Прес конференција на ЗПВРМ Анѓушев, МЕ Бектеши и ДФИТР Деспотовски

Ве информираме дека на 1 март 2018 година (четврток), во Медија центарот на Владата на Република Македонија во 11:00 часот, д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, м-р Крешник Бектеши, министер за економија и Јован Деспотовски, директор на фондот за иновации и технолошки развој, ќе одржат конференција за медиумите.

Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат на конференцијата за медиуми и да ги проследат обраќањата на вицепремиерот  Анѓушев, министерот Бектеши и директорот Деспотовски.

Премиерот Заев и владината делегација се сретна со Претседателот на ЕБОР: 86 милиони евра за патна инфраструктура во Македонија

27 февруари, 2018 година

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и членовите на владината делегација во состав Заменик претседател на владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, Министерот за финансии Драган Тевдовски и Министерот за економија Крешник Бектеши, остварија средба со претседателот на Европската банка за обнова и развој Сума Чакрабарти во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во организација на ЕБОР.

English

Учество на вицепремиерот Анѓушев на Инвестициски самит на ЕБОР

Ве информираме дека на 26 февруари 2018 година (понеделеник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, како член на официјална Владина делегација ќе учествува на „Инвестицискиот самит за Западен Балкан“ кој ќе се одржи во седиштето на Европската банка за обнова и развој во Лондон, Обединето Кралство.

Вицепремиерот ќе се обрати на панелот „Одржлив регионален енергетски модел“, ќе присуствува на билатералната средба со претседателот на ЕБОР, г-дин Сума Чакрабарти и ќе се сретне со г-ѓа Сју Берет, директор на ЕБОР за транспорт.

 

Тркалезна маса на Советот на странски инвеститори 21.02.2018

Ве информираме дека на 21 февруари 2018 година (среда), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе учествува и ќе се обрати на „Тркалезната маса за проектот на Советот на странски  инвеститори  - Зголемување  на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“.

Настанот ќе се одржи во сала 4 на петтиот кат во објектот на Стопанската комора на Македонија, а ќе започне во 13:00 часот.

Учество на вицепремиерот Анѓушев на Работна средба на Клубот на консултанти

Ве информираме дека на 20 февруари 2018 година (вторник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, ќе учествува и ќе се обрати на „Работната средба за презентација на активностите на Kлубот на консултанти“ при Стопанската комора на Македонија.

Настанот ќе се одржи во сала 4 на петтиот кат во објектот на Стопанската комора на Македонија, а ќе започне во 11:00 часот.

Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат на настанот и да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев.

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS