Се изработува Стратегија за паметна специјализација, стратешки документ кој ќе обезбеди модерен пристап за економски напредок на Северна Македонија

16 Февруари 2022


Се интензивира процесот за креирање на Стратегија за паметна специјализација кој започна во 2019 година. Целта е Северна Македонија час поскоро да добие стратешки документ кој обезбедува модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да инвестира. Со тоа ќе се забрза севкупниот државен напредок и конкурентност во глобалната економија.

Undefined

Владата на Република Северна Македонија отпочна процес за обезбедување алтернативни извори на гас

15 Февруари 2022


Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за отпочнување процес за реализација на меѓународна инвестиција, која е првиот чекор кон реализирање на стратешките цели за енергетска независност, сигурност и безбедност и фокус на алтернативни извори на гас. Владата, преку АД Електрани на Северна Македонија отпочна процес на за резервација на капацитети за природен течен гас во ЛНГ Терминалот Александропулос, Република Грција што ќе овозможи зголемување на сигурноста во снабдување со природен гас за граѓаните.

Undefined

Од 14-тата седница на Владата: Одобрено е отпочнувањето на процесот за обезбедување алтернативни извори на гас; Претставени приоритетите на француското претседателство со ЕУ; Усвоена е Програмата за капитални субвенции во руралните средини

15 Февруари 2022 година


Владата на Република Северна Македонија на денешната 14-та седница го задолжи АД Електрани на Северна Македонија да отпочне процес за потпишување на Договорите за реализација на Меморандумот за разбирање склучен помеѓу АД ЕСМ и Гастрејд С.А врзани со проектот Терминал за течен гас во Александропулос, Република Грција.

Undefined

Гостување на вицепремиерот Битиќи во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24

15 Февруари 2022 година 

Гостување на вицепремиерот Битиќи во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24

 

 

 

Undefined

Инструментот за зелено финансирање од Северна Македонија избран меѓу десет најдобри финансиски инструменти во светот, и ќе добие средства од Заедничкиот фонд за Целите за одржлив развој

15 Февруари 2022 година

Меѓу голем број проекти од над 100 земји во светот, заедничката програма за воспоставување на Инструмент за зелено финансирање (GFF) од Северна Македонија е избрана како една од десетте најдобри програми според глобалниот Заеднички фонд за Целите за одржлив развој (ЦОР). Изборот е врз основа на нејзиниот потенцијал за постигнување значајни одржливи резултати, мобилизација на значително ко-финансирање од повеќе извори и ниво на подготвеност за реализација.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS