Вицепремиерот Битиќи на Балканска бизнис недела во организација на „Хајделберг институтот“ – Западниот Балкан е регион кој има голем потенцијал да стане особено привлечна дестинација за инвестиции

7 јуни 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на покана на „Институтот за менаџмент и бизнис Хајделберг“, се обрати на панел дискусијата „Економската ситуација во ЕУ, особено во Германија како земја партнер на балканските држави“, која се одржа преку видео конференциска врска, во рамките на „Балканска бизнис недела“, а на која покрај вицепремиерот учествуваа и министерот за финансии д-р Фатмир Бесими, гувернерката на НБРСМ, д-р Анита Ангеловска Бежовска, извршниот директор и претседател на бордот на директори на Стопанска банка, Диомидис Николетополус, заменик претседавачот на Комитетот за одбрана во Парламентот на СР Германија, д-р Карл Ламерс и претседателот на Хајделберг институтот, д-р Улрих Цајтел.

Вицепремиерот Биотиќи, во своето обраќање на панел дискусијата посочи дека битката со КОВИД-19 е сè уште присутна во сите земји во светот, пришто искажа оптимизам дека со процесот на имунизација, со сигурни чекори се пристапува кон економското закренување. Најголемиот предизвик во борбата со пандемијата, рече вицепремиерот, беше да се одржи стабилноста на здравствениот систем, а истовремено да се минимизират последиците од пандемијата врз економскиот систем и да се задржат работните места на граѓаните, што е и направено со имплементација на шесте пакета економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните.

„Во однос на економската стабилност, имаме добро закрепнување на извозот, поради фактот што Северна Македонија најмногу привлекува бизниси со средна големина, не многу големи, што пак овозможува економијата да биде избалансирана и бизнисите да можат да излезат лесно од кризата и да се фокусираат кон закрепнување. Би сакал да истакнам дека позитивни се индикаторите во секторот автомобилска индустрија, во фармацевтски материјали и делови за електрични возила, како и во извоз на ИТ софтвер и услуги. Просечната плата бележи пораст од 6,8% во март годинава, а индустриското производство забележа и пораст од 46,1% во април годинава. Критичарите ќе речат дека овој резултат е постигнат поради лошата основа за споредба од претходната година, но во споредба со истиот месец во 2019 година, што историски е најдобрата година за индустријата на Северна Македонија, индустриското производство во април 2021 година падна само за околу 7%, што укажува на тоа дека сè уште не сме го достигнале нивото на 2019 година, но трендот е нагорен и очекуваме да го достигнеме и надминеме нивото на 2019 година на почетокот на втората половина на 2021 година. Најновите податоци за вработеноста на крајот на првиот квартал од 2021 година се исто така многу охрабрувачки. Стапката на невработеност падна на историско најниско ниво од 16,0%, додека стапката на вработеност втор квартал по ред се зголемува од 46,8% на крајот на 2020 година, сега имаме стапка на вработеност од 47,1% или апсолутно бројки во текот на првите три месеци од 2021 година кога целата светска економија сè уште беше погодена од кризата КОВИД-19, во Северна Македонија се отворија околу 3.500 нови работни места“, нагласи вицепремиерот.

Битиќи кажа дека Владата на Северна Македонија во изминатите години работеше и продолжува посветено да работи на унапредување на регионалните и меѓународните односи.

„Со гордост можам да кажам дека бевме сведоци на драстични подобрувања во регионалните и меѓународните односи, и иако сè уште има простор за надминување на некои прашања, ние дефинитивно се движиме во вистинската насока. Денес сме членка на НАТО, на пат кон ЕУ, нашиот однос со Обединетото Кралство и САД е стабилен, нашата валута е стабилна. Овие факти се клучни фактори за инвеститорите и ние сме многу горди што она што некогаш беше наш сон денес е нашата реалност - стабилно опкружување погодно и многу привлечно за странските инвеститор“, додаде Битиќи.

Вицепремиерот зборуваше и за идните планови на Владата, пришто се осврна на „Интервентниот план за инвестиции“, со вкупна вредност од околу 8,1 милијарди евра, а со кој се планира реализација на клучни проекти за создавање на одржлива и брзо растечка економија.

„Го објавивме нашиот инвестициски план за следните седум години, кој вклучува 3,1 милијарди евра инвестиции во зелена енергија, 2,7 милијарди евра инвестиции во патишта и железничка инфраструктура, 800 милиони евра инвестиции во производството, 300 милиони евра инвестиции во малопродажба, 500 милиони евра инвестиции во јавното здравство, 500 милиони евра во инвестиции во локална / комунална инфраструктура и околу 200 милиони евра инвестиции во туризмот. Тоа се вкупно 8,1 милијарди евра инвестиции. Нашиот план за инвестиции во следните седум години е фокусиран, тој е план да станеме подобра земја со почиста и позелена средина, со подобрена инфраструктура и подобри патишта, со посилен јавен здравствен систем, со подобрена и иновативна комунална инфраструктура и подобар систем за управување со отпад, и конечно, попривлечна туристичка дестинација, бидејќи туризмот беше една од индустриите што влијае на многу вработени, но исто така и на секој граѓанин. Сето ова ќе ја зголеми конкурентноста на нашата земја и на економијата“, потенцираше вицепремиерот.

Битиќи информираше дека во подготовка е и Национална развојна стратегија од 2021-2041, која треба да ги одразува меѓугенерацискиот, родовиот, меѓуетничкиот, меѓупартискиот и долгорочниот консензус за приоритетите на Северна Македонија, со цел да се обезбеди инклузивен, зелен и одржлив развој за секого, особено за ранливите категории на граѓани.

„Овој проект исто така ќе ги открие и зајакне врските помеѓу сите други стратешки важни процеси што се случуваат во земјата, пред се интеграцијата во ЕУ и Агендата за одржлив развој 2030 и исто така ќе развие добра стратегија за комуникација и електронска платформа за вклучување на што повеќе клучни чинители во процесот. Во корелација со ова, би сакал да посветам извесно внимание на претстојниот проект на Единствен регистар на државна помош, што го започнавме на почетокот на оваа година. Регистарот на државна помош ќе биде единствената точка на контакт за информации за државна помош. Процесот ќе биде целосно дигитален и без хартија од почетокот до последната фаза - вклучувајќи информации, апликација и одобрување. Ова ќе придонесе за усогласување на планирањето и буџетирањето на државната помош. Компаниите и граѓаните ќе добијат транспарентен и отчетен систем на државна помош, со што ќе се минимизира субјективната перцепција и едностраната проценка“, информираше Битиќи.

На крајот на своето обраќање вицепремиерот ја истакна како клучна регионалната соработка помеѓу земјите од Западен Балкан, со крајна цел создавање на конкурентен и атрактивен регион за реализација на нови инвестиции.

„Би сакал да ја искористам оваа можност да го ставам во центарот на вниманието уште еднаш, важноста на обединувањето на Западен Балкан како еден регион, бидејќи силно верувам дека само заедно - можеме да постигнеме поголема конкурентност и да привлечеме повеќе инвестиции. Локацијата на Западен Балкан е многу привлечна, а овој регион има толку голем потенцијал да стане особено привлечна дестинација за инвестиции, но исто така заедно треба да работиме на создавање силни синџири на вредности и да го искористиме максимумот од нашата конкурентска предност, а тоа е близината од европските пазари.Поединечно, ние сме мали земји со големи аспирации, но заедно сме одличен регион со уште поголем просперитет. Заедништвото е клуч за успешноста“, заврши во своето обраќање вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

 

*****

Zëvendëskryeministri Bytyqi në Javën ballkanike të biznesit të organizuar nga “Instituti Haidelberg” - Ballkani Perëndimor është një rajon që ka potencial të madh të bëhet destinacion shumë tërheqës për investime

Zëvendëskryeministri i Qeverisë, përgjegjës për çështje ekonomike, koordinim me resorët ekonomikë dhe investimet, Fatmir Bytyqi, i cili me ftesë të “Institutit të menaxhmentit dhe biznesit Haidelberg”, iu drejtua panelit të diskutimit “Situata ekonomike në BE, veçanërisht në Gjermani si një vend partner i vendeve të Ballkanit” që u mbajt përmes video konferencës, në kuadër të “Javës ballkanike të biznesit”, në të cilën krahas zëvendëskryeministrit morën pjesë e dhe ministri i financave Dr. Fatmir Besimi, guvernatorja e BPRMV Dr. Anita Angelovska Bezhovska, drejtori ekzekutiv dhe kryetar i bordit të drejtorëve të Stopanska Bankës, Diomidis Nikoletopolus, zëvendëskryesuesi i Komitetit të mbrojtjes të Parlamentit të Republikës Federale të Gjermanisë, Dr. Karl Lamers dhe kryetari i Institutit Haidelberg, Dr. Ulrih Cajtel.

Zëvendëskryeministri Bytyqi, në fjalimin e tij në panelin e diskutimit, vuri në dukje se beteja me COVID-19 është akoma e pranishme në të gjitha vendet në botë, duke shprehur optimizëm se procesi i imunizimit, me hapa të sigurt, po i afrohet rimëkëmbjes ekonomike. Sfida më e madhe në luftimin e pandemisë, tha zëvendëskryeministri, ishte ruajtja e stabilitetit të sistemit shëndetësor, duke minimizuar efektet e pandemisë në sistemin ekonomik dhe ruajtja e vendeve të punët së qytetarëve, gjë që u bë duke zbatuar gjashtë pako të masave ekonomike për mbështetjen e ekonomisë dhe qytetarëve.

“Sa i përket stabilitetit ekonomik, ne kemi një rimëkëmbje të mirë të eksportit, për faktin se Maqedonia e Veriut më së shumti tërheq biznese të mesme, jo shumë të mëdha, gjë që lejon që ekonomia të jetë e balancuar dhe bizneset lehtë të dalin nga kriza dhe të fokusohen në rimëkëmbje. Do të doja të theksoja se treguesit në sektorin e industrisë së automobilave, të materialeve farmaceutike dhe pjesëve për automjete elektrike, si dhe në eksportin e softuerëve dhe shërbimeve IT janë pozitive. Rroga mesatare u rrit për 6,8% në mars të këtij viti, ndërsa prodhimi industrial u rrit për 46,1% në prill të këtij viti. Kritikët do të thonë se ky rezultat u arrit për shkak të bazës së dobët në krahasim me vitin e kaluar, por krahasuar me të njëjtin muaj në vitin 2019, që historikisht është viti më i mirë për industrinë e Maqedonisë së Veriut, prodhimi industrial në prill të vitit 2021 ra vetëm rreth 7%, që tregon se ne ende nuk kemi arritur nivelin e vitit 2019, por tendenca është në rritje dhe presim të arrijmë dhe tejkalojmë nivelin e vitit 2019 në fillim të gjysmës së dytë të vitit 2021. Të dhënat më të fundit të punësimit në fund të tremujorit të parë të vitit 2021 janë gjithashtu shumë inkurajuese. Shkalla e papunësisë ra në nivelin më të ulët historik prej 16,0%, ndërsa shkalla e punësimit për tremujorin e dytë me radhë u rrit prej 46,8% në fund të vitit 2020, tani kemi një normë punësimi prej 47,1% ose shifra absolute gjatë tre muajt e parë të vitit 2021, kur e gjithë ekonomia botërore ishte ende e prekur nga kriza COVID-19, në Maqedoninë e Veriut u hapën rreth 3.500 vende të reja pune”, tha zëvendëskryeministri.

Bytyqi tha se Qeveria e Maqedonisë së Veriut në vitet e kaluara ka punuar dhe vazhdon të punojë me përkushtim në avancimin e marrëdhënieve rajonale dhe ndërkombëtare.

“Mund të them me krenari se kemi qenë dëshmitarë të përmirësimeve drastike në marrëdhëniet rajonale dhe ndërkombëtare, dhe megjithëse ka ende vend për të tejkaluar disa çështje, ne definitivisht po lëvizim në drejtimin e duhur. Sot jemi anëtare e NATO-s, në rrugën për në BE, marrëdhëniet tona me Mbretërinë e Bashkuar dhe ShBA-të janë stabile, monedha jonë është po ashtu e qëndrueshme. Këto fakte janë faktorë kryesorë për investitorët dhe ne jemi shumë krenarë që ajo që dikur ishte ëndrra jonë sot është realiteti ynë - një mjedis i qëndrueshëm i përshtatshëm dhe shumë tërheqës për investitorët e huaj”, shtoi Bytyqi.

Zëvendëskryeministri gjithashtu foli për planet e ardhshme të Qeverisë, duke iu referuar “Planit të ndërhyrjes për investime”, me vlerë të përgjithshme prej rreth 8,1 miliardë euro, i cili planifikon të zbatojë projekte kryesore për të krijuar një ekonomi të qëndrueshme dhe me rritje të shpejtë.

“Shpallëm planin tonë të investimeve për shtatë vitet e ardhshme, i cili përfshin 3,1 miliardë euro në investime të energjisë së gjelbër, 2,7 miliardë euro në investime në infrastrukturën rrugore dhe hekurudhore, 800 milionë euro në investime të prodhimit, 300 milionë euro në investime për shitje me pakicë, 500 milionë euro në investime në shëndetin publik, 500 milionë euro në investime në infrastrukturën lokale / komunale dhe rreth 200 milionë euro në investime në turizëm. Kjo është gjithsej 8,1 miliardë euro investime. Plani ynë i investimeve për shtatë vitet e ardhshme është i fokusuar, është një plan për t’u bërë një vend më i mirë me një mjedis më të pastër dhe më të gjelbër, me infrastrukturë të përmirësuar dhe rrugë më të mira, me një sistem më të fortë të shëndetit publik, me infrastrukturë komunale të përmirësuar dhe inovative dhe një sistemi më të mirë i menaxhimit të mbeturinave, dhe përfundimisht, një destinacion turistik më tërheqës, sepse turizmi ishte një nga industritë që prek shumë të punësuar, por edhe çdo qytetar. E gjithë kjo do të rrisë aftësinë konkurruese të vendit tonë dhe ekonomisë”, tha zëvendëskryeministri.

Bytyqi informoi se po përgatitet një Strategji Nacionale e Zhvillimit 2021-2041, e cila duhet të pasqyrojë konsensusin ndërmjet gjeneratave, gjinive, ndëretnike, ndërpartiake dhe afatgjatë për përparësitë e Maqedonisë së Veriut, në mënyrë që të sigurojë një zhvillim gjithëpërfshirës, të gjelbër dhe të qëndrueshëm për të gjithë, veçanërisht për kategoritë e cenueshme të qytetarëve.

“Ky projekt gjithashtu do të zbulojë dhe forcojë lidhjet midis të gjitha proceseve të tjera të rëndësishme strategjike që ndodhin në vend, mbi të gjitha integrimin në BE dhe Agjendën për zhvillim të qëndrueshëm 2030, dhe gjithashtu do të zhvillojë një strategji të mirë komunikimi dhe platformë elektronike për të përfshirë sa më shumë faktorë kyçë në proces. Në korrelacion me këtë, do të doja t'i kushtoja pak vëmendje projektit të ardhshëm të Regjistrit unik të ndihmës shtetërore, të cilin e filluam në fillim të këtij viti. Regjistri i ndihmës shtetërore do të jetë e pika e vetme e kontaktit për informacionet e ndihmës shtetërore. Procesi do të jetë plotësisht i dixhitalizuar dhe pa letër nga fillimi e deri në fund - duke përfshirë informacionet, aplikimin dhe aprovimin. Kjo do të kontribuojë në harmonizimin e planifikimit dhe buxhetimit të ndihmës shtetërore. Kompanitë dhe qytetarët do të marrin një sistem transparent dhe të përgjegjshëm të ndihmës shtetërore, i cili do të minimizojë perceptimin subjektiv dhe vlerësimin e njëanshëm”, informoi Bytyqi.

Në fund të fjalimit të tij, zëvendëskryeministri theksoi bashkëpunimin kyç rajonal midis vendeve të Ballkanit Perëndimor, me qëllimin përfundimtar të krijimit të një rajoni konkurrues dhe tërheqës për realizimin e investimeve të reja.

“Do të doja të përfitoja nga ky rast të përqendrohem edhe një herë në rëndësinë e bashkimit të Ballkanit Perëndimor si një rajon, sepse besoj fuqimisht se vetëm së bashku - mund të arrijmë një konkurrentshmëri më të madhe dhe të tërheqim më shumë investime. Vendndodhja e Ballkanit Perëndimor është shumë tërheqëse dhe ky rajon ka një potencial kaq të madh për t'u bërë një destinacion shumë tërheqës investimi, por ne gjithashtu duhet të punojmë së bashku për të krijuar zinxhirë të fortë të vlerave dhe për të përfituar sa më shumë nga përparësia jonë konkurruese, e cila është afërsia e tregjeve evropiane. Individualisht, ne jemi vende të vogla me aspirata të mëdha, por së bashku ne jemi një rajon i shkëlqyeshëm me prosperitet edhe më të madh. Uniteti është çelësi i suksesit”, tha zëvendëskryeministri për çështje ekonomike Fatmir Bytyqi.

 

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: