Битиќи: Креираме политики кои ќе овозможат предвидливо бизнис опкружување и привлекување на капитално интензивни инвестиции кои ќе се дел од домашниот и глобалниот вредносен ланец

18 март 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес учествуваше на панел дискусија која беше дел од настанот на кој беше презентирана публикацијата „Потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за економското закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија“, како дел од проект кој го спроведе тинк-тенк организацијата „Фајнанс тинк“, со финансиска поддршка од Владата на Велика Британија и британската амбасада во нашата земја.

Пред почетокот на настанот во изјава за медиумите вицепремиерот Битиќи укажа дека Владата активно ја следи состојбата и преку реализација на соодветни економски мерки, со кои се зачувани работните места, се одржа ликвидноста на компаниите, а се стимулираше и понатамошен развој на бизнис субјектите, со што се успеа да се ублажат негативните ефекти, пришто падот на трговската размена стигна до -10%, а бруто домашниот производ во рамките на проекциите, од -4,5%. 

„Извозно ориентираните компании се оние кои ќе имаат голема улога во економското закрепнување.Токму затоа преку четвртиот и петтиот пакет на мерки веќе не зборуваме само за помош, туку и поттикнување на нови инвестициии активности на овие производствени компании. Тука би ги истакнал Фондот за поддршка на извозни компании, бескаматните кредити од Развојна банка, но и Законот за државна гаранција за кредитирање, кој ќе донесе дополнителна ликвидност за компаниите, а државата ќе гарантира за влогот.  Преку отворен пристап и дискусија со сите релентни чинители сторивме се во рамките на можностите да ги ублажиме последиците и успеавме во тоа“, нагласи Битиќи во изјава за медиумите.

Зборувајќи на панел дискусијата Вицепремиерот нагласи дека улогата на владите, како во нашата земја, така и во другите земји во светот, е да креира макроекономски политики за поддршка на стопанството и на граѓаните, за да се овозможи одржлив и побрз економски развој.

„Постојат два начина во креирањето на политиките. Едниот е Владата да креира политики со коишто државата ќе ги носи на грб стопанствениците, што значи дека политиката ќе го трасира патот во економијата и државата ќе ги носи компаниите по него, додека вториот пристап е да се изгради патот, а бизнисот сам да го најде начинот да го помине тој пат. Верувам дека вториот пристап е вистинскиот и додека сум на оваа позиција, верувам дека заедно со сите чинители ќе го трасираме патот по кој потоа стопанството полесно ќе се движи“, започна во своето излагање Битиќи.

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања додаде дека отворениот пристап за соработка, со вклучување на сите релевантни чинители во креирањето на економските политики, се покажа како успешен модел во креирањето на краткорочните политики, особено значајни за справувањето со економската криза, а истотот важи и за создавање на долгорочни политики за развојот на економијата.

„Државата, а тоа сме сите ние, не е само Владата и ние во изминатиот период покажавме дека кога има дискусија помеѓу сите чинители во општеството, мерките и политиките даваат соодветен резултат“, додаде Битиќи.

Вицепремиерот заклучи дека наодите од публикацијата во голема мера се совпаѓаат со резултатите од анализите направени од страна на Владата и министерствата и дека веќе се започнати повеќе процеси со кои се прават напори за надминување на одредени предизвици, со кои се соочуваат извозно-ориентираните компании.

„Требаше да се случи ковид кризата за да ние сите почнеме да размислуваме и гласно да дебатираме по едно многу важно прашање: Дали сакаме да креираме економија која се заснива на трудоинтензивни дејности или економија којашто се заснива на високи технологии, дигитализација и повисока продуктивност? Студијата јасно покажува која е разликата помеѓу извозно ориентираните компании и оние компании кои не се насочени кон извозот, а кои се однесуваат токму на технолошкиот развој, продуктивноста и работната сила. Клучно е што извозните ориентираните компании се дел од глобалните синџири на вредности, додека домашните компании многу тешко може да станат дел од овие глобални ланци на снабдување. Токму затоа зборуваме за вклучување на се повеќе компании во глобалните синџири на вредности, но мора да се почне од домашниот пазар, па преку регионалните пазари и потоа на глобалниот вредносен ланец“, рече Битиќи.

Вицепремиерот потсети дека на последниот Самит за Западен Балкан, кој се одвива во рамките на „Берлинскиот процес“, во дискусиите кои се однесуваат за економска соработка на земјите од регионот, но и со Европската Унија, ја отворил дилемата дали земјите од регионот треба да продолжат да создаваат меѓусебна конкуренција или да се создадат процеси со кои ќе се подигне конкурентноста на целиот регион.

„Треба да работиме заедно на подигнување на регионалната конкурентност, наместо дополнително да создаваме меѓусебна конкуренција. Само така ќе им дадеме можност на нашите компании, да станат дел од вредносните ланци, на локално, регионално или глобално ниво“, додаде вицепремиерот.

Битиќи покажа дека ковид кризата покажа дека да се биде дел од вредносните ланци, може да биде и предизвик и предност, од една страна покажа колку извозно ориентираните компании се ранливи при вакви кризи, но исто така, покажа и дека овие компании имаат многу помал период на опоравување.

„Извозно ориентираните компании беа силно погодени од кризата, но најбрзо се опоравуваат, затоа што многу брзо може да се прилагодат и да ги субституираат пазарите кои се физички далеку. Во овој момент имаме четири иницијативи од странски компании, за нови инвестиции од странски компании, кои со своето производство ќе субституираат друго производство кое претходно било извршувано во Кина или други далечни земји. Ние како мала земја имаме голем потенцијал, но само ако креираме предвидливи политики, предвидливо деловно опкружување и заедно да работиме на овозможување на услови за развој на компаниите, а со тоа и на економијата генерално“, заврши во своето излагање вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, а за време на дискусијата со присутните укажа на тоа дека државата прави сериозни чекори за да овозможи уште подобри услови за извозно ориентираните компании, при што посочи дека веќе се донесени автономни мерки за намалување на царини на околу 100 царински стапки, а веќе во процедура е и целосно усогласување на Царинскиот тарифник со ЕУ.

На панелот заедно со вицепремиерот  дебатираа и претседателот на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство и директор на компанијата „Костал“, Виктор Мизо, како и генералниот директор на домашна извозно ориентираната компанија „Раде Кончар ТЕП“, Горан Антевски, а настанот го отвори амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Република Ирска, Н.Е. Рејчел Галовеј.

 

Линк до видео од настанот во организација на „Фајнанс Тинк“, позајмен од нивната ФБ страница

Линк до видео од изјава на ЗПВРСМ Битиќи на настан за промоција на публикација на Фајнанс Тинк:

 

*****

Bytyqi: Ne krijojmë politika që do të mundësojnë një mjedis të parashikueshëm të biznesit dhe tërheqje investimesh me kapital intensiv që do të jenë pjesë e zinxhirit vendor dhe global të vlerës

 

Zëvendëskryeministri i Qeverisë, përgjegjës për çështje ekonomike, koordinim me resorët ekonomikë dhe investimet, Fatmir Bytyqi, sot mori pjesë në një panel diskutimi që ishte pjesë e ngjarjes ku u prezantua publikimi “Potenciali i kompanive të orientuara drejt eksportit për kontributin në rimëkëmbjen ekonomike pas Covid 19 në Maqedoninë e Veriut”, si pjesë e një projekti të zbatuar nga organizata think-tank “Finance Think”, me mbështetje financiare nga Qeveria e Mbretërisë së Bashkuar dhe ambasada britanike në vendin tonë.

Para ngjarjes, në një deklaratë për media, zëvendëskryeministri Bytyqi tha se Qeveria përcjellë në mënyrë aktive situatën  dhe përmes realizimit të masave të përkatëse ekonomike, me të cilat i ruajtëm vendet e punës, mbajtëm likuiditetin e kompanive, por stimuluan zhvillimin e mëtejmë të subjekteve të biznesit, arritëm të zbusim efektet negative, rënia e tregtisë arriti në -10%, kurse produkti i brendshëm bruto brenda projeksioneve, prej -4,5%.

“Kompanitë e orientuara drejt eksportit janë ato që do të luajnë një rol të madh në rimëkëmbjen ekonomike. Kjo është arsyeja pse përmes paketës së katërt dhe të pestë të masave nuk po flasim vetëm për ndihmë, por edhe për inkurajimin për investime dhe aktivitete të reja të këtyre kompanive prodhuese. Këtu do të doja të theksoja Fondin për mbështetjen e kompanive të eksportit, kreditë pa interes nga Banka Zhvillimore, por dhe Ligjin për Garancinë e shtetit për kreditim, i cili do të sjellë investime të konsiderueshme për kompanitë, kurse shteti do të garantojë investimin. Përmes një qasje të hapur dhe diskutimi me të gjithë faktorët relevantë, ne bëmë gjithçka që ishte në fuqinë tonë për të zbutur pasojat dhe ia arritëm”, theksoi Bytyqi për mediat.

Duke folur në diskutimin në panel, zëvendëskryeministri theksoi se roli i qeverive, si në vendin tonë ashtu edhe në vendet e tjera në botë, është që të krijojnë politika makroekonomike për të mbështetur ekonominë dhe qytetarët, për të mundësuar një zhvillim të qëndrueshëm dhe më të shpejtë ekonomik.

“Janë dy mënyra për të krijuar politika. Njëra është që Qeveria të krijojë politika me të cilat shteti do t’ju qëndrojë mbrapa biznesmenëve, që do të thotë se politika do të trasojë rrugën e ekonomisë dhe shteti do të bartë kompanitë përgjatë saj, ndërsa qasja e dytë është ndërtimi i rrugës, e biznesi vetë ta gjejë mënyrën për të kaluar atë rrugë. Besoj se qasja e dytë është e vërtetë dhe përderisa unë jam në këtë pozitë, besoj se së bashku me të gjithë faktorët do ta trasojmë rrugën nëpër të cilën ekonomia do të lëvizë më lehtë,” filloi Bytyqi fjalimin e tij.

Zëvendëskryeministri i Qeverisë, përgjegjës për çështje ekonomike shtoi se qasja e hapur për bashkëpunim, përfshirë të gjithë faktorët relevantë në krijimin e politikave ekonomike, u tregua si  një model i suksesshëm në krijimin e politikave afatshkurtra, veçanërisht të rëndësishme për menaxhimin me krizën ekonomike, dhe e njëjta gjë vlen edhe për krijimin e politikave afatgjata për zhvillimin e ekonomisë.

“Shteti, çka jemi të gjithë ne, nuk është vetëm Qeveria dhe ne kemi treguar në të kaluarën se kur ka një diskutim midis të gjithë faktorëve në shoqëri, masat dhe politikat japin një rezultat të duhur”, shtoi Bytyqi.

Zëvendëskryeministri përfundoi se rezultatet nga publikimi përkojnë kryesisht me rezultatet e analizave të bëra nga Qeveria dhe ministritë dhe se disa procese tashmë kanë filluar me të cilat bëhen përpjekje për të tejkaluar sfida të caktuara, me të cilat ballafaqohen kompanitë e orientuara nga eksporti.
“Duhej të ndodhte kriza e Covidit që të gjithë ne të fillonim të mendonim dhe të debatonim me zë të lartë për një çështje shumë të rëndësishme: A duam të krijojmë një ekonomi të bazuar në aktivitete intensive të punës ose një ekonomi të bazuar në teknologji të larta, dixhitalizim dhe produktivitet më të lartë?” Studimi tregon qartë ndryshimin midis kompanive të orientuara drejt eksportit dhe atyre ndërmarrjeve që nuk janë të orientuara nga eksporti, e që i referohen pikërisht zhvillimit teknologjik, produktivitetit dhe fuqisë punëtore. Është me rëndësi që kompanitë e orientuara drejt eksportit të jenë pjesë e zinxhirëve globalë të vlerës, ndërsa kompanitë vendase vështirë se mund të bëhen pjesë e këtyre zinxhirëve globalë të furnizimit. Pikërisht për këtë ne po flasim për përfshirjen e gjithnjë e më shumë kompanive në zinxhirët globalë të vlerave, por duhet të fillojmë nga tregu i brendshëm, pastaj përmes tregjeve rajonale dhe pastaj zinxhirit global të vlerës”, tha Bytyqi.

Zëvendëskryeministri kujtoi se në Samitin e fundit të Ballkanit Perëndimor, i cili zhvillohet në kuadër të “Procesit të Berlinit”, në diskutimet në lidhje me bashkëpunimin ekonomik të vendeve në rajon, por edhe me Bashkimin Evropian, hapi dilemën nëse vendet në rajon duhet të vazhdojnë të krijojnë konkurrencë mes vete ose të krijojnë procese që do të rrisin konkurrentshmërinë e të gjithë rajonit.
 
“Duhet të punojmë së bashku për të rritur konkurrentshmërinë rajonale, në vend që të krijojmë më tej konkurrencë mes vete. Vetëm kështu do t’u japim mundësi kompanive tona të bëhen pjesë e zinxhirëve të vlerës, në nivel lokal, rajonal ose global”, shtoi zëvendëskryeministri.
 
Bytyqi tha se kriza e Covidit tregoi se të qenit pjesë e zinxhirëve të vlerës mund të jetë njëkohësisht një sfidë dhe një avantazh, nga njëra anë tregoi se sa të lëndueshme janë kompanitë e orientuara nga eksporti në kriza të tilla, por gjithashtu, tregoi se këto kompani kanë një periudhë më të shkurtër të rimëkëmbjes.
 
“Kompanitë e orientuara nga eksporti janë goditur rëndë nga kriza, por ato po rikuperohen më shpejt, sepse shumë shpejt mund të përshtatin dhe zëvendësojnë tregjet që janë fizikisht larg. Për momentin kemi katër iniciativa nga kompani të huaja, për investime të reja nga kompani të huaja, të cilat me prodhimin e tyre do të zëvendësojnë një prodhim tjetër që ishte kryer më parë në Kinë apo vende të tjera të largëta. Ne si një vend i vogël kemi potencial të madh, por vetëm nëse krijojmë politika të parashikueshme, mjedis të parashikueshëm të biznesit dhe punojmë së bashku për të siguruar kushte për zhvillimin e kompanive e me këtë edhe ekonominë në përgjithësi,” përfundoi fjalimin e  tij zëvendëskryeministri i Qeverisë, përgjegjës për çështje ekonomike Fatmir Bytyqi. Gjatë diskutimit me të pranishmit, vuri në dukje se shteti po ndërmerr hapa seriozë për të siguruar kushte edhe më të mira për kompanitë e orientuara drejt eksportit, duke theksuar se tashmë janë miratuar masat autonome për të ulur taksat doganore në rreth 100 norma doganore, dhe në procedurë është harmonizimi i plotë i Tarifës Doganore me BE-në.
 
Në panel bashkë me kryeministrin debatuan edhe kryetari i Asociacionit të kompanive me prodhimeve të avancuara teknologjikisht dhe drejtori i kompanisë “Kostal”, Viktor Mizo, si dhe drejtori i përgjithshëm i ndërmarrjes vendase të orientuar drejt eksportit “Rade Konçar TEP”, Goran Antevski, kurse ngjarjen e shpalli të hapur ambasadorja e Mbretërisë së Bashkuar të  Britanisë së Madhe dhe Republikës së Irlandës, Rejçël Gallovej.

 

Link me videon nga ngjarja e organizuar nga “Finance Think”, e huazuar nga faqja e tyre në FB

Linku i videos nga deklarata e ZKQRMV në ngjarjen e organizuar me rastin e promovimit të publikimit të Finance Think

 

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: