Битиќи: Земјоделието е главна гранка во руралните средини и еден од поважните сектори во РСМ

15 март 2021


Денеска, Владата на Република Северна Макединија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во соработка со Министерството за земјоделство на Турција и турската агенција за управување со земјоделскиот осигурителен систем - ТАРСИМ, како и проектот InsuResilience Solution Fund Project  и Еуропа РЕ,започна тридневна работилница за воспоставување на земјоделски осигурителен пул, како прв јавен настан со кој започнуваат активностите на кои работи МЗШВ, во насока на воспоставување на одржлив систем за заштита на земјоделците од катастрофалните временски непогоди. 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања Г-дин Фатмир Битиќи,  Претседателот на советот на експерти при Агенција за супервизија во осигурувањето на Република Северна Македонија, Д-р Крсте Шајноски и Генералната Директорка на агенцијата за управување со земјоделскиот осигурителен систем - ТАРСИМ, Г-ѓа Серпил Ѓунар, во присусуво на претставници од агенцијата за управување со земјоделскиот осигурителен пул, директори на институции, академската заедница, осигурителниот сектор, и други инволвирани страни, денеска учествуваа на почетокот на тридневната работилница на тема „ Воспоставување на земјоделски осигурителен пул“.
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи истакна дека со воспоставување на земјоделски осигурителен пул, еден вид на земјоделски фонд на осигурување за земјоделството, прв од овој вид во Република Северна Македонија, ќе се овозможи сигурност на земјоделското производство. Од економски аспект, создавањето на земјоделскиот осигурителен пул е важен чекор напред за државата, со што дополнително се приближуваме кон европските стандарди. Битиќи нагласи дека целта на Владата е не само да се инвестира во градовите, туку и да се реализираат проекти со кои рамномерно ќе се развиваат и руралните делови во целата државата кои имаат огромен потенцијал за земјоделство.
„Сите ние добро знаеме дека земјоделието е главна гранка во руралните средини и еден од поважните сектори во РСМ. Земјоделието во 2020 година учествува со  8.6% од БДП. Бележиме тенденција на пораст со оглед на тоа дека земјоделието во БДП во 2019 година учествуваше со 8,2% во БДП. Сепак за мене како Заменик претседател на Владата кој го координира и секторот земјоделие останува како предизвик да работиме на реализација на проекти и програми, со кои ќе го потикнуваме зголемувањето на процентот на учеството на земјоделското производство во БДП и Република Северна Македонија да стане лидер во регионот во производство на земјоделските производи за кои реално имаме одлични услови. Ако се знае дека земјоделството е периодична гранка во државата во 2020 година, споредбено со 2019 год, во секторот земјоделство имаме зголемување на обемот на производство во три од четирите квартали и годишно зголемување на производството од 1.7%. Ова е јасен податок дека и во време на криза политиките на Владата со субвенциите и грижата даваат резултати“, посочи вицепремиерот Битиќи и додаде дека е зголемена искористеноста на ИПАРД програмата, како и вкупниот износ на субвенции за земјоделците, со што се докажува намерата на Владата за развојот на земјоделството како гранка.

Земјоделството како стопанска дејност во Република Северна Македонија, учествува со 8,6 % во вкупниот бруто домашен производ на земјата. Околу половина од вкупната територија е земјоделско земјиште, каде преовладува растителното производство. 
„Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство. Со години земјоделците се соочуваат со влијанието на природните непогоди за кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за штети при Владата на Република Северна Македонија, исплаќа во просек три и пол милиони евра годишно на основ штети од временски непогоди. Токму затоа, решивме дека е време да воспоставиме организиран пристап за прилагодување и заштита на земјоделските производи преку воспоставување на систем на земјоделско осигурување во нашата земја“ изјави министерот Хоџа.
Исто така, министерот Хоџа истакна дека МЗШВ е насочено кон зголемување на земјоделските површини, на приносот и квалитетот на земјоделските производи што ќе значи и поголеми приходи во сите семејства кои се занимаваат со земјоделско производство. 
Со цел реализација на функционален систем, МЗШВ стапи во контакт со Министерството за земјоделство на Турција и турската агенција за управување со земјоделскиот осигурителен систем - ТАРСИМи побара нивна поддршка во процесот на воспоставување. Министерот Хоџа посочи дека благодарение на позитивно возвратениот интерес од страна на ТАРСИМ, денеска сме сведоци на почетокот на процесот.

„Самостојното осигурување од непосакувани последици од природни непогоди, дава резултати, но тоа се покажа како недоволно, доколку се земе во предвид пошироката територија и обемот на изложеност на овие ризици. Тука треба да настапи осигурувањето. Тоа треба да биде решението за овие недостатоци, кои индивидуалните земјоделци неможат да ги надминат. “ – изјави претседателот на Советот на експерти при Агенција за супервизија во осигурувањето на Република Северна Македонија, Д-р Крсте Шајноски.

Како единствено решение на долг рок, за намалување на последиците од климатските непогоди, е државата да имплементира ваков исклучително квалитетен проект за земјоделско осигурување, кој ќе биде конципиран согласно долгогодишното искуство на ТАРСИМ.

„За време на нашите посети во странство, забележавме дека ТАРСИМ се разликува  од слични системи и е на понапредно ниво во многу точки, како што е ширината на покриеноста, разновидноста на осигурителните производи, компатибилноста со технологијата и одржливата струтктура. Во рамките на информациите што ги добивме, Северна Македонија е земја со исклучително поволни услови за земјоделско производство, каде може да се одгледува широк спектар на растителни производи, а одгледувањето на говеда и овци е вообичаено во одредени региони. Ова се причините зошто е многу важно да управувате со ризиците во земјоделскиот сектор во вашата земја, и чекорите кои ќе ги превземете“ - изјави Генералната Директорка на агенцијата за управување со земјоделскиот осигурителен систем - ТАРСИМ, Г-ѓа Серпил Ѓунар. Исто така, таа се заблагодари во името на нејзината земја , за укажаната доверба токму ТАРСИМ да биде концептот кој нашата земја ќе го следи во воспоставување на земјоделскиот осигурителен пул. 

Министерството, Во соработка со Владата и надлежните министерства и институции, посветено ќе работи на воспоставување на овој исклучително значаен систем за земјоделскиот сектор. Се очекува голема поддршка од осигурителната индустрија во насока на целосназаштита на  земјоделското производство од непредвидливите климатски непогоди преку соодветно осигурително покритие. Исто така, со помош на Проектот во рамки на InsuResilience Solution Фондот, МЗШВ доби техничка поддршка за реализација на сите потребни активности, сé до воспоставување на системот. 

На сите учесници на работилницата, вицепремиерот Битиќи и министерот Хоџа им посакаауспешна работа, плодни дискусии и размена на мислења за постигнување на целта, а тоа е заштита на земјоделското производство од временските непогоди, преку сигурен одржлив систем на земјоделско осигурување. Воедно, министерот Хоџа   се заблагодари на возвратениот интерес од страна на ТАРСИМ и желбата да  помогнат во процесот на развој на концептот и поставување на основите на овој систем. 

 

*****

Bytyqi: Bujqësia është degë kryesore për zonat rurale dhe një nga sektorët më të rëndësishëm në RMV

 

Sot, Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Ministria e Bujqësisë, Pylltarisë dhe Ekonomisë së Ujërave (MBPEU) në bashkëpunim me Ministrinë e Bujqësisë së Turqisë dhe Agjencinë Turke të Sistemit të Sigurimit Bujqësor të Menaxhimit - TARSIM, si dhe me Projektin InsuResilience Solution Fund Project dhe Europa RE, filluan punëtorinë  tre ditore për krijimin e pulit të sigurimeve bujqësore, si ngjarja e parë publike me të cilën fillojnë aktivitetet, për të cilat është angazhuar MBPEU-ja, e që ka qëllim krijimin e sistemit të qëndrueshëm për mbrojtjen e fermerëve nga katastrofat natyrore.
Ministri i Bujqësisë, Pylltarisë dhe Ekonomisë së Ujërave Arjanit Hoxha, së bashku me Zëvendëskryeministrin e Republikës së Maqedonisë së Veriut, përgjegjës për Çështje Ekonomike z. Fatmir Bytyqi, Kryetarin e Këshillit të Ekspertëve në Agjencinë e Mbikëqyrjes së Sigurimeve të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Dr. Krste Shajnoski dhe Drejtoreshën e Përgjithshme të Agjencisë së Menaxhimit të Sigurimeve Bujqësore - TARSIM, Znj. Serpil Gjunar, në prani të përfaqësuesve të Agjencisë së Menaxhimit të Sigurimeve Bujqësore, drejtorëve të institucioneve, komunitetit akademik, sektorit të sigurimeve dhe palëve tjera të involvuara, sot morën pjesë në fillimin e punëtorisë tre-ditore me temë "Krijimi i pulit të sigurimeve bujqësore".
Zëvendëskryeministri për Çështjet Ekonomike, Fatmir Bytyqi tha se krijimi i pulit të sigurimeve bujqësore, që është një lloj fondi bujqësor i sigurimeve për bujqësinë, i pari i këtij lloji në Republikën e Maqedonisë së Veriut, do të ofrojë siguri më të madhe në prodhimin bujqësor. Nga pikëpamja ekonomike, krijimi i pulit të sigurimeve bujqësore është një hap i rëndësishëm i hapërimit përpara të vendit, i cili na afron edhe më shumë me standardet evropiane. Bytyqi gjithashtu theksoi se qëllimi i Qeverisë nuk është vetëm të investojë në qytete, por edhe të zbatojë projekte që do të zhvillojnë në mënyrë të barabartë edhe zonat rurale, të cilat kanë potencial të madh për bujqësi.
"Ne të gjithë e dimë mirë që bujqësia është një degë kryesore pëpr zonat rurale dhe një nga sektorët më të rëndësishëm në RMV. Pjesëmarrja e bujqësia në vitin 2020 ishte 8.6% në Bruto Prodhimin Vendor. Këtu vërehet tendenca e rritjes pasi në vitin 2019 bujqësia në BPV ishte e përfshirë me 8.2%. Sidoqoftë, për mua si Zëvendëskryeministër që koordinon edhe sektorin e bujqësisë, mbetet një sfidë për t'u angazhuar në zbatimin e projekteve dhe programeve, të cilat do të inkurajojnë rritjen e përqindjes së prodhimit bujqësor në BPV dhe Republika e Maqedonisë së Veriut të bëhet lider në rajon në prodhimin e produkteve bujqësore për të cilat me të vërtetë kemi kushte të shkëlqyera. Nëse dihet se bujqësia është degë periodike në vendin tonë, në vitin 2020, krahasuar me vitin 2019, në sektorin e bujqësisë ne kemi pasur një rritje të prodhimit në tre nga katër tremujorët dhe një rritje vjetore të prodhimit që shkon në 1.7%. Ky është një fakt i qartë se edhe në kohë krize, politikat e Qeverisë me subvencione dhe me kujdesin e treguar japin rezultate," tha Zëvendëskryeministri Bytyqi, duke shtuar se shfrytëzimin i programës IPARD, si dhe shuma totale e subvencioneve për fermerët, është rritur, gjë që dëshmon synimin që ka Qeveria për zhvillimin e bujqësisë si degë.

Bujqësia si aktivitet ekonomik në Republikën e Maqedonisë së Veriut, merr pjesë me 8,6% në bruto prodhimit të përgjithshëm vendor. Rreth gjysma e territorit të përgjithshëm është tokë bujqësore, ku mbizotëron prodhimi bimor.
"Ndryshimet klimatike janë kërcënim serioz për prodhimin bujqësor. Për vite me rradhë, fermerët janë përballur me ndikimin e katastrofave natyrore për të cilat Ministria e Bujqësisë, Pylltarisë dhe Ekonomisë së Ujërave dhe Komisioni për vlerësimin e dëmeve në Qeverinë e Republikës së Maqedonisë së Veriut paguajnë mesatarisht tre milion e gjysmë euro në vit për dëmet e shkaktuara nga katastrofat natyrore. Pikërisht për këtë ne si ministri vendosëm se është më se e nevojshme të krijohet qasje e organizuar për adaptimin dhe mbrojtjen e produktevebujqësore përmes implementimit të një sistemi të sigurimeve bujqësore në vendin tonë", tha ministri Hoxha.
Gjithashtu, ministri Hoxha theksoi se MBPEU ka për qëllim rritjen e sipërfaqeve bujqësore, rendimentit dhe cilësisë së produkteve bujqësore, që do të thotë të ardhura më të larta për të gjitha familjet që merren me prodhimtari bujqësore. 
Për të realizuar një sistem funksional, MBPEU ka kontaktuar me Ministrinë e Bujqësisë së Turqisë dhe Agjencinë Turke të Menaxhimit të Sigurimeve Bujqësore - TARSIM, nga ku ka kërkuar mbështetjen e tyre në procesin e krijimit. Ministri Hoxha vuri në dukje se falë kthimit pozitiv të interesit nga ana e TARSIM, sot jemi dëshmitarë të fillimit të procesit.

"Vetë-sigurimi kundër pasojave të padëshiruara të katastrofave natyrore jep rezultate, por kjo rezulton e pamjaftueshme, duke pasur parasysh territorin e gjerë dhe shkallën e ekspozimit ndaj këtyre rreziqeve. Këtu duhet të intervenojë sigurimi. Kjo duhet të jetë zgjidhja e këtyre mangësive, të cilat fermerët individualë nuk mund t'i kapërcejnë", tha Kryetari i Këshillit të Ekspertëve në Agjencinë e Mbikëqyrjes së Sigurimeve të Republikës së Maqedonisë Veriore, Dr. Krste Shajnoski.

Zgjidhja e vetme në planin afatgjatë, për të zvogëluar pasojat e katastrofave klimatike, është që shteti të zbatojë një projekt kaq të jashtëzakonshëm me cilësi të lartë për sigurimet bujqësore, i cili do të konceptohet në përputhje me përvojën e gjatë të TARSIM.

"Gjatë vizitave tona jashtë vendit, kemi vërejtur që TARSIM ndryshon nga sistemet e ngjashme dhe është në një nivel më të avancuar në shumë aspekte, siç janë gjerësia e mbulimit, larmia e produkteve të sigurimeve, pajtueshmëria me teknologjinë dhe strukturën e qëndrueshme. Sipas informacionit që morëm, Maqedonia e Veriut është një vend me kushte jashtëzakonisht të favorshme për prodhimin bujqësor, ku mund të rritet një gamë e gjerë e produkteve bimore, kurse rritja e bagëtive është e zakonshme në rajone të caktuara. Këto janë arsyet pse është shumë e rëndësishme për të menaxhuar rreziqet në sektorin e bujqësisë në vendin tuaj, dhe hapat që do të ndërmerrni", tha Drejtoresha e Përgjithshme e Agjencisë për Menaxhimin e Sistemit të Sigurimeve Bujqësore - TARSIM, Znj. Serpil Gjunar . Ajo gjithashtu falënderoi në emër të vendit të saj për besimin që pikërisht TARSIM të jetë koncepti që vendi ynë do të ndjekë në krijimin e pulit të sigurimeve bujqësore.
Ministria, në bashkëpunim me Qeverinë dhe ministritë dhe institucionet kompetente, do të punojnë me zell për krijimin e këtij sistemi jashtëzakonisht të rëndësishëm për sektorin e bujqësisë. Pritet mbështetje e madhe edhe nga industria e sigurimeve në mënyrë të mbrojtjes së tërësishme të prodhimmit bujqësor nga katastrofat e paparashikueshme natyrore përmes mbulimit adekuat të sigurimeve. Gjithashtu, me ndihmën e Projektit në kuadër të Fondit InsuResilience Solution, MBPEU-ja ka fituar mbështetje teknike për zbatimin e të gjitha aktiviteteve të nevojshme, deri në vendosjen e sistemit.
Zëvendëskryeministri Bytyqi dhe ministri Hoxha i uruan të gjithë pjesëmarrësit në këtë punëtori punë të suksesshme, debate dhe shkëmbime pikëpamjesh të frytshme për të arritur qëllimin e përbashkët, që është mbrojtja e prodhimit bujqësor nga katastrofat natyrore, përmes një sistemi të besueshëm e të qëndrueshëm të sigurimeve bujqësore. Në të njëjtën kohë, ministri Hoxha falënderoi për interesin e kthyer dhe dëshirën e shfaqur nga ana e TARSIM për të ndihmuar në procesin e zhvillimit të konceptit dhe hedhjes së themeleve të këtij sistemi.

 

Линк до видео со изјавите на вицепремиерот Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа:

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: