21 април 2021
Денес се одржа он-лајн „Дискусија за националната подготовка за учество на 26-та Конференцијата за климатски промени на Организацијата на Обединети Нации“ - COP (Conference of Parties) 26 во Глазгов, која ќе се одржи од 1-12 ноември 2021 година во ко-организација на Обединетото Кралство и Република Италија, а на која дискутираа заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за економија, Крешник Бектеши, амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мери Брнз, амбасадорката на Обединетото Кралство, Н.Е. Рејчел Галовеј и амбасадорот на Република Италија, Н.Е. г. Андреа Силвестри.
Вицепремиерот Битиќи рече дека овој настан се одржува во пресрет на Самитот на лидери кој го свика претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, а чија цел е да ја зацврсти заложбата на земјите во процесот на справување со климатската криза.
„Верувам дека исходот од Самиот на лидери ќе придонесе за засилена посветеност на земјите во достигнување на сè посилните амбиции за справување со климатските промени, а кои ќе се преточат во патоказ од претстојната конференција за климатски промени која ќе се одржи во ноември во Глазгов. Денешниот настан е предвиден во пресрет и на денот на планетата Земја - 22 април, а е во рамките на неделата на планетата Земја која е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, со збир на активности“, започна вицепремиерот.
Битиќи нагласи дека обврска на Владите, како креатори на политикит, е да се водат по принципите на одржливиот развој, односно да се обезбеди развој кој ги задоволува потребите на сегашноста, без да се загрози можноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби.
„Таа обврска ја имаме и како родители, но и како граѓани на оваа планета, на оваа држава. Многу е важно политиките кои ги креираме сега, да овозможат следните генерации да ги надградат. Затоа што ние зависиме од тоа како ќе ги воспитаме нашите деца, како ќе ги едуцираме и кои принципи ќе ги втемелиме во нивното секојдневно живеење. Како што знаете, работиме со засилено темпо за остварување на Глобалните Цели за одржлив развој - го изработивме првиот Национален доброволен преглед за статусот на имплементација на Целите за одржлив развој, а во соработка со OECD започнат е проект за изготвување на дигитална платформа за Агенда 2030. Но, да се фокусираме на климатската акција, која е 13-та цел од Глобалните цели за одржлив развој. Ова се универзални цели чија намера е да создадат подобар свет до 2030 година, со ставање крај на сиромаштијата, борба против нееднаквоста и решавање на итноста на климатските промени. Водени од целите, останува на сите нас, владите, бизнисите, граѓанското општество и пошироката јавност да работиме заедно за да изградиме подобра иднина за сите. Навистина, битката со климата е сега и тука. Повеќе немаме време за подготовка. Не повеќе. Мора да делуваме сега и решително“, подвлече вицепремиерот Битиќи во своето воведно обраќање.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во своето обраќање на дискусијата, се осврна на успешното усвојување на ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима, предложен од Министерството за животна средина и просторно планирање од страна на Владата на Република Северна Македонија.
„Со поднесувањето на оваа заложба, нашата земја не само што како национална цел ја постави амбицијата во 2030 година да се постигне 51% намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година, односно 82% редукција на нето емисиите, туку и го утврди патоказот за ниско-јаглероден развој. Овој стратешки документ претставува нов, поамбициозен придонес кон глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови и е фокусиран е на ублажувањето на климатските промени. Меѓутоа спроведените анализи се исклучително релевантни и за Долгорочната стратегија за климатски промени и акцискиот план, како и нацрт Законот за климатска акција, во кои ние предвидуваме и мерки за адаптација кон климатските промени кои веќе се чуствуваат во нашата земја“, посочи Нуредини.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, зборуваше за реформите во енергетскиот сектор во државата во изминатите неколку години, при што потенцираше дека во изминатиот период активно се работеше на трансформација на енергетскиот сектор, се со цел за транзиција на земјата кон ниско јаглеродна економија.
„Република Северна Македонија кон крајот на 2019 година ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, како еден од најзначајните стратешки документи за нашата земја во областа на енергетиката и одржливиот развој. Стратегијата ги определува можните правци на развојот на енергетиката во Северна Македонија земајќи ги предвид движењата на енергетските трендови и политики во светски и европски рамки и особено во рамките на Енергетската заедница. Енергетските трендови ја нагласуваат потребата за поамбициозната транзиција кон нискојаглеродна економија, при што, во нашиот фокус се обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Горд сум што во изминатиот период ја подготвивме и донесовме потребната законска регулатива усогласена со ЕУ директивите, што е основен предуслов за енергетската реформа. Работиме и на имплементација на оваа регулатива и успешно спроведуваме проекти за изграба на фотоволтаични електроцентрали кои користат премија“, соопшти Бектеши и додаде дека Република Северна Македонија оди кон остварување на зеленото сценарио/зелената агенда, која носи предизвици, а имајќи ја предвид Софиската декларација за земјите од Западен Балкан и европскиот инвестиционен план, тој нагласи дека очекува да се привлечат зелени инвестиции, кои ќе значат и отварање на нови зелени работни места, што ќе донесе бенефит за економијата, граѓаните и за заштита на животната средина.
Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Кејт Мери Брнз, се осврна на климатските промени кои се случуваат во светот, како последица на глобалното загревање и намалувањето на Арктичкиот мраз и ги претстави амбициите на САД во насока на борба против климатските промени.
„Пред 3 години, научниците не предупредија дека имаме 12 години да донесеме одлуки и да направиме промени во однесувањето, кои пак ќе влијаат на климатските промени. Сега ни останаа 9 години. Ова е важна деценија за носење на одлуки и за акција. Во САД потрошивме милијарди долари и сеуште трошиме, секоја година, само за расчистување на штетите од елементарни непогоди. Минатата година потрошивме 55 милијарди долари, ние мора да инвестираме во спречување на овие пројави, а не расчистување на штетите. Надминувањето на климатската криза е тимска работа. Ние работиме посветено да ги намалиме емисиите и на тој начин ги охрабруваме другите земји да го сторат истото. Се вративме во Парискиот договор и го подготвуваме новиот Национален утврден придонес, за да ја поставиме САД на патека од која нема враќање назад, а тоа е 0 емисии на стакленички гасови до 2050 година“, нагласи амбасадорката на САД Брнз.
Амбасадорката на Обединетото Кралство, Н.Е. Рејчел Галовеј, рече дека климатските промени се голем предизвик за сите, како и дека по завршување на ковид кризата, секоја држава во светот ќе треба да го прифати предизвикот да создава одржлив и инклузивен одржлив економски развој.
„Свесни сме дека има бројни предизвици, но уште побројни се можностите. Во ноември оваа година, ќе се одржи Конференцијата за климатски промени на Организацијата на Обединети Нации“ - COP (Conference of Parties) 26 во Глазгов, што ќе биде најголемиот меѓународен самит организиран од Обединетото Кралство. Таму ќе се дискутира за целите и активностите кои треба да се преземат за да се постигнат тие цели. Како ко-домаќини на овој Самит, сакаме да покажеме пример, да ги намалиме стакленичките гасови што е можно повеќе и да продолжиме да се бориме против климатските промени. Вчера премиерот Борис Џонсон ја претстави најамбициозната цел, а тоа е намалување на емисиите до 75% до 2035 година“, нагласи амбасадорката на Обединетото Кралство Галовеј.
Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, во своето обраќање рече дека Италија постојано ја претставува својата силна заложба за намалување на стакленичките гасови и искажа задоволство што во рамките на ЕУ е постигнат договор за усвојување на закон за климата со кој се создава законска обврска за сите земји членки за остварување на климатска неутралност до 2050 година. Ова е носечкиот столб на „Зелениот договор“.
„37% Oд финансиите кои се одвојуваат за закрепнување од Ковид кризата ќе бидат насочени и кон усвојување на политики за зачувување на животната средина и за климатските промени. На национално ниво беше основано Министерство за еколошка транзиција, затоа што токму таа транзиција ќе биде клучна за нашата држава. Не ја гледаме оваа транзиција како трошок, туку како можност, и тоа не само затоа што ќе добиеме повисок квалитет на животот, а помалку загадување. Токму оваа транзиција може да поттикне и нови инвестиции и нови работни места, како што ни покажува искуството што го имавме во Италија (на прво место сме во Европа во циркуларната економија и во процентот на обновливи енергии). Во рамките на нашето претседавање со Г20 ја промовираме зелената агенда, како и инклузивноста на јавниот и приватниот сектор во енергетската ефикасност, ова бара вклучување не само на јавниот сектор, туку на целото општество“, рече амбасадорот на Италија Силвестри.
*****
Republika e Maqedonisë së Veriut merr pjesë aktive në aktivitetet për krijimin e një shoqërie të qëndrueshme dhe gjithëpërfshirëse - Vetëm me përpjekje të përbashkëta të të gjitha vendeve në botë mund të ndikohet në ndryshimet klimatike
Sot u mbajt online Diskutimi mbi përgatitjen nacionale për pjesëmarrje në Konferencën e 26 të ndryshimeve klimatike të Organizatës së Kombeve të Bashkuara - COP (Conference of Parties) 26 në Glasgou, e cila do të mbahet prej 1 deri më 12 nëntor 2021 në bashkëorganizim të Mbretërisë së Bashkuar dhe Republikës së Italisë, e të cilën diskutuan zëvendëskryeministri i Qeverisë, përgjegjës për çështje ekonomike, koordinim me resorët ekonomikë dhe investimet, Fatmir Bytyqi, ministri i ekonomisë, Kreshnik Bekteshi, ministri i mjedisit dhe planifikimit hapësinor, Naser Nuredini, ambasadorja e SHBA, Kejt Meri Bërns, ambasadorja e Mbretërisë së Bashkuar, Rejçël Gallovej dhe ambasadori i Republikës së Italisë, Andrea Silvestri.
Zëvendëskryeministri Bytyqi tha se kjo ngjarje mbahet para Samitit të liderëve të thirrur nga Presidenti i Shteteve të Bashkuara të Amerikës, Xho Bajden, i cili synon të forcojë angazhimin e vendeve në procesin e menaxhimit të krizës klimatike.
“Besoj se rezultati i Samitit të liderëve do të kontribuojë në përkushtimin e fuqishëm të vendeve për të arritur ambicie gjithnjë e me të fuqishme për të menaxhuar ndryshimet klimatike, e që do të shkrihen në udhërrëfyes për konferencën e ardhshme të ndryshimeve klimatike në nëntor në Glasgou. Ngjarja e sotme është planifikuar para Ditës së planetit Tokë - 22 Prill, dhe është pjesë e javës së planetit Tokë e cila është organizuar nga Ministria e mjedisit jetësor dhe planifikimit hapësinor, me një sërë aktivitetesh”, filloi zëvendëskryeministri.
Bytyqi theksoi se obligim i qeverive, si politikëbërës, është që të udhëhiqen nga parimet e zhvillimit të qëndrueshëm, gjegjësisht të sigurohet zhvillim i cili plotëson nevojat e së tashmes, pa rrezikuar mundësinë e brezave të ardhshëm për të përmbushur nevojat e tyre.
“Është obligimi ynë si prindër, por edhe si qytetarë të këtij planeti, të këtij vendi. Është shumë e rëndësishme që politikat që i bëjmë tani, të mundësojnë që brezat e ardhshëm t’i mbindërtojnë, sepse ne varemi nga mënyra se si do t’i edukojmë fëmijët tanë dhe cilat parime do t’i vendosim në jetën e tyre të përditshme. Siç e dini, jemi duke punuar me një ritëm të përshpejtuar për të arritur Qëllimet globale të zhvillimit të qëndrueshëm - kemi përgatitur një pasqyrë nacionale vullnetare të statusit të implementimit të Qëllimeve të zhvillimit të qëndrueshëm, në bashkëpunim me OECD është nisur një projekt për të zhvilluar një platformë dixhitale për Agjendën 2030. Por të fokusohemi tek aksioni klimatik, i cili është qëllimi i 13-të i Qëllimeve globale të zhvillimit të qëndrueshëm. Këto janë qëllime universale që synojnë të krijojnë një botë më të mirë deri në vitin 2030, duke i dhënë fund varfërisë, duke luftuar pabarazinë dhe duke menaxhuar urgjencën e ndryshimeve klimatike. Të udhëhequr nga qëllimet, mbetet tek të gjithë ne, qeveritë, bizneset, shoqëria civile dhe opinioni i gjerë të punojmë së bashku për të ndërtuar një ardhmëri më të mirë për të gjithë. Në të vërtetë, beteja me klimën është tani dhe këtu. Nuk kemi më kohë për t’u përgatitur. Jo më. Duhet të veprojmë tani dhe me vendosmëri”, nënvizoi kryeministri Bytyqi më fjalimin hyrës.
Ministri i mjedisit dhe planifikimit hapësinor, Naser Nuredini në fjalimin e tij në diskutim iu referua miratimit të suksesshëm të kontributit kombëtar të rishikuar në Marrëveshjen e Klimës në Paris, të propozuar nga Ministria e mjedisit dhe planifikimit hapësinor nga Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut.mbi ndryshimet klimatike.
“Me paraqitjen e kësaj përpjekje, vendi ynë jo vetëm që vendosi si një synim nacionale ambicien që në vitin 2030 të arrihet një ulje prej 51% të emisioneve të gazrave serrë krahasuar me emisionet e vitit 1990, gjegjësisht 82% ulje të emetimeve neto, por gjithashtu vendosi udhërrëfyesin për zhvillimin e karbonit të ulët. Ky dokument strategjik paraqet një kontribut të ri, më ambicioz në përpjekjet globale për uljen e emisioneve të gazrave serrë dhe fokusohet në zbutjen e ndryshimeve klimatike. Megjithatë, analizat e kryera janë jashtëzakonisht të rëndësishme për Strategjinë afatgjate të ndryshimeve klimatike dhe planin e veprimit, si dhe projektligjin për veprim klimatik, në të cilin parashikojmë masa për adaptim ndaj ndryshimeve klimatike që tashmë po ndjehen në vendin tonë”, tha Nuredini.
Ministri i ekonomisë, Kreshnik Bekteshi, foli për reformat në sektorin energjetik në vend në vitet e fundit, me ç’rast theksoi se në të kaluarën është punuar në mënyrë aktive për transformimin e sektorit energjetik, me qëllim që vendi të kalojë drejt ekonomisë me karbon të ulët.
“Republika e Maqedonisë së Veriut në fund të vitit 2019 miratoi Strategjinë e zhvillimit të energjetikë deri në vitin 2040, si një nga dokumentet më të rëndësishëm strategjikë për vendin tonë në fushën e energjetikës dhe zhvillimit të qëndrueshëm. Strategjia përcakton drejtimet e mundshme të zhvillimit të energjetikë në Maqedoninë e Veriut, duke marrë parasysh zhvillimet e trendeve dhe politikave të energjetikës në suaza botërore dhe evropiane dhe veçanërisht brenda Komunitetit energjetik. Trendet energjetike theksojnë nevojën për një tranzicion më ambicioz në një ekonomi me karbon të ulët, me fokusin tonë në burimet e ripërtëritshme të energjisë dhe efikasitetin energjetik. Jam krenar që në të kaluarën kemi përgatitur dhe miratuar rregullativën e nevojshme ligjore në përputhje me direktivat e BE-së, e cila është një parakusht themelor për reformën energjetike. Gjithashtu jemi duke punuar në implementimin e kësaj rregullative dhe po zbatojmë me sukses projekte për ndërtimin e termocentraleve fotovoltaike që përdorin premi” tha Bekteshi dhe shtoi se Republika e Maqedonisë së Veriut po shkon drejt arritjes së skenarit të gjelbër / agjendës së gjelbër, e cila sjell sfida, duke pasur parasysh Deklaratën e Sofjes mbi vendet e Ballkanit Perëndimor dhe planin evropian të investimeve, ai theksoi se ai pret të tërheqë investime të gjelbra, që do të thotë edhe hapjen e vendeve të gjelbra të reja të punës, të cilat do të sjellin përfitime për ekonominë, qytetarët dhe për mbrojtjen e mjedisit jetësor.
Ambasadorja e Shteteve të Bashkuara të Amerikës, Kejt Meri Bërns foli për ndryshimet klimatike në mbarë botën si rezultat i ngrohjes globale dhe zvogëlimit të akullit të Arktikut dhe prezantoi ambiciet e SHBA-së në luftë kundër ndryshimeve klimatike.
“Tre vjet më parë, shkencëtarët na paralajmëruan se kemi 12 vjet për të marrë vendime dhe për të bërë ndryshime të sjelljes që do të ndikojnë në ndryshimet klimatike. Tani na kanë mbetur edhe 9 vjet. Është kjo një dekadë e rëndësishme për vendimmarrje dhe veprim. Në SHBA kemi shpenzuar miliarda dollarë dhe ende shpenzojmë, çdo vit, vetëm për të pastruar dëmet e shkaktuara nga fatkeqësitë natyrore. Vitin e kaluar kemi shpenzuar 55 miliardë dollarë, duhet të investojmë në parandalimin e këtyre dukurive, e jo pastrimin e dëmeve. Tejkalimi i krizës klimatike është një punë ekipore. Ne punojmë me përkushtim që t’i ulim emisionet dhe kështu t’i inkurajojmë vendet tjera ta bëjnë të njëjtën gjë. U kthyem në Marrëveshjen e Parisit dhe po përgatisim një kontribut të ri të përcaktuar nacional, për t'i vendosur SHBA-të në një shteg nga i cila nuk ka kthim prapa, e që është 0 emisione të gazrave serrë deri në vitin 2050”, tha ambasadorjae SHBA Bërns.
Ambasadorja e Mbretërisë së Bashkuar, Rejçëll Gallovej, tha se ndryshimet klimatike janë sfidë e madhe për të gjithë dhe se pas përfundimit të krizës së Covidit, çdo vend në botë do të duhet të pranojë sfidën për të krijuar një zhvillim të qëndrueshëm dhe gjithëpërfshirës ekonomik.
“Ne jemi të vetëdijshëm se ka sfida të shumta, por mundësitë janë edhe më të shumta. Në nëntor të këtij viti, do të mbahet Konferenca e ndryshimeve klimatike të Organizatës së Kombeve të Bashkuara - COP (Conference of Parties) 26 në Glasgou, e cila do të jetë samiti më i madh ndërkombëtar i organizuar nga Mbretëria e Bashkuar. Aty do të diskutohet për qëllimet dhe aktivitetet që duhet të ndërmerren për t’i arritur ato qëllime. Si bashkë-nikoqirë të këtij Samiti, duam të japim një shembull, të zvogëlojmë gazrat serrë sa më shumë që të jetë e mundur dhe të vazhdojmë të luftojmë kundër ndryshimeve klimatike. Dje, kryeministri Boris Xhonson paraqiti qëllimin më ambicioz, i cili është ulja e emisioneve deri më 75% deri në vitin 2035”, ambasadorja e Mbretërisë së Bashkuar Gallovej.
Ambasadori i Republikës së Italisë, Andrea Silvestri, në fjalimin e tij, tha se Italia ka prezantuar vazhdimisht angazhimin e saj të fortë për zvogëlimin e gazrave serrë dhe shprehu kënaqësinë që brenda BE-së është arritur një marrëveshje mbi neutralitetin klimatik, e cila krijon obligim të fortë për të gjitha vendet për realizimin e “Marrëveshjes së gjelbër”.
“Mjetet financiare të ndara për rimëkëmbje nga kriza Covid duhet të drejtohen në të njëjtën kohë edhe në miratimin e politikave për mbrojtjen e mjedisit dhe ndryshimet klimatike. Ne planifikojmë të themelojmë një Ministri të tranzicionit ekologjik, sepse pikërisht ai tranzicion do të jetë kyç për vendin tonë. Ne nuk e shohim këtë tranzicion si shpenzim, por si mundësi, para së gjithash pse do të kemi një cilësi më të lartë të jetës dhe më pak ndotje. Ky tranzicion mund të stimulojë investime të reja dhe vende të reja të punës, në Itali kemi përvojë në ekonominë qarkore dhe në sektorin energjetik. Ne po promovojmë Fondin klimatik të gjelbër, si dhe gjithëpërfshirjen e sektorëve publikë dhe privatë në efikasitetin energjetik, kjo kërkon përfshirjen jo vetëm të sektorit publik, por të shoqërisë në tërësi”, tha ambasadori i Italisë Silvestri.
Линк до дискусијата на македонски јазик:
Линк до дискусијата на англиски јазик: