19 февруари 2021
Владата на Република Северна Македонија на денешната 46-та седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Анекс на Договорот за преземени обврски од 19.11.2020 година, склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на одобрена вакцина за КОВИД-19 преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за КОВИД-19.
За спроведување на набавката вакцината мора да биде одобрена и оттаму Владата даде согласност за склучување Анекс на Договорот во кој „одобрена вакцина“ значи вакцина против КОВИД-19 во однос на која ГАВИ има стапено во Обврска за напредна набавка и која има претквалификација од Светската здравствена организација (СЗО), стандардно/условно одобрение за пуштање во промет или одобрение за употреба во итни случаи воспоставено од Строго регулаторно тело (СРТ) или Список за употреба во итни случаи на СЗО.