Вицепремиерот Битиќи во посета на компанијата Актива и на средба со стопанственици од Штип – Поддршка од Владата за домашни компании за креирање на нова развојна економија во Северна Македонија

2 октомври 2020


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес ја посети компанијата Актива и реализираше средба со стопанственици кои работат во Штип и околните места.

По посетата на производствениот погон на компанијата Актива, вицепремиерот Битиќи посочи дека оваа компанија е еден извонреден пример на успешна домашна компанија, која одлично се справила со предизвикот од пандемијата со коронавирусот, а во исто време успеала да остане конкурентна на домашниот, регионалниот и меѓународниот пазар.

„Оваа компанија е добра илустрација на она што ние сакама да го постигнеме, а тоа е новата развојна економија. Оваа компанија започнала со работа во 1999 година, со еден песонален компјутер од децата на сопственикот, а сега прерасна во компанија која вработува 500 лица, со годишен промет од над 30 милиони евра“, подвлече вицепремиерот.

Штипската компанија Актива, во оваа година кога се случува голема економска криза насекаде во светот, има реализирано инвестиција од околу 4 милиони евра, за да произведува метални производи кои се составен дел од синџирите на набавка на големите светски компании и инвеститори во Северна Македонија, но и надвор од нашата земја.

„Со овие инвестициски активности, компанијата покажува дека дури и во помал град, со стратегија и желба, но и поддршка од страна на државата, компаниите може да растат и да стануваат уште поконкурентни од претходно. Во 2018 година Актива потпиша договор за финансиска поддршка со Владата, кадешто ние како Влада се обврзавме да ги следиме нивните активности во инвестицискиот циклус во наредните 5 години. Во нивните планови, поврзани со соработка со странски компании, планираат во наредната година дополнителни инвестиции од 7 милиони евра, која исто така би можела да биде поддржана од Владата.

Кога Владата одлучи да ги третира на ист начин домашните и странските инвеститори, направивме прав избор, да ги поддржиме и нашите домашни компании“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по средбата со менаџментот на Актива и обиколката на нивните производствени капацитети.

ВД градоначалникот на Штип, Јане Миланов, рече дека четвртиот сет на мерки, кој го донесе Владата на Република Северна Македонија, е одлична можност за компаниите од Штип, а верува дека со нив ќе се одржи локалната економија и ќе се зголеми способноста на компаниите за ревитализација во пост ковид периодот.

Сопственикот на Актива Иле Николов, посочи дека нивната компанија е рангирана на 35-то место помеѓу 200-те најуспешни компании во Северна Македонија, пришто ја дека поддршката од страна на Владата била од помош за побрз раст на компанијата и реализација на развојни проекти, за повисока конкуретност на компанијата на меѓународните пазари.

Четвртиот пакет на мерки беше тема на дискусија на средбата помеѓу вицепремиерот Битиќи и стопанствениците во Штип и околината. Тој потсети дека во четвртиот сет на мерки, кој е со проектиран вредност од 470 милиони евра, се содржани мерки кои се однесуваат за поддршка на плати за компаниите кои работат со загуби, намалување на даночни стапки, кредити со ниски каматни стапки, одложено плаќање на обврските кон државата, грантови кон најпогодените сектори како што се угостителството и туризмот и уште многу мерки кои ќе го олеснат овој кризен период на компаниите, но и на граѓаните на Северна Македонија.

 

 

Линк до видео со инсерти од посетата на вицепремиерот Битиќи во Штип и изјави на Вицепремиерот, вд градоначалникот на Штип Јане Миланов и сопственикот на Актива Иле Николов:

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: