18 јуни 2021
За време на службената посета на Швајцарската конфедерација, потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари работна средба со потпретседателите на Ре/Макс Европа, Курт Лукас и Адриан Бури.
Ре/Макс е американска интернационална компанија за недвижности со повеќе од 6 илјади канцеларии ширум светот.
Ре/Макс како една од најголемите, најреномирани и најуспешните компании, ќе го професионализираат пазарот со недвижнини во Северна Македонија и ќе воведат меѓународни стандарди во купувањето, продавањето и изнајмувањето на недвижности во нашата земја.
Дополнително, тоа ќе не стави на меѓународната карта за недвижности што пост-ковид ќе значи раздвижување и отворање на пазарот за недвижности и економијата целокупно.
На средбата вицепремиерот Битиќи ги потенцираше заложбите на Владата за одлучни економски политики во пост – ковид периодот кој ќе ја закрепнат и засилат економската стабилност на земјата.
Од друга страна пак, потпретседателите на Ре/Макс Европа, по првите разговори и донесувањето на одлуката за проширување во нашата земја во март 2020, на оваа средба потврдија дека продолжуваат со нивните намери, по скоро година пауза поради ковид, да започнат со работа.