Од 55-та седница на Владата: Договорен откупот на вишокот тутун; Започна постапката за втората транша од 80 милиони евра од ЕУ поддршката за Ковид мерките, привремено запира ископот на чакал на р. Пчиња, додека трае инспекцискиот увид

18 март 2021


На својата редовна 55-та седница што се одржа вечерва, Владата ја разгледа и усвои информацијата за состојбите за откуп на тутун од реколта 2020 година и донесе заклучок да му се укаже на Тутунскиот комбинат Прилеп да ги преземе сите активности да се откупат дополнителни 700 тони тутун од вишокот од последната реколта.

Undefined

Битиќи: Креираме политики кои ќе овозможат предвидливо бизнис опкружување и привлекување на капитално интензивни инвестиции кои ќе се дел од домашниот и глобалниот вредносен ланец

18 март 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес учествуваше на панел дискусија која беше дел од настанот на кој беше презентирана публикацијата „Потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за економското закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија“, како дел од проект кој го спроведе тинк-тенк организацијата „Фајнанс тинк“, со финансиска поддршка од Владата на Велика Британија и британската амбасада во нашата земја.

Undefined

Заев и Битиќи со делегација на Бизнис конфедерацијата: Владата е секогаш конструктивен партнер за соработка кога станува збор за иновативни решенија во економско-финансиското работење

17 март 2021


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, прими делегација на Бизнис конфедерацијата на Македонија предводена од извршниот претседател Миле Бошков.

Undefined

Премиерот Заев на состанок со Асоцијацијата на странски компании: Партнерски креираме поволен деловен амбиент за зголемување на извозот и за нови инвестиции

17 март 2021


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и владиниот економски тим одржаа онлајн состанок со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и со Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство во рамките на Советот на странски инвестиции, чиј претседател е Виктор Мизо.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS