Вицепремиерот Битиќи и претседателката на ССК Арсовска ја претставија електронската платформа за туризам – Преку иновативни, паметни и дигитални решенија се зголемува понудата за домашни и странски туристи

15 март 2021


Денес, во Владата на Република Северна Македонија, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, извршија презентација на новата електронска платформа „Македонски туристички водич“ (https://tourism.mk). Станува збор за иновативно, паметно и дигитално решение, кое на домашните и странски туристи им овозможува голем број на услуги, преку прегледи на угостителски и сместувачки капацитети, планирање на патувањата во нашата земја, но и кое дава предлози, кои се културни знаменитости може да се посетат за време на патувањето.

Undefined

Битиќи: Земјоделието е главна гранка во руралните средини и еден од поважните сектори во РСМ

15 март 2021


Денеска, Владата на Република Северна Макединија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во соработка со Министерството за земјоделство на Турција и турската агенција за управување со земјоделскиот осигурителен систем - ТАРСИМ, како и проектот InsuResilience Solution Fund Project  и Еуропа РЕ,започна тридневна работилница за воспоставување на земјоделски осигурителен пул, како прв јавен настан со кој започнуваат активностите на кои работи МЗШВ, во насока на воспоставување на одржлив систем за заштита на земјоделците од катастрофалните временски непогоди. 

Undefined

Од 53-та седница на Владата: Девет од пријавените 10 конзорциуми се квалификуваа за втората фаза за ХЕЦ Чебрен; Северна Македонија влегува во проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос

13 март 2021 


На синоќешната 53-та седница, Владата на Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река (ХЕЦ Чебрен) заедно со Извештајот за спроведена евалуација на пристигнатите пријави за учество во Фаза 1 - претквалификација.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на консултативна средба со граѓански организации за секторски политики за конкурентност и иновации - Преку секторски работни групи ги приоретизираме проектите важни за членството во ЕУ и подобар живот на граѓаните

12 март 2021


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, учествуваше на консултативен состанок за секторски политики за конкурентност и иновации, кој се одржа во рамките на проектот „Со дијалог кон ЕУ“, а кој го спроведуваат граѓанските организации „Евротинк“,  „Центар за граѓански комуникации“, „Peak-op, истражување во акција“, а со поддршка од „Фондацијата отворено општество“ и Делегацијата на Европската Унија.

Undefined

Продолжен рокот за поднесување на годишна сметка до Централниот регистар

12 март 2021

Рокот за електронско поднесување на годишна сметка до Централниот регистар се продолжува заклучно со 25.03.2021 година до полноќ.  

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS