22 јануари 2021
„Се чувствувам оптимист во врска со агендата на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) која вклучува интензивен и одржлив пристап кон инклузивно закрепнувањето од Ковид - 19. На Северна Македонија и е неопходен ваков вид платформа со цел да се придвижиме напред кон глобално признатите стандарди и амбиции, и затоа го гледам новиот центар на OECD во Истанбул како извонредна можност за споделување на подобри вредности, создавање на подобри идеи и учење на подобри стратегии со цел да се добијат подобри економски перформанси и подобро општество со поголема благосостојба“, потенцираше заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во своето обраќање за време на свеченоста на која беше отворен новиот центар на OECD во Инстанбул.
Вицепермиерот Битиќи посочи дека ширењето на глобалниот дострел на OECD ќе придонесе за обединување на државите, особено во овие моменти кога треба да работиме поблиску од кога било и да се поддржуваме едни со други, со цел да истраеме во овие тешки времиња и да се движиме напред со нови сили, претворајќи ги предизвиците во можности.
„Пандемијата предизвикана од Ковид-19 направи многу штета, но на некој начин и нè зближи, ни даде можност да извлечеме јасен заклучок: единствениот начин да се победи оваа битка е да се бориме заедно. Може да се каже дека пандемијата ја подигна нашата свесност и не потсети колку навистина сме потребни едни на други, како и дека ако сакаме да го направиме овој свет подобро и побезбедно место, треба да ги здружиме нашите сили, да разменуваме идеи и да создадеме мрежа која ќе ја претставува нашата силна база за понатамошен прогрес. Се надевам дека овој центар на OECD во Истанбул ќе ги зајакне врските помеѓу Западен Балкан и Југоисточна Европа, Евроазија, Средниот исток и Северна Африка и преку олеснување на дијалогот за политики меѓу владите, вклучувајќи ги јавните, приватните и филантропски чинители, ќе има можност да стане центар, каде се разменуваат хранливи материи кои ќе ни помогнат здраво да ја негуваме нашата соработка за заеднички просперитет“, додаде вицепремиерот.
Една од главните задачи на центрите на Организацијата на економски развој и соработка, кои со центарот во Истанбул сега се 5 во светот, е да им помогнат на земјите и економиите во развој, за изнаоѓање на иновативни решенија за политики за промовирање на одржлив раст, намалување на сиромаштијата и нееднаквоста, како и за подобрување на животот на граѓаните, што уште еднаш ја истакнува важноста на овој нов центар на OECD за целиот регион.
„Градењето подобри политики за подобар живот никогаш не било потребно потребно одколку што е сега. Вистинско време е да ја воочиме реалноста и да пристапиме кон учење на нови работи и нови начини и да ја заштитиме заедничката иднина со прифаќање на околностите и создавање нови креативни начини на изнаоѓање на соодветни решенија за надминување на предизвиците. Потребни сме едни на други, повеќе од кога било, и наша должност, како одговорни политичари е да се поврземе и да растеме што повеќе, бидејќи само со растење на глобално ниво, растеме и индивидуално“, заврши вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во своето воведно излагање на свеченоста со која беше отворен OECD центарот во Истанбул.
На свеченоста свое обраќање имаа и Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, генералниот секретар на OECD, Анхел Хуриа, минстерката за трговија на Република Турција, Рухсар Пексан, министерот за економија, финансии и инвестиции на Тунис, Али Кули, и претседавачот на Комитетот за надворешни работи на OECD, Томас Шнол.