8 септември 2019
Република Северна Македонија, со пригодни свечености, денеска го одбележува големиот државен празник, 8 септември – Ден на независноста.
Активностите од програмата за чествување на празникот започнаа со оддавањето достојна почит и положување венци свежо цвеќе на вечните почивалишта на порнашените претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Владината делегација на овој настан ја предводеше Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во придружба на Заменик претседателот на Владата на РСМ задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, Заменик претседателот на Владата на РСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, Заменик претседателот на Владата на РСМ задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерката за финансии Нина Ангеловска.
На вечните почивалишта на порнашените претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Градските гробишта Бутел во Скопје, свежо цвеќе положија и делегации на на Собранието на Република Северна Македонија, на Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија, на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија, на другите државни институции и на локалната самоуправа, на политичките партии и здруженија на граѓани, на дипломатскиот кор, и на останатите делегации.
Од Градските гробишта Бутел во Скопје, делегациите се упатија кон Градскиот Парк, кај Школка, каде што ќе се одржи централната свеченост по повод 8 септември – Денот на независноста.
Во рамки на прославата, на која обраќање по повод празникот ќе има Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, предвидена е богата културно-уметничка и забавна програма, која ќе биде исполнета со настапите на „Петко и 5+ бенд“, групите „Ај Кју“, „Денсерс Јунајтед“, Виолета Томовска, Елита Зибери и ди-џејот Драган Б. Костиќ.
На просторот околу Школка во Градскиот парк, се поставени повеќе штандови, каде присутните ќе имаат можност да дегустираат дел од традиционална храна од сите краеви на нашата земја, да учествуваат во спортски активности и да го проверат своето здравје, како и непосредно да се запознаат со мерките и услугите од интерес на граѓаните на повеќе министерства и други државни управи и агенции.
Линк до видео од настанот: