Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров на дискусија во организација на Албиз фондацијата – Човечкиот капитал е најзначајниот ресурс на државата, инвестираме во создавање на можности за младите луѓе во Северна Македонија

27 мај 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, на покана на Фондацијата за развој на образованието и културата Албиз, учествуваа на панел дискусија „Механизми за поддршка на младите да го одржат сопствениот бизнис и да креираат одржливи работни места“, која се одржа во рамките на проектот „Иновации и медиски партнерства за акција, соработка и трансформација на Западниот Балкан“ (EU-IMPACT-WB), поддржан од Европската Унија.

Вицепремиерот Битиќи зборувајќи на панелот истакна дека Владата и носителите на државни функции посветено работат за креирање на можности за младите лица, да се трасира патот и да младите лица со претриемачки дух ги искористат можностите и да ги реализираат своите идеи.

„Веќе девет месеци работиме активно на повеќе полиња. Би издвоил две. Од првиот ден зборуваме за Национална развојна стратегија на Република Северна Македонија, последните 15 години од мојата кариера постојано зборувам дека е важно каде се движиме како земја, да имаме јасна одредница каде сакаме да бидеме. Веќе сме на половина пат од создавање на Национална развојна стратегија, ја дефиниравме методологијата, дефинирано е дека ова ќе биде инклузивен процес со сите вклучени чинители, затоа што верувам дека креирањето на иднината не е заслуга само на еден-двајца луѓе или една владеачка гарнитура, тоа треба да е создадено од сите чинители на општеството. Со тоа јасно им укажуваме на младите, за многу брзо време ќе имаме јасна визија каде сакаме да ја видиме нашата држава после 20 години. Второто нешто кое навистина ми предизвикува задоволство, е заедничката работа со директорот на ФИТР, Петров, да ја направиме Северна Македонија „старт-ап хаб на Балканот“ или да се препознава како земја на можности за младите. За сите оние кои влегуваат во бизнисот. Развојот на земјата, на економијата, доаѓа токму од стопанството, од бизнисот “, посочи вицепремиерот Битиќи на почетокот на дискусијата на панелот.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров истакна дека е горд со успесите коишто ги има постигнато ФИТР во изминатите неколку години и што веќе во портфолиото на Фондот има 550 проекти на микро, мали и средни компании, а дел од тие компании токму на овој настан ги презентираа своите проекти.

„Задоволство е што денеска осум успешни компании од ФИТР ќе го презентираат патот од идеја до успешна реализација на бизнис во рамки на настанот „Механизми за поддршка на младите да го одржат својот бизнис и создавање одржливо вработување“. Горд сум што сум дел од институцијата која покажува дека бизнис секторот може да се менува и да биде во чекор со оние од најразвиените земји. Нашите корисници ја менуваат перцепцијата за млади претприемачи и токму овие компании не само што ги менуваат, туку веќе и ги креираат глобалните успешни приказни. ФИТР не е само институција која нуди финансиска поддршка, туку е вистински стратешки партнер на стартап компаниите. За речиси четири години, имаме раст од над 1500%, односно од 36 поддржани компании во 2017 година, денес портофолиото на ФИТР вбројува 559 компании во вкупна вредност од 77 милиони евра. Од нив, 305 се стартапи компании со вкупно кофинансирање од Фондот од 17,3 милиони евра. Веќе се ангажирани или во процес на директен ангажман на проектите над 10.000 лица, со просечен износ на плата над 40.000 денари, што е речиси 60% повисоко од националниот просек“, нагласи директорот на ФИТР, Петров за време на дискусијата.

Вицепремиерот Битиќи зборуваше и за даночните олеснувања и финансиска поддршка за нови инвестиции, како еден инструмент за поддршка на стопанството. Даночните олеснувања не треба да се гледаат како можност компаниите да стануваат побогати, туку како креирање на можности за младите луѓе.

„Досега кога зборувавме за даночни олеснувања и финансиска поддршка, мислевме на олеснувања во врска со инвестиции во згради, хали, машини, опрема, но не и инвестиции во луѓето. Сега, зборуваме дека највредниот капитал кој го имаме се токму луѓето. Минатата недела укажав дека кога се зборува за даночни политики, даноците мора да бидат правични и праведни и да креираат додадена вредност. Ќе отвориме дискусија за било какви даночни олеснувања, доколку истите поттикнуваат циклуси на развој. Верувам во циркуларната економија, верувам во креирање на вредносен ланец, само така се креира додадена вредност на сето она што го имаме. Со последните измени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој е еден од клучните закони за реструктуирање на нашето стопанство, додадовме одредби со кои сите инвестиции во човечкиот кадар, доквалификации и преквалификации, обуки, образование ќе ги третираме како инвестиции во човечкиот капитал ќе бидат директно поддржани финансиски, не со даночни олеснувања, туку со финансии. Секоја една компанија која ќе влезе во инвестициски производствен циклус и има инвестиции во кадарот, ќе биде финансиски поддржана од државата, само така ќе направиме исчекор за давање поддршка за младите, но и другите луѓе и да се сопре процесот на миграција. Дополнително, воведовме и мерка која се однесува на рамномерниот регионален развој, односно сите инвестиции кои ќе се реализираат надвор од развиениети региони ќе добијат дополнителен поттик. Нудиме можност на младите да живеат и работат кадешто се без да ги принудиме да доаѓаат во Скопје или друг поголем град и да бараат работа“, посочи вицепремиерот Битиќи и додаде дека Владата во моментот отвори дискусија и размислувања за постепено намалување и целосно укинување на данокот за личен доход до 2023 година, за вработени во ИТ секторот, со намера да се фати брз чекор со четвртата индустриска револуција.

„ИТ секторот е еден од најбрзо растечките. Прашањето е дали ние во институциите имаме креирано соодветен капацитет кој може да го следи растот на ИТ секторот. Ние треба да одлучиме како држава, дали ИТ секторот, кој е клучен за четвртата ндустријализација или некој друг сектор е најважен, затоа што не може да генерираме кадри во образовниот систем кои се со генерални квалификации. Тоа треба да го направиме, да креираме стручни кадри за потребите на модерното стопанство. Имаме конкуретен модел за привлекување на инвестиции, а нашите политики за инвестиции ќе бидат целосно усогласени со политиките на Европската Унија, за да креираат додадена вредност“, посочи вицепремиерот Битиќи дискутирајќи на панелот.

 

*****

Zëvendëskryeministri Bytyqi dhe drejtori Petrov në diskutimin e organizuar nga Fondacioni Albiz - Kapitali njerëzor është burimi më i rëndësishëm në vend, investojmë në krijimin e mundësive për të rinjtë në Maqedoninë e Veriut

 

Zëvendëskryeministri i Qeverisë, përgjegjës për çështje ekonomike, koordinim me resorët ekonomikë dhe investimet, Fatmir Bytyqi dhe drejtori i Fondit për Inovacion dhe Zhvillim Teknologjik, Kosta Petrov, me ftesë të Fondacionit për zhvillimin e kulturës dhe arsimit ALBIZ, morën pjesë në panelin e diskutimit “Mekanizmat për mbështetjen e të rinjve për ruajtjen e biznesit të tyre dhe krijimi e vendeve të qëndrueshme të punës”, që u mbajt si pjesë e projektit "Inovacionet dhe partneritetet mediatike për veprim, bashkëpunim dhe transformim në Ballkanin Perëndimor" (EU-IMPACT-WB), mbështetur nga Bashkimi Evropian.

Duke folur në panel, zëvendëskryeministri Bytyqi theksoi se Qeveria dhe bartësit e funksioneve shtetërore po punojnë shumë për të krijuar mundësi për të rinjtë, për të hapur rrugën dhe të rinjtë me një frymë sipërmarrëse të përdorin mundësitë dhe të realizojnë idetë e tyre.

"Ka nëntë muaj që kemi punuar në mënyrë aktive në disa fusha. Do të veçoja dy. Që nga dita e parë ne flasim për Strategjinë kombëtare të zhvillimit të Republikës së Maqedonisë së Veriut, 15 vitet e fundit të karrierës time unë gjithmonë kam thënë se është e rëndësishme atje ku lëvizim si vend, të kemi një pikë të qartë referimi se ku duam të jemi. Tashmë jemi në gjysmën e rrugës për krijimin e një Strategjie kombëtare të zhvillimit, kemi përcaktuar metodologjinë, është përcaktuar që ky do të jetë një proces gjithëpërfshirës me të gjithë faktorët e përfshirë, sepse besoj se krijimi i së ardhmes nuk është meritë e vetëm një ose dy personave ose një partie në pushtet, ajo duhet të krijohet nga të gjithë faktorët e shoqërisë. Me këtë ne u tregojmë qartë të rinjve, shumë shpejt do të kemi një vizion të qartë se ku duam të shohim vendin tonë pas 20 vjetësh. Gjëja e dytë që më bën të ndjehem mirë është puna e përbashkët me drejtorin e FIZHT, Petrov, për ta bërë Maqedoninë e Veriut një "start ap hab në Ballkan" ose të njihet si një vend i mundësive për të rinjtë. Për të gjithë ata që hyjnë në biznes. "Zhvillimi i vendit, i ekonomisë, vjen pikërisht nga ekonomia, nga biznesi", tha zëvendëskryeministri Bytyqi në fillim të diskutimit në panel.

Drejtori i Fondit për Inovacion dhe Zhvillim Teknologjik, Kosta Petrov, theksoi se ai është krenar për sukseset që FIZHT ka arritur në vitet e fundit dhe se tashmë janë 550 projekte të kompanive mikro, të vogla dhe të mesme në portofolin e Fondit dhe disa nga ato kompani prezantuan projektet e tyre në këtë ngjarje.

"Është kënaqësi që sot tetë kompani të suksesshme nga FIZHT do të paraqesin rrugën nga ideja në realizimin e suksesshëm të biznesit në suaza të ngjarjes “Mekanizmat për mbështetjen e të rinjve për ruajtjen e biznesit të tyre dhe krijimi e vendeve të qëndrueshme të punës”.  Jam krenar që jam pjesë e një institucioni që tregon se sektori i biznesit mund të ndryshojë dhe të ecë në hap me ato të vendeve më të zhvilluara. Shfrytëzuesit tanë po ndryshojnë perceptimin e sipërmarrësve të rinj dhe janë këto kompani që jo vetëm po i ndryshojnë ato, por tashmë po krijojnë histori globale të suksesit. FIZHT nuk është vetëm një institucion që ofron mbështetje financiare, por është një partner i vërtetë strategjik i start ap kompanive. Për gati katër vjet, kemi një rritje prej mbi 1500%, respektivisht nga 36 kompani të mbështetura në 2017, sot portofoli i FIZHT përfshin 559 kompani me një vlerë të përgjithshme prej 77 milionë euro. Nga këto, 305 janë start ap kompani me një bashkëfinancim total nga Fondi prej 17,3 milionë euro. Tashmë janë të angazhuar ose janë në proces të angazhimit të drejtpërdrejtë të projekteve mbi 10.000 persona, me një pagë mesatare prej mbi 40.000 denarë, që është gati 60% më e lartë se mesatarja e vendit ", tha drejtori i FIZHT, Petrov gjatë diskutimit.

Zëvendëskryeministri Bytyqi gjithashtu foli për lehtësimet tatimore dhe mbështetjen financiare për investime të reja, si një instrument për të mbështetur ekonominë. Ulja e tatimeve nuk duhet të shihet si një mundësi për kompanitë për t'u pasuruar, por si krijimi i mundësive për të rinjtë.

"Deri më tani, kur kemi biseduar për lehtësime tatimore dhe mbështetje financiare, kemi nënkuptuar lehtësime në lidhje me investimet në ndërtesa, salla, makineri, pajisje, por jo investime në njerëz. Tani, themi se kapitali më i vlefshëm që kemi janë njerëzit. Unë theksova javën e kaluar se kur bëhet fjalë për politikat tatimore, tatimet duhet të jenë të drejta dhe të krijojnë vlerë të shtuar. Ne do të hapim një diskutim për çfarëdo lehtësim tatimesh, nëse ato stimulojnë ciklet e zhvillimit. Besoj në ekonominë rrethore, besoj në krijimin e një zinxhiri të vlerave, kjo është mënyra e vetme për të krijuar vlerë të shtuar për gjithçka që kemi. Me ndryshimet e fundit në Ligjin për Mbështetjen financiare të investimeve, i cili është një nga ligjet kryesore për ristrukturimin e ekonomisë sonë, kemi shtuar dispozita që do të trajtojnë të gjitha investimet në burime njerëzore, rikualifikimin dhe rikualifikimin, trajnimin, edukimin si investime në kapitalin njerëzor do të mbështeten drejtpërdrejt financiarisht, jo me lehtësime tatimore, por me financa. Çdo kompani që hyn në ciklin e prodhimit të investimeve dhe ka investime në staf, do të mbështetet financiarisht nga shteti, vetëm në këtë mënyrë ne do të bëjmë një hap përpara për të mbështetur të rinjtë dhe njerëzit tjerë dhe për të ndaluar procesin e migrimit. Gjithashtu, ne kemi prezantuar një masë që i referohet zhvillimit të ekuilibruar rajonal, d.m.th. të gjitha investimet që do të realizohen jashtë rajoneve të zhvilluara do të marrin stimuj shtesë. U ofrojmë të rinjve mundësinë për të jetuar dhe punuar kudo që janë pa i detyruar të vijnë në Shkup ose në një qytet tjetër të madh dhe të kërkojnë punë”", tha zëvendëskryeministri Bytyqi dhe shtoi se Qeveria aktualisht po diskuton dhe gradualisht zvogëlon dhe shfuqizon tatim të të ardhurave personale deri në vitin 2023, për të punësuarit në sektorin e IT, me qëllim të arritjes së hapit të shpejtë me revolucionin e katërt industrial.

"Sektori i IT është një ato që ka rritje më të shpejtë. Pyetja është nëse ne në institucione kemi krijuar kapacitet adekuat që mund të ndjekë rritjen e sektorit të IT. Duhet të vendosim si vend nëse sektori i IT-së, i cili është kyç për industrializimin e katërt apo ndonjë sektor tjetër është më i rëndësishmi, sepse nuk mund të krijojmë staf në sistemin arsimor që kanë kualifikime të përgjithshme. Duhet ta bëjmë atë, për të krijuar staf profesional për nevojat e ekonomisë moderne. Kemi një model konkurrues për tërheqjen e investimeve, kurse politikat tona të investimeve do të përputhen plotësisht me politikat e Bashkimit Evropian, për të krijuar vlerë të shtuar," tha zëvendëskryeministri Bytyqi, duke diskutuar në panel.

 

 

 

Линк до видео од панел дискусијата на која учествуваа Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров:

 

Линк до видео со инсерти од настанот во организација на Албиз фондацијата:

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: