Претставен новиот дигитален продукт за бесплатна поддршка на мали и средни претпријатија – www.bizz4all.mk

7 декември 2020


Со цел поддршка на малите и средни претпријатија, директно погодени од Ковид 19 кризата, денеска заменикот на Претседателот на Владата задолжен задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации Нарине Сахакјан и амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Сибил Сутер, на он-лајн настан го претставија новиот дигиталниот продукт www.bizz4all.mk.

Преку оваа платформа, на малите и средни претпријатија погодени од Ковид-19 кризата, им се нуди можност за директна и бесплатна советодавно – техничка асистенција од страна на искусни и стручни бизнис ментори. Тие заедно со фирмите ќе работат во правец на креирање нови стратегии, пронаоѓање нови пазари и градење на нов пристап кон пазарот, подобрување на продажбата, начинот на работење, управување со финансиите, пристап до финансии итн.

„Со дигиталниот продукт www.bizz4all.mk, го надополнуваме сетот активности за поддршка на малите и средни претпријатија. Значењето на овие услуги и совети е дотолку поголемо што кризата трае во континуитет повеќе од 8 месеци и компаниите, освен што силно го почувствуваа првиот удар, сега се изложени на една пролонгирана криза со чии ефекти и понатаму ќе се справуваат. Во тој контекст силно веруваме дека бизнис-менторството ќе им помoгне на компаниите да донесат квалитетни одлуки во работењето и постојано да ја оценуваат својата ефективност“ -потенцираше Вицепремиерот Фатмир Битиќи.

„Министерството за труд и социјална политика за буџетот за 2021 година обезбеди 4 пати повеќе средства за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување во однос на оваа година. Пандемијата ја наметна потребата за побрзо воспоставување на дигитални алатки и платформи за работа. Создавањето на дигиталната и оригинална алатка biz4all.mk е дел од сетот мерки и интервенции за поддршка на малите и средни претпријатија,“ истакна министерката Шахпаска.

„Сите се согласуваме дека малите и средните претпријатија се главните извори на динамика, иновации и флексибилност. Затоа, наш заеднички фокус е помагањето на оваа категорија бизниси, и тоа преку менторство. Добар ментор може да и помогне на компанијата да ги согледа работите, да ги подобри и дефинира своите следни чекори.“ - подвлече Нарине Сахакјан, Постојана претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации.

„Швајцарија е силно посветена да го поддржи развојот на приватниот сектор и да ги обезбеди сите услови за градење на инклузивна демократија и пазарна економија во државата.  Продолжуваме да ја прошируваме нашата соработка со Кабинетот на Вицепремиерот за економски прашања и сите други вклучени страни.“ - потенцираше Сибил Сутер, Амбасадорката на Швајцарија.

Содржините на платформата се од информативен и едукативен карактер, а преку едноставно пополнување на информативен прашалник, секоја заинтересирана фирма ќе добие можност за остварување директна комуникација со соодветен бизнис ментор кој во одреден сет на менторски часови директно ќе работи и ќе понуди советодавно – техничка поддршка на бизнисот. Исто така, со цел да се скрати патот потребен да се одреди најсоодветната програма за финансирање за секој заинтересиран корисник, се нуди систематски и структуиран преглед на сите достапни програми, мерки и активности за поддршка од разни чинители.

Активноста е дел од проектот за создавање нови можности за вработување на ранливите категории, со акцент на развојот на бизнис секторот, поддржан од Швајцарската амбасада, а реализиран од Програмата за развој на Обединетите нации.

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: