Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам и платежни картички од 3.000 денари за летување дома за 130.000 граѓани

31 мај 2020


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за економија беше усвоена Уредбата со законска сила која предвидува издавање на ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба.

English

Одлука за дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 вклучително со протоколите донесени на 58-мата седница

30 мај 2020

Врз основа на член 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија” бр.66/О4, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 мај 2020 година, донесе

ОДЛУКА за дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19

English

Од 59-тата седница на Владата: Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена; Уредба за ваучери во вонредна состојба за поддршка на домашниот туризам

30 мај 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 59-та седница донесе заклучок да достави до Претседателот на Република Северна Македонија извештај за преземените активности на државните институции за справување со кризата предизвикана од коронавирус со анализа за состојбата и со предлог за прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена, заради неопходните дејствија за справување со КОВИД-19 и заради економските мерки.

English

Од 58-мата седница на Владата: Донесени протоколите за запишување и за приемните и другите испити во прво одделение во основните училишта, во средните училишта, во Математичко-информатичката гимназија и на високообразованите институции

29 мај 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 58-ма седница ги разгледа и ги усвои Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта, Протоколот за постапување на средните училишта во Република Северна Македонија за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година, Протоколот за постапување на Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на учениците во учебната 2020/2021 година, како и Протокол за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во состав, за изведување на испитите.

English

Пауновски: Државниот пазарен инспекторат после вчерашниот увид на терен, но и поради тенденцијата на сериозните пропусти и непочитување на одредбите, ригорозно ќе ги применува своите надлежности и ќе казнува

29 мај 2020


Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски на денешната вонредна прес-конференција, по одлуката на Владата вчера да  бидат отворени кафетериите и угостителските објекти за послужување храна, информираше дека инспекторите интензивно работат на терен, при што во текот на контролата е забележано непридржување во примената на протоколите за отворање и работа на кафетериите и на угостителските објекти за исхрана.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS