28 aприл 2021
Со задоволство и ентузијазам ја прифатив поканата на „Капитал” да се обидам во овие неколку страници да ја „врамам” последната година. Се надевам дека успеав во тоа. Често велам, нема заобиколен пат околу оваа криза. Единствениот пат е низ неа. На тој пат, додека заедно ги преминуваме сите препреки, мораме да се погледнеме во очи и да се соочиме со сите недостатоци и сите пропусти кои ги имаме направено во последните три декади. Оваа криза, пред нас на маса, ги извади сите слабости, стравови, несоодветни постапувања како и системски пропусти, но ни ја покажа и нашата способност за креативна адаптација, отвореност за промена како и резилиентноста на секој еден од нас. Додека пишував, во мислите ги имав граѓаните на кои им благодарам за довербата и честа да им служам, особено во ова време полно предизвици.
Имам лична 100% посветеност и пасија за креирање на Националната развојна стратегија 2021 – 2041. За развој на оваа стратегија се зборува во последните 25 години, време беше да почнеме и сметам дека ова е начинот на кој оваа криза ќе ја претвориме во предност.
Ефектот на мерките врз националната економија
Ако реализацијата на мерките и нивните ефекти ја гледаме низ призмата на меѓународно прифатените стандарди на потрошувачкиот метод кој при пресметката ги сумира вкупната финална потрошувачка, бруто инвестициите и нето извозот можеме јасно да го видиме таргетирањето при нивното креирање, кое го започнавме пред една година.
Според вкупната сума пресметана како конечен ефект врз БДП на земјата од спроведените мерки од околу 704,2 милиони евра, што е износ еднаков на 6,5% од БДП за 2020 година, превениран беше пад на економијата од околу 4,2% земајќи го предвид пондерираниот ефект на преземените мерки. Односно, антикризните економски мерки имаат 100% ефект врз домашното БДП, кое на крајот на 2020 година, ќе имаше пад од 8,7%, наместо 4,5% со кои ја завршивме годината.
Но, да ги погледнеме поодделно мерките во сите пакети низ призмата на одделните столбови на структурата на домашното БДП. Најголем дел од него во нашата земја, или 66% се креира преку финалната приватна потрошувачка. Токму затоа, поддршката на вкупната финална потрошувачка во првите четири пакети изнесува околу 500 милиони евра кои беа пласирани преку неколку мерки како: одложување на ратите за кредити на граѓаните и фирмите, потоа поддршката на плата и придонеси за вработените во приватните компании, но и мерките во кои директно ги таргетиравме граѓаните со мерките за директна финансиска помош на невработените, лица со ниски примања, и други ранливи категории кои во поодделните пакети и мерки беа опфатени со бројка од околу 550 илјади.
Нето извозот како сегмент од БДП во четирите пакети беше поддржан со износ од околу 1,8 милиони евра, а бруто инвестициите се поддржани со околу 230 милиони евра.
Првите четири пакети, за кои беше изработена анализата, содржат 70 антикризни мерки. Оној дел од мерките кои се реализирани се во вредност од над 700 милиони евра. Дел од мерките се уште се во фаза на имплементација а неколку мерки, веќе сите знаете, беа подолго време закочени во процесот на усвојување во Собранието. Ќе ги споменам и разложам надолу затоа што тие мерки се важни, во дел поради нивната вредност но повеќе поради мултипликаторниот ефект кој ќе го имаат врз економијата. Пред 10тина дена истите беа изгласани а набрзо се очекува и нивната реализација.
Кредитната линија од ЕИБ во вредност од 100 милиони евра со исклучително ниски каматни стапки, наменета најмногу за поддршка на микро, мали и средни претпријатија на кои се уште им е потребна поддршка за одржување на нивната ликвидност; Државната кредитна гаранција, во износ од 10 милиони евра алоцирани како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, за која подоцна беа издвоени и дополнителни 5 милиони евра во петтиот пакет мерки која треба да продуцира повлекување на кредити во вредност од околу 90 до 120 милиони евра кои компаниите корисници ќе можат да ги земаат од комерцијалните банки. Ова според мене е една од најважните мерки која очекувам да ја раздвижи дополнително економијата во следнава година; Државната царинска гаранција во вредност од 3 милиони евра, која ќе биде исклучително добредојдена за извозно ориентираните компании кои ќе бидат во можност да добиваат банкарски гаранции под исклучително поволни услови, за нивните деловни потфати во износи од околу 25 милиони евра.
Инклузивноста и партнерскиот однос во носењето на мерките и политиките, за мене, имаа непроценлива додадена вредност
До сега зборував за економската логика при креирањето на мерките, но овој осврт не би бил целосен доколку не рефлектирам и врз начинот на носење на мерките. Во неколку зборови тоа би било – Консултација, координација, следење на ефектите и анализа, приспособување на моменталната ситуација, консултација, координација, следење на ефектите и анализа, приспособување на моменталната ситуација и повторно од почеток. Она што од денешна дистанца можам да го проценам е тоа дека носењето на економските пакети на неколку месеци, што ни овозможи да го имаме овој процес во континуитет се покажа како продуктивна и исправна одлука.
Доколку го извртам мојот календар во последната година, од него ќе можам да излистам стотици остварени средби со различни групи од нашето економско и општествено живеење. Средби на кои, на една маса (еднаш и свадбарска ), очи во очи се соочивме со тешки прашања и предизвици, системски слабости но, она што е важно, на истите тие, дојдовме заеднички до решенија.
Граѓаните и стопанството ја препознаа нашата посветеност, заедно, во партнерски однос, да го движиме кормилото по „немирното море”.
Кризата го тргна фластерот со кој ја имавме покриено сивата економија
Сивата економија е отворената рана на секоја држава и оваа не е новина ниту изненадување. Кризата брзо и болно го тргна фластерот со кој вешто сме ја покривале години наназад.
Само за илустрација, прва поразителна бројка која се појави пред целиот тим во владата кога побаравме податоци од надлежните институции за да креираме соодветна мерка за поддршка на угостителскиот сектор беше фактот што од околу 6.000 компании кои фигурираа во јануари 2021 кај повеќе од 2.000 немаше ниту еден вработен. Кај уште скоро 3.000 компании од овој сектор бројот на вработени беше од 1 до 5 вработени, и овие показатели уште во старт даваат премногу искривена слика за било какво понатамошно анализирање и креирање соодветен пакет мерки за поддршка. Но искрено, ова не е присутно само во еден сектор, недостатоците и аномалиите можеа да се видат во низа на сектори од економијата.
Сево ова, мене лично но и секоја единка во нашето општество ја става пред дилемата: дали да се занимаваме со последиците, или еднаш засекогаш да седнеме и да ги решаваме причините на аномалиите и недостатоците кои што Кризата ги покажа?
Токму заради ова, сметам дека е јасна неопходноста за конзистентност и структура на економскиот развој. Токму затоа, имам лична 100% посветеност и пасија за креирање на Националната развојна стратегија 2021 – 2041. За развој на оваа стратегија се зборува во последните 25 години, време беше да почнеме и сметам дека ова е начинот на кој оваа криза ќе ја претвориме во предност. На почетокот на годинава го почнавме проектот и истиот треба да вроди со приоритети и стратешки определби за долгорочен и одржлив развој на државата. Во моментов сме во фаза на мапирање на сите постоечки стратешки документи како и креирање на методологијата која ќе биде инспирирана од современи и иновативни модели на развој, адаптирани на домашниот контекст и базирани на широка и значајна консултација со сите засегната страни.
Националната развојна стратегија треба да отслика меѓугенерациски, родов, меѓуетнички, меѓупартиски и долгорочен консензус за приоритетите на државата, со цел да се обезбеди инклузивен, зелен и одржлив развој за сите, а особено за ранливите категории на луѓе.
Во рамки на овој и тоа како битен процес исто така ќе се идентификуваат и зајакнат врските помеѓу сите останати стратешки важни процеси кои се одвиваат во државата, првенствено интеграцијата во ЕУ и Агендата 2030 за одржлив развој.
За нас консензусот и инклузивноста при креирањето на стратегијата се клучни. Оваа Национална развојна стратегија треба да продолжи да живее без разлика кој е на власт. Ова ќе биде наш патоказ за тоа каде и како ќе се развива земјата во следните 20 години, ова е значајно и во полза за државата и сите наши сограѓани а за бизнисот ќе значи предвидливост, што е есенцијално при планирањето на растот.
Сите земји кои се впуштија во овој процес веќе ги гледаат придобивките, а тоа од нашето поблиско опкружување се Хрватска и Словенија.
Комплексноста на самиот процес, кој за да биде одржлив, покрај условот да е донесен консензуално, наложува да биде иновативен и флексибилен, како би можел да се прилагодува на предизвиците и промените кои ги носи новото време.
Покрај Националната развојна стратегија 2021 – 2041 која е стратешки документ на оперативно ниво, во почеток на реализација е и еден голем инвестициски бум кој во распон од следните 3-5 години ќе донесе експанзија и зголемување на бруто домашниот производ а кој оперативно ќе се реализира преку Единицата за следење на Инвестиции, но за тоа, во следната колумна.
****
FATMIR BYTYQI: ËSHTË NDER TË SHËRBEHET NË KËTO KOHËRA TË VËSHTIRA
Ftesën e “Kapitalit” e pranova me kënaqësi dhe entuziazëm që vitin e fundit të mundohem ta “kornizoj” në këto disa faqe. Shpresoj të kem arritur. Shpesh them, nuk ka anashkalim nga kjo krizë. E vetmja rrugë kalon përmes saj. Në atë rrugë, përderisa i kalojmë të gjitha pengesat së bashku, duhet të shohim njëri-tjetrin në sy dhe të përballemi me të gjitha mangësitë dhe lëshimet që i kemi bërë në tre dekadat e fundit. Kjo krizë, që e kemi para nesh në tavolinë, nxori të gjitha dobësitë, frikën, veprimet e papërshtatshme si dhe lëshimet sistematike, por gjithashtu na tregoi aftësinë tonë për përshtatje kreative, hapjen për të ndryshuar dhe qëndrueshmërinë e secilit prej nesh.
Duke shkruar, në mendje kisha qytetarët të cilëve u falënderohem për besimin dhe nderin që t’u shërbej, sidomos në këtë kohë përplot sfida.
Unë kam përkushtim dhe pasion personal 100% për përpilim e Strategjisë kombëtare të zhvillimit 2021 - 2041. Për zhvillimin e kësaj strategjie është folur në 25 vitet e fundit, ishte koha të fillojmë dhe mendoj se kjo është mënyra për ta shndërruar këtë krizë në një avantazh.
Efekti i masave në ekonominë kombëtare
Nëse realizimin e masave dhe efektet e tyre e shikojmë përmes prizmit të standardeve të pranuara ndërkombëtarisht të metodës konsumuese e cila gjatë llogaritjes përmbledh konsumin e përgjithshëm përfundimtar, investimet bruto dhe eksportet neto mund të shohim qartë targetimin në përpilimin e tyre, të cilin e filluam para një viti.
Sipas shumës së përgjithshme të llogaritur si efekti përfundimtar në PBB-në e vendit nga masat e zbatuara prej rreth 704,2 milion euro, që është një shumë e barabartë me 6,5% të PBB-së për vitin 2020, u parandalua rënia ekonomike prej rreth 4.2% duke marrë parasysh efektin e ponderuar të masave të marra. Gjegjësisht, masat ekonomike kundër krizës kanë një efekt 100% në PBB-në vendase, e cila në fund të vitit 2020, do të kishte një rënie prej 8,7%, në vend të 4,5% me të cilat e përmbyllëm vitin.
Por le t’i shohim veçmas masat në të gjitha pakot përmes prizmit të shtyllave individuale të strukturës së PBB-së vendase. Pjesa më e madhe e saj në vendin tonë, ose 66% krijohet përmes konsumit përfundimtar privat. Prandaj, mbështetja e konsumit të përgjithshëm përfundimtar në katër pakot e para është rreth 500 milionë euro të cilat u plasuan përmes disa masave të tilla si: shtyrja e kësteve të kredive të qytetarëve dhe firmave, pastaj mbështetja e rrogave dhe kontributet për të punësuarit në kompanitë private, por edhe masat me të cilat ne drejtpërdrejt targetuam qytetarët me masat për ndihmë të drejtpërdrejtë financiare për të papunët, personat me të ardhura të ulëta dhe kategori të tjera të lëndueshme të cilat në pako dhe masa më të veçanta u përfshinë me një numër prej rreth 550 mijë.
Eksportet neto si një segment i PBB-së në të katër pakot u mbështetën me rreth 1,8 milionë euro, kurse investimet bruto u mbështetën me rreth 230 milionë euro.
Katër pakot e para, për të cilat u përgatit analiza, përmbajnë 70 masa anti-krizë. Pjesa e masave që janë realizuar janë me vlerë mbi 700 milionë euro. Disa nga masat ende janë në fazën e implementimit kurse disa masa, siç e dini të gjithë, u bllokuan për një kohë të gjatë në procesin e miratimit në Kuvend. Do t’i përmend dhe do t’i zbërthej ato, sepse ato masa janë të rëndësishme, pjesërisht për shkak të vlerës së tyre, por më shumë për shkak të efektit shumëzues që do të kenë në ekonomi. Rreth 10 ditë më parë ato u votuan dhe realizimi i tyre pritet së shpejti.
Linja kreditore e EIB prej 100 milionë euro me norma jashtëzakonisht të ulëta interesi, e destinuar kryesisht për mbështetjen e ndërmarrjeve mikro, të vogla dhe të mesme të cilët edhe më tej kanë nevojë për mbështetje për të ruajtur likuiditetin e tyre; Garancia e kredisë shtetërore, në shumën prej 10 milionë euro të alokuara si pjesë e pakos së katërt të masave anti-krizë, për të cilat u ndanë më vonë 5 milionë euro shtesë në pakon e pestë të masave që duhet të prodhojnë tërheqje kredie me vlerë prej 90 deri në 120 milionë euro të cilat kompanitë shfrytëzuese do të mund t’i marrin ato nga bankat komerciale. Sipas mendimit tim, kjo është një nga masat më të rëndësishme që unë pres gjithashtu të lëvizin ekonominë në vitin e ardhshëm; Garancia doganore shtetërore në vlerë prej 3 milionë euro, e cila do të jetë jashtëzakonisht e mirëpritur për kompanitë e orientuara drejt eksportit që do të jenë në gjendje të marrin garanci bankare në kushte jashtëzakonisht të volitshme, për ndërmarrjet e tyre afariste në vlerë prej rreth 25 milionë euro.
Gjithëpërfshirja dhe partneriteti në miratimin e masave dhe politikave, për mua, ishin me vlerë të paçmuar të shtuar
Deri më tani kam folur për logjikën ekonomike në përpilimin e masave, por ky vrojtim nuk do të ishte i plotë nëse nuk reflektoj edhe për mënyrën e marrjes së masave. Me pak fjalë do të ishte - Konsultimi, koordinimi, ndjekja e efekteve dhe analiza, përshtatja me situatën momentale, konsultimi, koordinimi, ndjekja e efekteve dhe analiza, përshtatja me situatën momentale dhe përsëri nga fillimi. Ajo që mund të vlerësoj nga distanca e sotme është se miratimi i pakove ekonomike në disa muaj, që na mundësoi ta kemi këtë proces të kontinuitetit u tregua se ishte një vendim produktiv dhe i drejtë.
Nëse e rrotulloj kalendarin tim në vitin e fundit, do të jem në gjendje të shfletoj qindra takime të realizuara me grupe të ndryshme nga jeta jonë ekonomike dhe shoqërore. Takime në të cilat, në një tryezë (një herë edhe në dasmë), u përballëm me çështje dhe sfida të vështira, dobësi sistematike, por, ajo që është e rëndësishme, në të njëjtat, bashkërisht gjetëm zgjidhje.
Qytetarët dhe ekonomia njohën përkushtimin tonë, së bashku, në partneritet, për të lëvizur timonin e “detit të trazuar”.
Kriza ka hequr bandazhin me të cilin kishim mbuluar ekonominë e zezë
Ekonomia e zezë është plagë e hapur e çdo vendi dhe kjo nuk është një risi apo befasi. Kriza shpejt dhe me dhimbje hoqi bandazhin me të cilin e kemi mbuluar me shkathtësi për vite me radhë.
Sa për ilustrim, shifra e parë dëshpëruese që doli përpara gjithë ekipit qeveritar kur kërkuam të dhëna nga institucionet përkatëse për të përpiluar një masë të përshtatshme për të mbështetur sektorin e hotelierisë ishte fakti që nga rreth 6.000 kompani që figuronin në janar të vitit 2021, më shumë se 2.000 nuk kishin asnjë të punësuar. Thuajse 3.000 kompani të tjera në këtë sektor kishin nga 1 deri në 5 të punësuar, dhe këta tregues që nga fillimi japin një pamje tepër të shtrembëruar për çdo analizë të mëtejshme dhe përpilimin e një pakoje të përshtatshme të masave mbështetëse. Sinqerisht, kjo nuk është e pranishme vetëm në një sektor, mangësitë dhe anomalitë mund të shihen te një varg sektorësh të ekonomisë.
E gjithë kjo, mua personalisht por dhe çdo individ në shoqërinë tonë e vë para dilemës: a duhet të merremi me pasojat, apo duhet të ulemi njëherë e përgjithmonë dhe t’i zgjidhim shkaqet e anomalive dhe mangësive që i shfaqi kriza?
Pikërisht për këtë, mendoj se është e qartë nevoja për konzistencë dhe strukturë të zhvillimit ekonomik. Kjo është arsyeja pse unë kam përkushtim dhe pasion personal 100% për përpilim e Strategjisë kombëtare të zhvillimit 2021 - 2041. Për zhvillimin e kësaj strategjie është folur në 25 vitet e fundit, ishte koha të fillojmë dhe mendoj se kjo është mënyra për ta shndërruar këtë krizë në një avantazh. Në fillim të vitit, filluam projektin dhe ai duhet të shpie në përparësi dhe përcaktime strategjike për një zhvillim afatgjatë dhe të qëndrueshëm të vendit. Tani jemi në fazën e hartës së të gjithë dokumenteve ekzistuese strategjike si dhe përpilimin e një metodologjie që do të frymëzohet nga modelet moderne dhe inovative të zhvillimit, të përshtatura në kontekstin e brendshëm dhe të bazuara në konsultime të gjera dhe kuptimplota me të gjithë palët e interesuar.
Strategjia kombëtare e zhvillimit duhet të pasqyrojë konsensusin ndërmjet gjeneratave, ndërgjinor, ndëretnik, ndërpartiak dhe afatgjatë për prioritetet e shtetit, me qëllim të sigurimit të një zhvillimi gjithëpërfshirës, të gjelbër dhe të qëndrueshëm për të gjithë, e sidomos për kategoritë e lëndueshme të njerëzve.
Në suaza të këtij, madje si proces i rëndësishëm, gjithashtu do të identifikohen dhe forcohen lidhjet midis të gjitha proceseve të tjera të rëndësishme strategjike që ndodhin në vend, kryesisht integrimi në BE dhe Agjenda 2030 për zhvillim të qëndrueshëm.
Për ne, konsensusi dhe gjithëpërfshirja në përpilimin e strategjisë janë kyçe. Kjo Strategji kombëtare e zhvillimit duhet të vazhdojë të jetojë pavarësisht se kush është në pushtet. Ky do të jetë udhërrëfyesi ynë se ku dhe si do të zhvillohet vendi në 20 vitet e ardhshme, kjo është e rëndësishme dhe në dobi për shtetin dhe të gjithë bashkëqytetarët tanë dhe për biznesin do të thotë parashikueshmëri, e cila është thelbësore në planifikimin e rritjes.
Të gjitha vendet që kanë filluar këtë proces tashmë janë duke parë përfitimet, dhe nga fqinjësia jonë e afërt janë Kroacia dhe Sllovenia.
Kompleksiteti i vetë procesit, i cili për të qenë i qëndrueshëm, përveç kushtit që të miratohet me konsensus, kërkon të jetë inovativ dhe fleksibil, në mënyrë që të përshtatet me sfidat dhe ndryshimet që i sjell koha e re.
Përveç Strategjisë kombëtare të zhvillimit 2021 - 2041, e cila është një dokument strategjik në nivelin operacional, në fillim të realizimit është një bum i madh investimesh që në 3-5 vitet e ardhshme do të sjellë zgjerim dhe rritje të produktit të brendshëm bruto dhe e cila do të realizohet në mënyrë operative përmes Njësisë për ndjekjen e investimeve, por për këtë, në kolumnën e radhës.