Средба на вицепремиерот Битиќи со полскиот амбасадор Тицињски – Економската соработка со земјите членки на ЕУ е врвен приоритет

15 октомври 2020


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Војциех Тицињски, со кого разговараа за економската соработка помеѓу двете земји, како и за реформите потребни за целосно интегрирање на нашата земја во Европската Унија.

Амбасадорот Тицињски потенцираше дека помеѓу двете земји постои цврсто пријателство и дека нема отворени политички и економски прашања, а Полска останува посветена во поддршката на евро-интегративниот процес на Република Северна Македонија.

Економската соработка помеѓу двете земји е на задоволително ниво, констатираа вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Тицињски, при што заклучија дека Полска е континуирано помеѓу 15-те земји со кои Северна Македонија остварува најголема трговска размена, која во 2019 година изнесуваше околу 300 милиони евра.

Вицепремиерот Битиќи подвлече дека врвен приоритет на Владата, кога станува збор за економската соработка, е одржување и унапредување на економските врски со земјите од Европската Унија. Северна Македонија најголемиот дел од трговската размена го прави токму со членките на ЕУ, а воедно тежнее да стане полноправна членка на Унијата.

Во однос на соработката со Полска вицепремиерот го нотираше контуинуираното зголемување на бројот на полски туристи кои доаѓаат во нашата земја, при што посочи дека Северна Македонија нуди квалитетен езерски, културен и активен туризам, со што е атрактивна дестинација за голем број на туристи.

Битиќи истакна дека Северна Македонија би сакала да ги искористи искуствата од Полска во процесот на спроведување на реформи потребни за пристапување кон ЕУ, како и за подигнување на конкурентноста на домашната економија, преку формирање на технолошки паркови, развој на ИТ секторот и дигатилзацијата.

Планираните инфраструктурни проекти во патната, железничката, гасната и електро –енергетската инфраструктура се една од можностите за зголемување на економската соработка помеѓу двете земји, преку јавните тендери кои ќе бидат објавени и на кои ќе омжат да аплицираат и компаниите од Полска спцеијализирани за изведување на инфраструктурни проекти од овие области.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Тицињски  се согласија да продолжи комуникацијата во насока на подобрување на економските релации и изнаоѓање на најсоодветни решенија за економски развој на двете земји. 
 

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: