветена на партнерски однос и поддршка на домашната економија и во време на светска криза предизвикана од КОВИД – 19, преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции со 11,5 милиони евра, поддржани се 141 компанија, кои вработуваат околу 18.000 лица.  

Undefined

Од 35-тата седница на Владата: Донесена финансиска поддршка за малите лозарски стопанства и за производителите на ориз; Обезбедена посебна сметка за граѓаните со низок доход кои не се најдоа на листата заради неажурирани лични податоци

29 декември 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 35-та седница донесе измени и дополнувања на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, и донесе  Уредба за изменување и дополнување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година.

Undefined

Од 34-тата седница на Владата: Одобрена е постапката за набавка лесни оклопни возила од САД; Законот за попис и Законот за Агенцијата добиваат европско знаме во Собрание

25 декември 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 34-та седница, ја разгледа и усвои Информацијата со предлог за продолжување на набавката на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија со склучување на амандман/анекс на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија со Владата на Соединетите Американски Држави и донесе одлука да се  продолжи со реализација на овој договор со прифаќање на Писмото на понуда и прифаќање на понудата од 21 декември 2020 година.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS