17 декември, 2017 година
Почитувани,
Ве информираме дека утре, на 18 декември 2017 година (понеделник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се обратат на официјалното отворање на „Националната работилница за градење капацитети и подигнување на свеста за искористување на можностите за соработка со Зелениот климатски фонд“.
Работилницата е во организација на Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања со техничка и финаниска поддршка од Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО) и Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП).
Свеченото отворање на работилницата ќе започне во 09:30 часот, а ќе се одржува во хотелот Александар Палас. По завршување наофицијалните обраќања, околу 10:30 часот планирани се и изјави за медиумите.
Задоволство ни е да ги поканиме претставниците на медиумите да присуствуваат на свеченото отворање на работилницата, да ги проследат обраќањата на вицепремиерот Анѓушев и министерот Николовски, да земат изјави и да снимат инсерти од настанот.