Календар на настани

Учество на вицепремиерот Анѓушев на активности во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан

Ве информираме дека Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев на 17-ти и 18-ти мај ќе оствари службена посета во Република Бугарија каде што ќе учествува на дел од активностите во рамките на самитот ЕУ-Западен Балкан.

На 17-ти мај во попладневните часови вицепремиерот Анѓушев, ќе учествува на настан во организација на Светскиот економски форум, додека на 18-ти мај во утринските часови ќе учествува на „Виенскиот економски форум“, настани кои ќе се одржуваат во Националниот дворец на културата во Софија.

„Презентација на работата на Кончар во Македонија“

Ве информираме дека на 10 мај 2018 година (четврток), Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев ќе присуствува и ќе се обрати на два настани.

Со почеток од 10:00 часот во хотел Холидеј Ин, вицепремиерот Анѓушев ќе присуствува и ќе се обрати на настан, „Презентација на работата на Кончар во Македонија“, додека со почеток од 11:00 часот вицепремиерот ќе присуствува на годишното собрание на Македонско – бугарската стопанска комора во хотелот Парк резиденс.

Дваесетта седница на Советот за рамномерен регионален развој 9 Мај 2018 година

Ве информираме дека на 9 мај 2018 година (среда), во Свечената сала на Владата на Република Македонија ќе се одржи дваесеттата седница на Советот за рамномерен регионален развој.

Покануваме претставници на медиумите во 10:45 да снимат инсерти од Седницатa во Свечената сала, a потоа околу 11:00 часот да земат изјави од вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Работна посета на вицепремиерот Анѓушев во Штип

Ве информираме дека на 6 мај 2018 година (недела), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе биде во работна посета на Штип.

Најпрво околу 12:30 часот вицепремиерот ќе ја посети текстилната компанија Албатрос во Штип (ќл. Железничка бр. 21), кадешто ќе оствари средба со менаџментот на компанијата, а по средбата ќе има можност за изјави за медиумите.

Посетата на Штип ќе ја заокружи со средба со менаџментот на компанијата Актива, во нивниот производствен капацитет.

Свечено отворање на капцитетот на компанијата Антура МК во Кочани

Ве информираме дека на 5 мај 2018 година (сабота), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, на покана на инвеститорот, ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на вториот производствен капацитет на компанијата Антура МК во Кочани.

Настанот ќе се одржи во кругот на компанијата Антура (ул. Оризова бр. 15) во Кочани, а официјалниот дел започнува во 12:00 часот.

Pages

Subscribe to RSS - Календар на настани