Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров го промовираа јавниот конкурс „Стартапувај 3“ – Два милиони евра неповратни средства за поддршка на проекти на старт-ап и спин-оф компаниите

28 април 2021


Заменикот на претседатеот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за Иновација и Технолошки развој Коста Петров, денес го промовираа јавниот конкурс за старт-ап и спин-оф компании „Стартапувај 3“.

Вицепремиерот Битиќи соопшти дека Со овој конкурс ќе бидат овозможени 2 милиони евра неповратни средства финансиска поддршка за македонскиот старт-ап систем.

„Целта на овие повици е трансформацијата на старт-ап екосистемот, и создавање на еден конкурентен и силен систем којшто ќе има огромно позитивно влијание на домашната економија и ќе допринесе за нејзина интернационализација “, нагласи Битиќи.

Вицепремиерот се осврна на потенцијалот којшто Владата на Република Северна Македонија го препознава во старт-ап бизнисите и кон целата поддршка којашто досега им е дадена.

„Владата на Република Северна Македонија гледа навистина голем потенцијал во идеите на младите и иноватни луѓе, а доказ за тоа се и досегашните 305 поддржани старт-ап компании со инвестиција од над 17 милиони евра. Како Претседател на новооформениот старт-ап Совет, со голема гордост учествувам во сите проекти кои ги развиваме, со цел да ги олесниме условите за создавање на сопствен бизнис во нашата земја. Целта на постоењето на Советот е токму во тоа, да ги разгледаме сите потенцијални предизвици коишто можат да се надминат и модифицираат, и да се создадат најповолни услови и околности за инвестирање во нашата земја“, потенцираше вицепремиерот.

Еден од главните предизвици на работата на страт-ап Советот е развивањето на подобри регулативи, преку создавање нови и ажурирање на постојните прописи и создавање на платформи кои ќе ги намалат трошоците за старт-ап компаниите и ќе ги олеснат административните процедури.
„Така, Законот за иновациска дејност, кој е креиран според новите трендови, и кој за прв пат ќе ги вклучува и „бизнис ангелите“, во рамките на своите одредби, а на тој начин ќе обезбеди подобар пристап до финансиите и подобар ангажман на корпорациите и нивните инвестициски фондови во македонскиот стартап еко-систем. Истовремено, ние сме посветени и на привлекување дигитални номади и нашата намера е да создадеме адаптирани законски измени и погодни услови за престој и работа на странците во нашата земја. Ова би било од голема корист за економијата на земјата, бидејќи заработениот приход на странците ќе се потроши во Република Северна Македонија, допринесувајќи за  растот на домашната економија. Исто така, сакам да посочам дека пред само една недела, Владата донесе одлука за формирање работна група за подготовка на Национална стратегија за вештачка интелигенција, на која гледаме како дел од планот за економски развој на Република Северна Македонија“, заврши Битиќи.

 Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров имаше детална презентација на јавниот конкурс, пришто посочи дека ова е веќе трет по ред јавен повик од овој вид, во кој се воведени важни новитети, кои значително ги подобруваат условите за аплицирање и го олеснуваат пристапот до финансиски средства за старт-ап и спин-оф компаниите.

„Целта на сите овие промени е да им го олесниме патот на компаниите кои имаат потенцијал да реализираат иновативни бизнис идеи. Поддршката преку овој повик е наменета на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ и јасна амбиција за комерцијализација, како и проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза“, започна директорот на ФИТР.

Петров нагласи дека за прв пат, на овој повик може да аплицира и тим кој се состои од најмногу 5 членови - физички лица. Во овој случај, Апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот. Правилникот со сите информации е веќе објавен на веб страната на Фондот.

„Во однос на активностите кои ќе бидат одобрени за финансирање, некои од оние кои ги поддржуваме се за истражување и развој,  развој на пилот линии, производ или услуга, активности за тестирање и валидација, активности за тестирање на пазарот и други. Во делот на подобни трошоци, во интерес на времето ќе издвојам само неколку од нив, а тоа се бруто плати за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот, набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој, како и поддоговорни услуги за истражување и развој“, рече директорот Петров.

Директорот на ФИТР нагласи дека за прв пат на јавниот повик „Стартапувај“, добиените средства ќе бидат неповратни, што претставува уште еден сериозен поттик и олеснување за македонските стартапџии да добијат шанса за реализација на нивните проекти.

„Фондот ќе обезбеди до 40.000 евра (до 90%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва до 3 години постоење, односно до 60.000 евра (85%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва со над 3, а помалку од 6 години постоење. Преостанатиот износ од 10% односно 15% од вкупниот буџет за проектот ги обезбедува Апликантот“, додаде директорот.

Покрај финансиската поддршка, на сите креативни и иновативни старт-ап компании кои ќе аплицираат на овој јавен повик, Фондот нуди и дополнителна поддршка, преку нивните партнери. Со соработката со НЛБ Банка и Силк Роуд Банка, на компаниите им стојат на располагање повеќе кредитни производи и услуги по привилегирани пониски каматни стапки од редовните.

„Нашата држава има причина да се гордее со фактот дека Фондот за иновации и технолошки развој пред една недела стана првиот стратешки партнер за Amazon Web Services за Северна Македонија, со што на корисниците на ФИТР, особено стартапите во државата им се достапни кредити во износ до 10.000, 25.000 се до 100.000 УСД“, рече директорот на Фондот пришт додаде дека ќе продолжи праксата за овозможувањена  менторска поддршка за сите стартап и спин-оф компании, во фазата на подготовка, развој и реализација на идеите.

Директорот на ФИТР посочи дека веќе од утре ќе започнат инфо сесиите во рамките на кампањата #45ДенаСтартапувај, пришто во наредните 45 дена сите заинтересирани ќе имаат можност да ги слушнат советите, на некои од најупешните претприемачи и експерти во државата.

На јавниот конкурс „Стартапувај 3“, сите заинтересирани старт-ап и спин-оф компании ќе може да аплицираат во наредните 45 дена се до 12-ти јуни 2021 година, до 14.00 часот, а целата проектната документација и начинот на аплицирање се целосно достапни на веб страницата: https://www.fitr.mk/startapuvaj3/

 

*****

Zëvendëskryeministri Bytyqi dhe drejtori Petrov promovuan konkursin publik “Startap 3” - Dy milionë euro mjete të pakthyeshme për mbështetjen e projekteve të start-ap dhe spin-of kompanitë

 

Zëvendëskryeministri i Qeverisë, përgjegjës për çështje ekonomike, koordinim me resorët ekonomikë dhe investimet, Fatmir Bytyqi dhe drejtori i Fondit të inovacionit dhe zhvillimit teknologjik Kosta Petrov promovuan konkursin publik “Startap 3” për start-ap dhe spin-of kompanitë.

Zëvendëskryeministri Bytyqi njoftoi se ky konkurs do të sigurojë 2 milionë euro mjete të pakthyeshme për mbështetjen për sistemin start-ap maqedonas.

“Qëllimi i këtyre thirrjeve është transformimi i ekosistemit start-ap dhe krijimi i një sistemi konkurrues dhe të fortë që do të ketë një ndikim të madh pozitiv në ekonominë vendase dhe do të kontribuojë në ndërkombëtarizimin e saj”, tha Bytyqi.

Zëvendëskryeministri iu referua potencialit që Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut e vëren te start-ap bizneset dhe të gjithë mbështetjen që u është dhënë atyre deri më tani.

“Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut tek idetë e të rinjve dhe personave inovativë vërtet sheh një potencial të madh, dëshmi për këtë janë edhe 305 start-ap kompanitë e mbështetura deri tani me një investim mbi 17 milionë euro. Si Kryetar i Këshillit start-ap të sapokrijuar, unë jam shumë krenar që marr pjesë në të gjitha projektet që po zhvillojmë, në mënyrë që të lehtësojmë kushtet për krijimin e biznesit të tyre në vendin tonë. Qëllimi i ekzistencës së Këshillit është pikërisht ajo që t’ shqyrtojmë të gjitha sfidat e mundshme që mund të tejkalohen dhe modifikohen, dhe të krijohen kushtet dhe rrethanat më të favorshme për investime në vendin tonë”, tha zëvendëskryeministri.

Një nga sfidat kryesore të punës së Këshillit start-a dhe zhvillimin e rregullativave më të mira, përmes krijimit të dispozitave të reja dhe azhurnimin e atyre ekzistuese dhe krijimin e platformave që do të ulin kostot për start-ap kompanitë dhe lehtësimin e procedurave administrative.

“Pra, Ligji për veprimtari inovative, i cili është përpiluar në përputhje me trendet e reja, dhe i cili për herë të parë do të përfshijë “engjëjt e biznesit”, brenda dispozitave të tij, dhe kështu do të sigurojë qasje më të mirë në financa dhe angazhim më të mirë të korporatave dhe fondeve të tyre investuese në ekosistemin start-ap maqedonas. Në të njëjtën kohë, ne jemi të përkushtuar në tërheqjen e nomadëve dixhitalë dhe qëllimi ynë është të krijojmë ndryshime të adaptuara ligjore dhe kushte të favorshme për të huajt për të qëndruar dhe punuar në vendin tonë. Kjo do të sillte dobi të madhe për ekonominë e vendit, pasi të ardhurat e fituara nga të huajt do të shpenzohen në Republikën e Maqedonisë së Veriut, duke kontribuar në rritjen e ekonomisë së vendit. Gjithashtu, dua të theksoj se vetëm një javë më parë, Qeveria vendosi të formojë një grup punues për përgatitjen e Strategjisë nacionale për inteligjencën artificiale, të cilën ne e shohim si pjesë e planit të zhvillimit ekonomik të Republikës së Maqedonisë së Veriut”, përfundoi Bytyqi.

Drejtori i Fondit të inovacionit dhe zhvillimit teknologjik Kosta Petrov pati një prezantim të hollësishëm në konkursin publik, duke theksuar se kjo është thirrja e tretë publike me radhë e këtij lloji, ku janë inkorporuar risi të rëndësishme, të cilat përmirësojnë ndjeshëm kushtet e aplikimit dhe lehtësojnë qasjen për të financuar start-ap dhe spin-of kompanitë.

“Qëllimi i të gjitha këtyre ndryshimeve është lehtësimi i rrugës së kompanive që kanë potencial për të realizuar ide inovative të biznesit. Mbështetja përmes kësaj thirrje u dedikohet projekteve që kanë më pak “koncept të konfirmuar” dhe ambicien e qartë për komercializim, si dhe projekte që janë në fazën e konceptit të konfirmuar në fazën para-komerciale (para-tregut)”, tha drejtori i FIZHT.

Petrov theksoi se për herë të parë, një ekip i përbërë prej më së shumti 5 anëtarë – persona fizikë mund të aplikojnë për këtë thirrje. Në këtë rast, aplikuesi është i obliguar që brenda 30 ditëve kalendarike pasi të marrë Njoftimin për përzgjedhjen e propozim-projektit, të themelojë shoqëri tregtare në të cilën themelues do të jenë së paku 51% e anëtarëve të ekipit. Rregullorja me të gjitha informacionet tashmë është publikuar në faqen e internetit të Fondit.

“Sa i përket aktiviteteve që do të aprovohen për financim, disa nga ato që ne mbështesim janë për hulumtim dhe zhvillim, zhvillim të linjave pilot, produkt ose shërbim, aktivitetet e testimit dhe vlerësimit, aktivitetet e testimit të tregut, etj. Sa i përket kostove të pranueshme, në interes të kohës do të veçoj vetëm disa prej tyre, e ato janë rroga bruto për personat që janë ose do të punësohen nga përdoruesi, furnizimi dhe / ose marrja me qira e pajisjeve dhe materialeve të konsumit për hulumtim dhe zhvillim, si dhe shërbime të nënkontraktuara për hulumtim dhe zhvillim”, tha drejtori Petrov.

Drejtori i FIZHT theksoi se për herë të parë në thirrjen publike “Startap”, mjetet e fituara do të jenë të pakthyeshme, që paraqet edhe një nxitje dhe lehtësim tjetër serioz për startapët maqedonas për të marrë një shans për të realizuar projektet e tyre.

“Fondi do të sigurojë deri më 40.000 euro (deri në 90%) të buxhetit të përgjithshëm të një projekti për shoqëri tregtare për deri në 3 vjet ekzistimi, d.m.th. deri më 60.000 euro (85%) të buxhetit të përgjithshëm të një projekti për shoqëri tregtare me mbi 3 vjet dhe më pak se 6 vjet ekzistimi. Shuma e mbetur prej 10% ose 15% e buxhetit të përgjithshëm për projektin sigurohet nga aplikuesi”, shtoi drejtori.

Përveç mbështetjes financiare, për të gjitha start-ap kompanitë kreative dhe inovative që do të aplikojnë në këtë thirrje publike, Fondi ofron mbështetje plotësuese përmes partnerëve të tyre. Në bashkëpunim me NLB Bankën dhe Silk Roud Bankën, në dispozicion të kompanive janë më shumë produkte dhe shërbime kredie me norma të lehtësuara interesi më të ulëta se ato të rregullta.

“Vendi ynë ka arsye të krenohet për faktin se Fondi për inovacion dhe zhvillim teknologjik një javë më parë u bë partneri i parë strategjik për Amazon Web Services për Maqedoninë e Veriut, i cili u siguron përdoruesve të FITR, veçanërisht startapëve në vend kredi në shumën deri më 10.000, 25.000 deri më 100.000 USD”, tha drejtori i Fondit duke shtuar se praktika e sigurimit të mbështetjes mentoruese për të gjithë star-ap dhe spin-of kompanitë do të vazhdojë, në fazën e përgatitjes, zhvillimit dhe realizimit të ideve.

Drejtori i FIZHT vuri në dukje se që nga nesër do të fillojnë info sesionet në kuadër të fushatës #45DenaStartapuvaj (#45DitëStartap), dhe në 45 ditët e ardhshme të gjithë të interesuarit do të kenë mundësinë të dëgjojnë këshillat e disa prej ndërmarrësve dhe ekspertëve më të suksesshëm në vend.

Në konkursin publik “Startap 3”, të gjithë star-ap dhe spin-of kompanitë do të mund të aplikojnë në 45 ditët e ardhshme deri më 12 qershor 2021, deri në ora 14.00, dhe i gjithë dokumentacioni i projektit dhe mënyra e aplikimit janë plotësisht të disponueshëm në ueb faqen: https://www.fitr.mk/startapuvaj3/

 

 

Линк до прес конференцијата на ЗПВРСМ Битиќи и ДФИТР Петров на македонски јазик:

Линк до прес конференцијата на ЗПВРСМ Битиќи и ДФИТР Петров на албански јазик:

Линк до јавниот конкурс „Стартапувај 3“
 

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: