7 јули 2021
Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и извршниот директор на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов денес на прес конференција ја промовираа новата, бескаматна кредитна линија Ковид 4, за која компаниите ќе може да аплицираат од 15-ти јули.
Вицепремиерот Битиќи, зборувајќи на прес конференцијата, потсети дека Владата досега има донесено шест сета мерки, со вкупна проектирана вредност од околу 1,1 милијарди евра, како директна помош за справување со последиците од корона кризата. Во рамките на тие мерки, беа спроведени и трите бескаматни кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојната банка на Северна Македонија, со кои се обезбедија ликвидни средства во вкупен износ од над 44 милиони евра, при што беа поддржани над 4 илјади компании кои вработуваат околу 37 илјади лица.
„Ковид 4 бескаматната кредитната линија, која денес ја промовираме, изнесува 615 милиони денари или околу 10 милиони евра, и со оваа линија ќе бидат поддржани микро, мали и средни трговски друштва од најпогодените сектори од КОВИД-19, од таргетираните дејности во делот на кредитокорисниците, занаетчиите кои плаќаат давачки на реален приход, трговските поединци и приватните здравствени установи. Износот на кредитот ќе биде дефиниран во зависност од бројот на вработените и падот на приходите, може да изнесува од 3.000 до 30.000 евра, роковите за отплата ќе се движат од 36 до 42 месеци со 12 месеци грејс период. Би сакал да укажам дека во оваа кредитна линија е овозможена и грант компонента до 50% од висината на кредитот, доколку корисниците ги исполнат потребните условите, а тоа е во 2021 да имат 5% повеќе вработени во однос на 2020 година и вкупните приходи во 2021 да се зголемени за 10% во однос на 2020 година или може да добијат грантови од 20% или 30% доколку е остварен еден од условите“, нагласи Битиќи.
Вицепремиерот соопшти дека во изминатитa година и четири месеци, вложи навистина сериозни напори, за да ги поддржи и да помогне на граѓаните и на стопанството, особено на оние најпогодените, со цел да го амортизира влијанието на пандемијата и да овозможи услови за што поскоро и побрзо закрепнување на домашната економија од последиците од глобалната криза. Воочуваме постепено и стабилно подобрување на економската состојбашто се отсликува преку повеќе макро економски индикатори.
„Повеќе статистички параметри кои укажуваат дека економијата оди во нагорна линија. Во последните три месеци, бележиме раст на индексот на индустриско производство и тоа во март за 7,6%, во април дури за 46,1% и во мај за 16,5% во однос на соодветните месеци во 2020 година. Меѓународата трговска размена бележи сериозен раст од 41,5%, во првите 5 месеци од 2021 година во споредба со истиот период лани, извозот расте со стапка од 44,3%, а покриеноста на увозот со извоз во овој период е 73,7%. Според податоците од Државниот завод за статистика, вкупниот број на вработени изнесува 793.121 лица, додека стапката на невработеност е стабилна и изнесува 16%. Просечната нето плата во април 2021 година изнесува 28.438 денари, што претставува раст од 10,1% во однос на април 2020 година и веќе сериозно се доближуваме до просечна плата од 500 евра“, презентираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими, посочи дека годинава ќе биде година на заздравувањето, по што Република Северна Македонија ќе се стреми кон остварување на приоритетните цели за забрзан раст и спроведување на европската агенда.
„Приоритетите кон кои е насочена Владата и Министерството за финансии е постигнување повисоки стапки на економски раст од 4% до 5% годишно, како и раст на платите за 20% до 30% на среден рок со цел подобрување на стандардот на граѓаните. Кон ова ќе целиме преку спроведување фискална политика на среден рок, која ќе биде насочена кон инвестиции, заздравување и одржлив раст и фискална консолидација. Од аспект на зголемување на инвестиците, во Министерството за финансии во финална фаза е Планот за финансирање на забрзан раст, кој има за цел да мобилизира дополнителен капитал и ги мултиплицира средствата за инвестиции преку ангажирање на приватен капитал. На тој начин побрзо ќе се постигне планирата развојна агенда ќе се задржи фискалната консолидација на јавниот долг и буџетскиот дефицит на среден рок и ќе се зголемат инвестициите во јавниот сектор и поддршката на инвестициите во приватниот сектор“, нагласи Бесими.
Министерот подвлече дека Значајна ликвидносна поддршка за заздравување од ефектите од Ковид -19 пандемијата за компаниите се исто така и 100-те милиони евра поволни средства од Европската инветициска банка за кои веќе е потпишан договор.
„Средствата се наменети за инвестиции или зголемување на потребите за обртни средства, а каматните стапки исклучително ниски. Еден од инструментите во Планот за финансирање на на забрзан рат е и Гарнатниот фонд преку кој ќе се спроведе државната гарантна шема. Гарантниот фонд ќе гарантира кредити до 500 илјади евра за микро, мали и средни претпријатија, како и големи трговци чии приходи по основ на извоз учествуваат најмалку со 30% во вкупните остварени приходи“, рече Бесими.
Директорот на Развојната банка Кире Наумов детално го презентираше јавниот повик и критериумите за компаниите во него при што посочи дека аплицирањето за оваа четврта бескаматна кредитна линија започнува на 15-ти јули од 09:00 часот.
„Со објавата на повикот за ,,Ковид 4” се стават на располагање уште 10 милиони евра за приватните субјекти кои во 2020 година имале најмалку 30% пад на приходите. За кредит од ,,Ковид 4” може да аплицираат субјекти кои не користеле средства од првата мерка од петтиот економски сет, односно мерката за финансиска поддршка за плати за февруари и март на Управата за јавни приходи, субјекти кои не користеле кредит од ,,Ковид 3” од Развојна банка и субјекти кои користеле кредит од ,,Ковид 1” и/или ,,Ковид 2”, но немаат неизмирени достасани обврски на денот на аплицирање“, презентираше Наумов.
Тој додаде дека документите кои се потребни да бидат поднесени при аплицирање се во голема мера идентични со претходните бескаматни кредитни линии, а задолжителните документи вклучуваат кредитно барање, ЗП образец и изјави кои може да се симнат од веб страницата на банката каде што е објавен и Јавниот повик.
*****
Zëvendëskryeministri Bytyqi, ministri Besimi dhe drejtori Naumov promovuan linjën kreditore Covid 4 - 10 milionë euro kredi pa interes janë vënë në dispozicion të ekonomisë
Zëvendëskryeministri i Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut, përgjegjës për çështje ekonomike, koordinim me resorët ekonomikë dhe investimet, Fatmir Bytyqi, ministri i financave Fatmir Besimi dhe drejtori ekzekutiv i Bankës për zhvillim të Maqedonisë së Veriut Kire Naumov sot në një shtyp konferenca promovoi linjën e re të kreditit, pa interes Covid 4, për të cilën kompanitë do të mun d të aplikojnë nga 15 korriku.
Duke folur në konferencën për shtyp, zëvendëskryeministri Bytyqi kujtoi se Qeveria deri më tani ka miratuar gjashtë lloje masash, me një vlerë totale të parashikuar prej rreth 1,1 miliardë euro, si ndihmë direkte në trajtimin e pasojave të krizës së Koronës. Në kuadër të këtyre masave, tre linja kreditore pa interes, Covid 1, 2 dhe 3, u implementuan nga Banka për zhvillim e Maqedonisë së Veriut, e cila siguroi mjete likuide në shumën totale prej mbi 44 milionë euro, duke mbështetur mbi 4 mijë kompani që punësojnë rreth 37 mijë njerëz.
“Sot, promovuam një linjë të re kreditore pa interes Covid 4, e cila arrin në 615 milionë denarë ose rreth 10 milionë euro, dhe kjo linjë do të mbështesë ndërmarrjet mikro, të vogla dhe të mesme nga sektorët më të prekur nga COVID-19, nga veprimtaritë e targetuara në pjesën e kredimarrësve, zejtarëve që paguajnë tatime mbi të ardhurat reale, tregtarëve individualë dhe institucioneve shëndetësore private.
"Linja e kreditit pa interes e Kovid 4, të cilën ne jemi duke e promovuar sot, arrin në 615 milion denarë ose rreth 10 milion euro, dhe kjo linjë do të mbështesë ndërmarrjet mikro, të vogla dhe të mesme nga sektorët më të prekur të KOVID-19, nga aktivitete në fushën e huamarrësve, artizanëve që paguajnë tatime mbi të ardhurat reale, individëve komercialë dhe institucioneve private të kujdesit shëndetësor. Shuma e kredisë do të përcaktohet në varësi nga numri i të punësuarve dhe rënies së të ardhurave dhe mund të jetë nga 3.000 deri më 30.000 euro, dhe afatet e pagimit do të shkojnë nga 36 në 42 muaj, me një grejs periudhë 12 mujore. Në të njëjtën kohë, mundësohet një komponentë granti deri më 50% të shumës së kredisë, nëse përfituesit e kredisë plotësojnë kushtet e nevojshme, që do të ketë 5% më shumë të punësuar në vitin 2021 krahasuar me vitin 2020 dhe të ardhurat totale në vitin 2021 të jenë rritur për 10% në raport me vitin 2020 ose mund të marrin grante prej 20% ose 30% nëse plotësohet një nga kushtet”, tha Bytyqi.
Zëvendëskryeministri tha se gjatë një viti e katër muaj të kaluar, ka bërë përpjekje vërtet serioze për të mbështetur dhe ndihmuar qytetarët dhe ekonominë, veçanërisht më të prekurit, në mënyrë që të amortizojë ndikimin e pandemisë dhe të sigurojë kushte për rimëkëmbje më të shpejtë të ekonomisë vendase nga pasojat e krizës globale. Shohim përmirësim gradual dhe të qëndrueshëm të situatës ekonomike dhe ekonomisë në vendin tonë, gjë që reflektohet në disa tregues makroekonomikë.
“Më shumë parametra statistikorë që tregojnë se ekonomia është në rritje.
Në tre muajt e fundit, shënojmë një rritje të indeksit të prodhimit industrial, në muajin mars me 7,6%, në muajin prill me 46,1% dhe në muajin maj me 16,5% ne raport me muajt përkatës në vitin 2020. Shkëmbimi tregtar ndërkombëtar shënon një rritje serioze prej 41,5%, në 5 muajt e parë të vitit 2021 krahasuar me të njëjtën periudhë të vitit të kaluar, eksportet u rritën me një normë prej 44,3%, dhe mbulimi i importeve me eksporte në këtë periudhë është 73,7%. Sipas të dhënave nga Enti shtetëror për statistikë, numri i përgjithshëm i të punësuarve është 793.121, ndërsa shkalla e papunësisë është stabile dhe është 16%. Rroga mesatare neto në muajin prill të vitit 2021 ishte 28.438 denarë, që është një rritje prej 10,1% krahasuar me muajin prill të vitit 2020 dhe tashmë seriozisht po i afrohemi rrogës mesatare prej 500 euro”, prezantoi zëvendëskryeministri për çështje ekonomike Fatmir Bitiqi.
Ministri i Financave, Fatmir Besimi, theksoi se ky vit do të jetë një vit i rimëkëmbjes, pas së cilës Republika e Maqedonisë së Veriut do të përpiqet të arrijë qëllimet prioritare për rritjen e përshpejtuar dhe zbatimin e agjendës evropiane.
"Prioritetet që synojnë Qeveria dhe Ministrinë e financave janë arritja e niveleve më të larta të rritjes ekonomike prej 4% në 5% në vit, si dhe rritja e rrogave nga 20% në 30% në periudhën afatmesme në mënyrë që të përmirësohet standardi i jetesës të qytetarëve. Ne do ta synojmë këtë duke zbatuar politikën fiskale në periudhën afatmesme, e cila do të synojë investimet, rimëkëmbjen dhe rritjen e qëndrueshme dhe konsolidimin fiskal. Sa i përket rritjes së investimeve, Ministria e financave është në fazën përfundimtare të Planit për financimin e rritjes së përshpejtuar, i cili synon të mobilizojë kapital shtesë dhe të shumëfishojë fondet e investimeve duke angazhuar kapital privat. Në atë mënyrë, agjenda e planifikuar e zhvillimit do të arrihet më shpejt, konsolidimi fiskal i borxhit publik dhe deficiti buxhetor do të ruhen në periudhën afatmesme dhe investimet në sektorin publik dhe mbështetja e investimeve në sektorin privat do të rriten ”, theksoi Besimi.
Ministri nënvizoi se mbështetja e rëndësishme e likuiditetit për rimëkëmbjen nga efektet e pandemisë Covid-19 për kompanitë është gjithashtu 100 milionë euro të fondeve të favorshme nga Banka evropiane e investimeve për të cilat tashmë është nënshkruar një marrëveshje.
"Fondet janë të destinuara për investime ose rritjen e nevojës për kapital qarkullues dhe normat e interesit janë jashtëzakonisht të ulëta. Një nga instrumentet në Planin për financimin e këstit të përshpejtuar është Fondi garantues përmes të cilit do të zbatohet skema e garancisë shtetërore. "Fondi garantues do të garantojë hua deri në 500 mijë euro për ndërmarrjet mikro, të vogla dhe të mesme, si dhe tregtarët e mëdhenj, të ardhurat e bazuara në eksport marrin pjesë me të paktën 30% në të ardhurat totale të realizuara", tha Besimi.
Drejtori i Bankës për zhvillim Kire Naumov prezantoi në detaje thirrjen publike dhe kriteret për kompanitë në të, duke theksuar se aplikimi për këtë linjë të katërt kreditore pa interes fillon më 15 korrik në ora 09:00.
"Me shpalljen e thirrjes për “Covid 4”, 10 milionë euro të tjera u vihen në dispozicion subjekteve private që në vitin 2020 kishin të paktën një rënie prej 30% të të ardhurave. Njësia ekonomike që nuk ka përdorur fonde nga masa e parë e grupit të pestë ekonomik, gjegjësisht masa për mbështetjen financiare të rrogave për shkurt dhe mars të Drejtorisë së të hyrave publike, subjektet që nuk kanë përdorur një kredi nga "Covid 4" mund të aplikojnë për një hua nga "Covid 3" nga Banka për zhvillim dhe njësitë ekonomike që përdorën një hua nga "Kovid 1" dhe / ose "Kovid 2", por nuk kanë detyrime të papaguara në ditën e aplikimit", prezantoi Naumov.
Ai shtoi se dokumentet që kërkohen të paraqiten gjatë aplikimit janë kryesisht identike me linjat e mëparshme kreditore pa interes, kurse dokumentet e detyrueshme përfshijnë një kërkesë kredie, formular PA dhe deklarata që mund të shkarkohen nga faqja e internetit e bankës ku është shpallur Thirrja publike.
Линк до видео од прес конференцијата на македонски јазик:
Линк до видео од прес конференцијата на албански јазик: