Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес се обрати на 17-то издание на Виенскиот економски форум, кој поради состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид 19, оваа година се одржа преку видео конференциска врска.
Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја прими амбасадорката на Република Хрватска во нашата земја, Н.Е. Нивес Тигањ, со која разговараа за економските односи помеѓу земјите, поддршката од Хрватска на патот кон ЕУ и активности за зголемување на трговската размена и подобрување на контактите помеѓу компаниите од двете земји.
Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари средба со амбасадорот на Република Грција, Н.Е. Димитрис Јанакакис, со кого разговараа за тековната економска соработка помеѓу двете соседни земји и проекти со кои дополнително ќе се унапреди соработката.
Владата го разгледа и го усвои Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој, кој се однесува на соработката за поддршка на процесот за членство во Европската Унија и го овласти претседателот на Владата, Зоран Заев, да го потпише Меморандумот.
„Севкупно, 400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17.2 милиони евра. Оваа финансиска поддршка е една од мерките во третиот економски сет, поточно Финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста во износ од 20 милиони евра наменета за приватниот сектор, односно за претпријатија кои и во кризна ситуација продолжија да работат и да инвестираат во нивниот раст и развој, конкурентност и модернизација“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на денешната прес-конференција заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.