Влада: Граѓаните можат да ја користат поддршката од 6.000 денари во било кој период без рокови и ограничувања

21 декември 2020

Владата на Република Северна Македонија потсетува дека граѓаните, кои ќе добијат 6.000 денари еднократна поддршка, истата може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања. Станува збор за околу 300.000 граѓани кои средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.

Тоа се пари наменети за граѓаните на кои им е потребна поддршка и истите може да се користат непречено веднаш по уплата на сметката. Овие средства се и остануваат за граѓаните. Дополнително целта е и да се поддржи домашната економија, преку стимулирање на личната потрошувачка.

Оваа мерка е од четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. За оваа мерка која ќе се реализира преку исплаќање на средствата на постоечката трансакциска сметка на граѓаните, испроектирани се вкупно 27,5 милиони евра. На страницата kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните може да проверат дали се на листата со внесување на својот матичен број.

 

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: