Вицепремиерот Aнѓушев: Oдговорноста да се имплементираат целите за одржлив развој е на оваа Bлада и затоа во програмските определби поставивме најголем дел од целите на Aгендата 2030

27 февруари 2019

Заменикот на претседателот на Владата за економски прашања д-р Кочо Анѓушев присуствуваше на церемонијата за доделување на наградите „Предводници на Целите за одржлив развој“, што се одржа за првпат во нашата земја, како дел од проектот „Градење меѓуресорски партнерства за одржлив развој“. Проектот е спроведен од организациите „Konekt“, „Agora“ и „Network Bulgaria“, а е поддржан од УНИЦЕФ  и Делегацијата на Европската Унија. Обраќајќи се пред добитниците на наградите, претставници на компании, поединци и млади бизнис лидери, Вицепремиерот ја истакна важноста на исполнувањето на овие цели и улогата што овие компании ја имаат.

English

Положување цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски по повод 15 годишнината од неговата трагична смрт

26 февруари 2019

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, составена од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и националниот координатор за подготовка за членство на РСМ во НАТО, Стево Пендаровски положи венец од свежо цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски на гробиштата во Бутел, по повод одбележување на 15 годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател.

English

Панел дискусија за Оперативниот план за вработување 2019: Менторската и финансика поддршка од ОП ми помогна многу да се осмелам и да почнам сопствен бизнис

25 февруари 2019

Преку три панел дискусии со претставници од институциите, бизнис заедницата, но и низ лични приказни, денеска беа презентирани новите активни мерки од Оперативниот план за вработување во 2019 година. 

English

Вицепремиерот Анѓушев на средба со германскиот советник Валтер Дефа – користејќи германски искуства до побрз економски развој на Република Северна Македонија

25 февруари 2019

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, се сретна со амбасадорот на СР Германија, Н.Е. Томас Герберих и со д-р Валтер Дефа, специјалниот советник номиниран од Владата на СР Германија, кој како искусен професионалец се очекува да даде поддршка на Владата во  спроведување на економските политики.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS