Средба на вицепремиерот Анѓушев со амбасадорката на Република Австрија Коблер: Со Владина поддршка ќе ја унапредиме соработката помеѓу странските инвеститори и домашните компании

6 јули, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев се сретна со амбасадорката на Република Австрија, Н.Е. м-р Ренате Коблер.

На средбата се разговараше за економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, при што соговорниците се согласија дека за поздравување е континуираниот раст на меѓусебната трговска размена од 2006 година.

Вкупните инвестиции од компании од Австрија се над 510 милиони евра, втора земја по обем во поглед на странските инвестиции, а во моментов во Македонија активно работат  педесетина австриски компании.

„Инвеститорите од странство, вклучително и оние од Република Австрија, ќе имаат искрен и отворен партнер во Владата. Странските компании кои веќе имаат инвестирано во земјата треба да се чувствуваат слободни да продолжат со своите развојни активности. Владата ќе продолжи да привлекува и нови инвеститори, а преку поддршка на домашните компании, ќе гледаме соработката помеѓу домашните и странските компании да ја подигнеме на повисоко ниво, со што бенефит ќе имаат и компаниите, но и економијата на земјата“, потенцираше Анѓушев.

Соговорниците заклучија дека економската соработка ќе продолжи да се развива и во иднина и дека се очекуваат уште подобри економски резултати.

 

English
АКТУЕЛНОСТИ: