Конфиндустрија Италија отвори канцеларија во Македонија – Вицепремиерот Анѓушев: Со Планот за економски раст ќе стимулираме резултати на компаниите

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев,  се обрати на „Презентацијата на Конфиндустрија Македонија“, во врска со отворање на канцеларија на Конфиндустрија Италија во Република Македонија.

English

Заврши Трансатлантскиот економски форум во Вашингтон – Премиерот Заев единствен од регионот со награда за лидерство

16 ноември, 2017 година

 

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на завршната свеченост на Трансатлантскиот економски форум во Вашингтон, во име на Премиерот Зоран Заев ја прими наградата „Лидери на Медитеранот“, која се доделува за особен придонес за поттикнувањето на трговијата и инвестициите во Медитеранот.

„Наградата која денес ја примам, во името на премиерот Зоран Заев, е признание за неговата работа, но и за работата на Владата која ја предводи. Бидејќи добро го познавам и имам можност секојдневно да работам со него, тврдам дека оваа награда ќе оди во вистински раце“, изјави вицепремиерот пред присутните.

English

Известување

15 ноември, 2017 година

Почитувани,

Ве информираме дека Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев денес е трет ден во официјална посета на Вашингтон, САД и потсетуваме дека посетата ќе трае до 16-ти ноември 2017 година.

English

Известување

14 ноември, 2017 година

Почитувани,

Ве информираме дека Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев денес е втор ден во официјална посета на Вашингтон, САД и потсетуваме дека посетата ќе трае до 16-ти ноември 2017 година.

English

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Владата, Министерството за локална самоуправа и Амбасадата на Швајцарија

10 ноември, 2017 година

Со потпишување на Меморандум во Владата на Република Македонија од страна на вицепремиерот за економски прашања, г. Кочо Анѓушев, министерот за локална самоуправа г. Сухејл Фазлиу и амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија НЕ Сибил Сутер Техада, отпочнува имплементацијата на нов проект за поттикнување на рамномерниот регионален развој во државата, во вредност од 5,4 милиони швајцарски франци.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS